1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

dm маркети во другите градови низ Македонија

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од kate21, 10 ноември 2014.

  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.666
    Допаѓања:
    97.580
    Пол:
    Женски
    @mims-89 јас не говорев за Космо туку конкретно за ДМ Маркет.Настрана што ДМ прво ги пласира сопствените марки,Алверде и Балеа.А се друго што има е онака попатно.Во Космо не може да се купат нивните производи кои се по пристапни цени за разлика од се друго што има а е многу поскапо од други места.Ама како што велат покрај сувото и сировото гори,мислам на разликата во цените ако се разбираме.И не мислам дека отворањето на 20 маркети во Скопје е оправдано заради квалифицирањето на луѓето по нивната куповна моќ.Второ кириите во помалите градови се и помали од оние во Скопје,па ако рагледаш внимателно можеби моево мислење има смисла.Нека отворат 10 маркети во Скопје а другите 10 на пример низ поголемите градови-Куманово,Штип.Струмица,Битола...
     
    На Lella, Sunshine.Sunshine и kolovoz им се допаѓа ова.
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    @lunicka далеку од тоа дека нема смисла тоа што го пишуваш, јас баш се ориентирав и по марките на ДМ и затоа напишав дека од ситници не се прави бизнис. Јасно е дека сите купуваме од ДМ баш заради тие марки, јас им напишав забелешка во другата тема за ДМ дека сите останати производи кои не се нивна марка се поскапи од сите останати маркети и дрогерии-парфимерии, сите сме ја приметиле таа разлика.
    Знам дека во помалите градови изборот е многу мал, речиси и го нема, а од друга страна пак кога би имало ДМ сите ќе се фаќаат за производите кои коштаат околу 100-200 денари.
    Затоа и одвоив некои градови кои се добар избор за отварање дрогерија, Тетово - одличен избор, ја знаеме куповната моќ на Албанците и колку сакаат да трошат на козметика и парфеми. Битола е голем пазар, Битолчанките изгорени се по козметика и дотерување.
    Куманово е исто така ок пазар само што покрај Космото замисли дека во ДМ би се купувало само Балеа и Алверде и ништо друго, а за тоа не се исплати да се отвара цела дрогерија.
    Бидејќи во првиот пост спомна градови како Крива Паланка, Делчево, Кичево затоа и ти реплицирав дека навистина е неисплатливо да се инвестира тука па колку и да е ефтина киријата, за поголемите градови се согласувам. Добро што спомна @kolovoz за Штип, Кавадарци кои се во развој и плус имаат универзитет па се вртат доста студенти и таму.
    Да не ме сфатите погрешно, не мислам дека помалите градови не заслужуваат да имаат ДМ маркет туку сакав да дискутирам за тоа колку би било исплатливо.
    Скопје мислам дека има доволно ДМ маркети, во секоја населба ги има, навистина се достапни насекаде.
     
    На joy1, Adi888 и Doozy им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.666
    Допаѓања:
    97.580
    Пол:
    Женски
    @mims-89 зборуваме од различна гледна точка.Ти од точка на продавач јас како купувач, затоа ни се спротиставуваат гледиштата.Уште ова сакам да кажам дека и во Куманово има доволно албанци што ќе им ги полнат корпите.
    И така ,џабе дискутираме на оваа тема, секој менанџмент си има своја политика.
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    @mims-89 , грешно мислиш дека Космо Тинекс во Прилеп го затворија заради малата потрошувачка на нивниот асортиман, напротив, Космо беше посетена и активна дрогерија на почетокот, сите и се израдуваа, ама немаше внатре што да одбереш;)За три месеци освен неколку книги на една смотана сталажа, неколку парфеми без тестери и две арогантни продавачки кои од 8 работни часа ги минуваа цели 6 во пиење кафе, друго немаше што да понуди. Беше ли тоа грешка на менаџментот, или беше оставен тој што ја прибра како филијала па што и Господ дал тоа, не знам, ама битно не беше проблемот во потрошувачите. Ете го Тинекс работи со полна пареа, со продолжено работно време, нонстоп е преполн, зашто има огромен избор на производи, има атрактивна(ако не и најатрактивна локација) има културни и одмерени вработени:)Потрошувачите имаат право на избор. Не е точно дека ДМ како маркет нема да функционира во било кој друг град во МК. За секој производ има купувач. Лошо е кога си ограничен и сконцентриран само на главниот град, автоматски им препушташ добра заработка на конкурентите. Да не се сфатиме погрешно, во ред е тоа што најпрво се удри врз најнаселениот град, кај што има разна популација, ама мене ми е бесмислено да се отвораат Дм маркети на секој чекор само во СК, а потрошувачите од другите градови да не се земаат во предвид и покрај тоа што се изјасниле дека сакаат тие производи да им бидат достапни. Како и да е, си има луѓе кои се грижат за тоа, па се надевам дека ќе земат во предвид многу од информациите кои ги споделуваме на темава и ќе размислат за нашите предлози:) Крај краева, барем воведете нешто како испорака, па да пробаме како луѓе, мене ме фаќа завидлук кога читам по темиве:rofl:Се зафркавам секако:lol:
     
    На crazylady, Lella, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    @kate21 незнам, само претпоставив дека поради тоа што им е економски неисплатливо го затвориле, незнам која друга причина би имале ако имале заработка, продавачките какви и да се, ако има промет дуќанот ќе си стои. Друга оправдана причина за затварање на дуќан освен слаба заработувачка нема според мене, а плус и некако нагло им дојде тоа еден по друг ги затворија сите филијали и низ другите градови и затоа имам такво мислење.
    Инаку се согласувам со тебе дека кога веќе се шири бизнисот да не се концентрира само на едно место, затоа и напишав дека во Скопје веќе има доволно ДМ маркети, буквално во секоја наслеба има и баш се добро распространети па треба да размислат и за другите градви ако планираат да се шират повеќе. Само јас никаде не напишав дека нема да функционира во друг град ДМ, напишав во кои мислам дека не би функционирал, не само ДМ туку било кој друг ланец на парфимерии. Затоа и напишав дека само желбата на купувачите (неколку) не е доволна туку треба да се спроведат и подлабоки анализи на пазарот кои најверојатно веќе ги имаат и направено па затоа не им се брза за отварање нови продавници.
    И да како што кажа Луничка јас зборам од гледна точна на бизнисмен, а не од гледната точка на купувачот па се обидувам да најдам оправдување за тоа зошто не отвараат продавници и низ другите градови. :lol:
     
  6. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Во ред, точно е, затоа се прават истражувања на пазарот и се ставаат на маса сите позитивни и негативни страни додека да се најде решение исплатливо за сите:)Сега, тоа што нас ни одговара на сите, не значи дека му одговара и на одговорните по тоа прашање, затоа сме ние тука да дадеме предлог а тие да прифатат или не:lol:
    Патем, јас напишав за Прилеп, зашто веќе доволно сум запозната со тоа кој бизнис функционира или не(ај да не речам скрос, ама солидно), и знам дека во тој отсек би биле успешни, зашто како прво е голем град, како второ, има уште поголем број на купувачи, зашто тука пазарат луѓе од 4-5 општини, и трето, изборот на маалски парфимерии е голем, а на доброснабдени и целосно посветени е сведен на две- евентуално на три. Всушност, не дека ги нема, туку ете, за овие две марки посебно, речиси и да не постои женско лице кои не ги знае, не ги посакува и не бара начин да ги добие од по страна. И ќе бидам скромна, напротив, ќе кажам дека цената тука е пресудна, зашто со кавлитетот и широката понуда се ептен солидни:angel:.
    Се на се, се разбираме, исто зборуваме сите, сепак останува на менаџментот на ДМ да размисли дали ќе се шири, или сепак во фокус ќе го остави само главниот град( а се надевам да не:lol:). И како што кажа пред некој ден Сесилија, простете, ама сигурно не очекувате дека ние феминките од форумов ќе ја рашириме до толку инфорамцијата за вашиот формулар па ќе разберат оние кои имаат на располагање таков објект и ќе ви се јават. Сепак, вие сте тие кои одлучувате:)
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Секогаш ми нарачуваат од по другите градови, купи ми ова, купи ми она.

    Стварно не знам што не отворат ДМ и по другите маркети. Заинтересираноста е преголема !!!
    Не знаат кои пари ги губат, што чекаат.

    Јас само во ДМ пазарам, презадоволна сум од се. Порано од Германија ги нарачував по пријатели, таму има поголем избор, но сега сум презадоволна што ги има кај нас.

    Негативност е што ДМ ги скина помалите парфимерии (знам како е во оваа криза да се борат на пазарот).
     
  8. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    28.779
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш главниот град имал привилегии. На претходната страна една членка кажа каде има ДМ во Скопје и се фатив за глава.
    Точно дека таму има најмногу промет, ама навистина не е во ред целиот пазар да се концентрира само во еден град. Наместо толку многу ДМ маркети во Скопје, да ги отвореле во другите градови, ќе имало страшно многу повеќе промет.
    Ама нивна работа е дали ќе отворат или не, секако ние само бараме, а всушност тие губат не одговарајќи на барањата. И тоа со формуларот е чиста глупост и не верувам да функционира. Ако самите не најдат објект, глупаво е да чекаат на готово.

    Кога веќе во Скопје сте изнатрупале еден куп ДМ маркети, ептен сурово и незаинтересирано од вас е што не отварате и во другите градови. Не е само Скопје Македонија.
     
    На Црвче и joy1 им се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Во врска со муабетот од претходно, сакам да кажам дека не може да се изедначува ДМ со Космо, и поради затворањето на продавниците на Космо да се смета дека и ДМ нема да успее во другите градови низ земјава.
    ДМ не е само парфимерија, не продава само козметика, плус таа козметика што ја продава ексклузивно само во нивните продавници е многу поевтина од производите што се продаваат во Космо и можат да си ја дозволат речиси сите граѓани.
    Штом со години функционираат пример Тинекс и Кам маркетите низ другите градови, нема причина да не биде успешен и ДМ.

    Околу барањето на локации, еве јас се кладам дека да седнам сега на пазар3 или на реклама5 ќе најдам локации во сите градови што ви се таргетирани како потенцијални за проширување на мрежата.
    Фер е спрема граѓаните од другите градови да бидете поажурни околу ова, навистина е глупаво да се чувствуваат како луѓе од втор ред и да ги сметаат за луксуз производите од Балеа поради тоа што им се недостапни.
    Многу од тие граѓани кога имаат било каква обврска во Скопје доаѓаат во ДМ да си купат нешто од Балеа, Алверде, Катрис, итн, не дека не можат да живеат без овие брендови, туку нормално е дека секој го сака тоа што не може да го има, секогаш му изгледа поубаво, попривлечно.
    Со отварање на ДМ ширум Македонија, ќе се намали дел од прометот на ДМ во Скопје, бидејќи таквите потрошувачи ќе си купуваат во нивните градови, а и нивните роднини или пријатели од Скопје ќе се растеретат бидејќи нема веќе да примаат молби и да им вршат услуги да им ги купуваат и праќаат овие производи до нивните градови.
     
    На crazylady, kate21, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    ДМ и Космо имаат 80% вака грубо кажано исти производи. Се разликуваат само по Алверде, Балеа и уште некоја марка која ја има само во ДМ, несметајќи ги скапите брендови во Космо другото е се исто. Затоа ја направив таа споредба и затоа напоменав дека само заради Алверде, Балеа, Кетрис итн... да се отвоара цела дрогерија не се исплати. :) Тоа ќе се троши, а што ќе правиме во другите производи кои можат да се најдат по поголемите маркети во секој град како Нивеа, Лореал, Гарниер, Афродита штом во Скопје се поскапи во ДМ сигурно таа разлика ќе си остане и во другите градови... Или кога ќе се отвори сите на Балеа ќе се префрлите? Во другите градови можеби би било и поскапо заради трошоците за транспорт на робата која сигурно барем еднаш неделно мора да се дистрибуира, а никако не би било поефтино и покрај фактот што кириите се поефтини во другите градови.
    Затоа сметам дека споредбата е на место и во Скопје Космо се поефтини од ДМ да речеме дека и во другите градови имале исти цени, а не успеаа да опстанат и покрај големиот капитал на Тинекс кој можеше да ги одржува во живот и со минимална добивка.
    Од друга страна ако размислиме сигурна сум дека и во Германија, Австрија, Србија итн... во помалите градови нема, а не пак кај нас со нашите финансиски способности... Нелогично ми е да се отвараат ДМ и во другите градови освен поголемите што ги спомнав Битола, Охрид, Штип па и Тетово, ма да и за тие не сум баш оптимист. Освен ако би отвориле малечки продавници во кои би имале роба само на Балеа, Алверде итн (леле другиве марки не ги знам :lol:) односно роба што ја нема на друго место туку само кај нив, со нивните прифатливи цени за да не бидат во загуба со другите производи.
     
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Мимс, не се само овие три линии, што е со органската храна, производите за домаќинство, за бебиња...
    Плус, овде темата веќе не е дали се исплаќа да се отвори или не, тие како што објавиле на нивниот сајт имаат намера да се прошират, цитирам:" во следниве градови: Скопје, Струмица, Куманово, Велес, Прилеп, Битола, Охрид, Кавадарци, Гостивар и Тетово"

    Мислам дека она што пречи е тоа дека тие бараат сопствениците на објект со соодветни карактеристики да им пише нив, еве пак да цитирам: "Доколку поседувате простор кој ги задоволува нашите критериуми, Ве молиме да ни ја испратите Вашата понуда, основа/нацрт на објектот, фотографии од објектот, како и самата локација на објектот".
    Како што прочитав и тука на форумот, не знам точно од која членка, прашувале кога ќе се отвори во нивниот град, а Дм одговарал дека уште бараат соодветна локација, а вака според текстот на нивниот сајт испаѓа дека тие не бараат, туку чекаат нив некој да ги најде, па ако се случи тоа ќе отворат Дм, ако не никому ништо.
     
    Последна измена: 8 декември 2014
    На mims-89 и Lella им се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Добро тоа да, во никој случај не е за оправдување што чекаат локацијата да ги најде нив. Кога веќе решиле да се шират и во другите градови, сигурно си имаат направено соодветни анализи и истражувања на пазарот и они најсигурно си знаат дали ќе им се испалти или не. Јас си го кажав мислењето од општите информации кои ми се на располагање, не сум некој експерт или некоја компетентна личност за правење стручни анализи на пазарот, чисто ја земав во предвид економската моќ на населението и сличните продавници кои не успеале.
    Инаку знам дека имаат повеќе марки ама незнаев да ги набројам затоа ги набројав само тие две. Сепак стојам на моето мислење макар се работело и за 20 различни марки на ДМ. :)
     
  13. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    28.779
    Пол:
    Женски
    @mims-89 , претпоставувам дека си од Скопје, затоа и толку не сакаш да отворат во другите градови.
     
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Глупости.
    Зошто мислиш дека несакам? Што ми менува мене во животов дали ДМ има продавници во сите градови или не? Напишав неколку мислења поназад да не ме сфати некој погрешно дека не ми е тоа поентата на мислењата туку малку се обидувам да разјаснам зошто нема ДМ во сите градови, а не дека јас несакам да има. Зборам реално од аспект на бизнисмен кој треба да одлучи дали да инвестира во други градови или не, а не од аспект на купувач кој по секоја цена сака во неговиот град да има маркет и притоа не размислува дали тоа би му се исплатело на инвеститорот, затоа што не е толку просто и едноставно.
    Ко од мене да зависи дали ќе отвараат и во други градови или не :D.
     
    На simoncelicius и sesilija им се допаѓа ова.
  15. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.281
    Допаѓања:
    28.779
    Пол:
    Женски
    @mims-89 Да, да, знам што сакаш да кажеш.
    Ама упорно тврдиш дека немало да има промет ако отворат во другите градови. Точно дека нема да има толку многу како во Скопје, ама ќе има, верувам.
    Ти бидејќи си од Скопје (претпоставувам) мислиш дека не се исплаќа во другите градови.
    Јас не сум, и ќе ти речам: И тоа како ќе се исплати. Во Струмица можеби не толку многу, ама верувам дека во Битола и Велес сигурно ќе се исплати.
    Еве конкретно за Струмица, имавме Космо, ама не дека имаше нешто во него, го затворија. И тоа од истите причини кои ги наведе една феминка погоре: едноставно не функционираше, не беше убаво местото, многу беше тесно, тестери немаше, едноставно не беше во ред.
    И сега освен Диор и уште некоја парфимерија немаме во Струмица од каде да купуваме. Секаде добро би дошол ДМ, и би се исплатило. Ако не друго, зар не гледаш колку многу е баран во другите градови.
    А за незаинтересираноста на ДМ, тоа е друга приказна.
     
  16. joana18

    joana18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    430
    Допаѓања:
    250
    Сакаме ДМ во Штип !
     
  17. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас навистина би сакала да е така како што тврдите и навистина би сакала да се отвори и да се докаже спротивното.
    Ама тука доаѓа уште еден факт, зарем само тоа што несакаат сами да си побараат локација ги спречува во отварањето или можеби и некои други социо-економски фактори? :?:
    Нека, живи били па видели. :)
     
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Мислам дека @dm drogerie markt треба да се изјаснат поконкретно на темата, да не си правиме вака хипотетички муабети и анализи.
     
    На kate21 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Драги феминки, со огромно задоволство сакаме да ви најавиме дека наскоро и Велес ќе го добие својот dm :).
    За конкретни информации кога точно ќе биде отворањето ќе мора да продолжите да не следите, засега ве дрижме во неизвесност ;).
    Она што е сега важно е дека бараме зајакнување на нашиот тим!
    Отворени се огласи за нови работни позиции во Велес, за кои можете да аплицирате на следниот линк http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/zaposlenje/otvoreni-konkursi/
    или на е-маил адреса info@dm-drogeriemarkt.mk.

    Огласите ви ги доставуваме и како прикачени фајлови.

    Однапред се радуваме на новите колеги :)
     

    Прикачени фајлови:

    На nice-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Vi blagodaram za odgovorot bi mi bilo drago da slusnam deka i Bitola gradot na konzulite ke dobie eden vakov market,i ve zamoluvam da ja razgledate taja moznost 2grad po golemina se racuna vo drzavata i se nadevam ke razmislite da dojdite i kaj nas vreme e
     
    На Adi888, Cat.G и softy1 им се допаѓа ова.