dm маркети во другите градови низ Македонија

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од kate21, 10 ноември 2014.

  1. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    22.969
    Пол:
    Женски
    Ве покануваме во Прилеп. Недостига маркет од Вашиот профил
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.250
    Допаѓања:
    2.091
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден поминав покрај новиот ДМ во Велес, преубаво е, преголемо .. неможам да дочекам да се отвори.

    п.с. @dm drogerie markt ве молам известете не за точниот ден на отворањето :*
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.250
    На претходната страница имаат напишано дека доколку се' оди по план, отварањето ќе биде на 26ти февруари.
     
    На Sw3et.Ang3l му/ѝ се допаѓа ова.
  4. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.473
    Драги наши, дефинитивно потврдуваме.
    Отворањето во Велес ќе биде во четврток 26.02.2015 од 09 часот.
    Исто така ве информираме дека на денот на отворање покрај големи ценовни поволности и попусти, во период од 17 до 18 часот на каса ќе имате можност да ве услужи пејачот Мики Секуловски а прометот направен во тој период ќе биде дониран во Општата болница во Велес.
    Ве очекуваме на заедничко дружење :)
     
    На Love86, Umbrella22, b.u.tt.e.r.F.L.Y и 9 други им се допаѓа ова.
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.294
    Допаѓања:
    28.339
    Пол:
    Женски
    @dm drogerie markt Почитувани, може ли да ја откриете локацијата?
     
  6. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    @poenta во ВеМол ќе бидат (поточно во поранешниот Тедико маркет во НА-МА)
     
    На Sw3et.Ang3l и poenta им се допаѓа ова.
  7. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.473
    Така е :)
    Локацијата е ул. Маршал Тито бр.1 - старата стоковна куќа или сега познато како Vemall
     
    На nice-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.473
    Драги наши,
    со огромно задоволство ве известуваме дека во четврток на 26.02.2015, од 09 часот, ја отвораме нашата прва продавница во Велес, ул. Маршал Тито бр.1- Vemall, Стара стоковна куќа.
    На денот на отворање ви приредивме:
    -50% попуст на одредени производи
    -30% на Nivea производите
    -во период од 14 до 17 часот забава за најмладите со facepainting во придружба на Мики Маус и уште многу други ликови од цртаните филмови :)
    - за секоја сметка ви доделуваме dm советник за правилна нега на лице

    Во период од 17 до 18 часот на каса ќе ве услужи пејачот Мики Секуловски, а прометот направен во тој период ќе биде дониран во ЈЗУ Општа болница во Велес.

    За повеќе информации посетете не на
    www.dm-drogeriemarkt.mk
    www.facebook.com/dm.Makedonija

    Letak-za-otvaranje_2015_fevruari_fin(k)-1.jpg Letak-za-otvaranje_2015_fevruari_fin(k)-2.jpg Letak-za-otvaranje_2015_fevruari_fin(k)-3.jpg Letak-za-otvaranje_2015_fevruari_fin(k)-4.jpg
     
    На Sw3et.Ang3l, lovelygirl39, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.766
    Допаѓања:
    22.969
    Пол:
    Женски
    Се уште ли нема најава за Прилеп?
    ?? Луѓе една нормална продавница од ваков тип нема... Уште ли шампони и кремови да порачуваме од други градови ко од странство да ни носат... :(:(:(
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.473
    И ние би сакале што поскоро да отвориме наши продажни објекти и во Прилеп. Постојано сме во потрага по нови локации во повеќе градови низ Македонија. Доколку имаш информации за некоја локација која се издава во Прилеп можеш да ни ги пратиш на marija.miloseska@dm-drogeriemarkt.mk или директно преку формуларот поставен на веб страната
    http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/dm_filialen/dm_expansion/
    Така ќе ни помогнеш што поскоро да дојдеме и во твојот град :)
     
    На crazylady и victoria им се допаѓа ова.
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.886
    Пол:
    Женски
    ДМ нема да е лошо да може да се купува и online има многу девојки што не се од Скопје или Велес а ги обожаваат производите на Balea..:angel:
     
    На Ygritte, joy1, BloodElf и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Deniel23

    Deniel23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    5
    Ве чекаме во Кавадарци. Сите Кавадарчанки знаат за вас и редовно купуваат од вашите производи. Ако отворите во Кавадарци, ете јас си земам за обврска да ве изрекламирам :):):):)
     
  13. love-14

    love-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    13
    чекаме и во куманово,кумановчанки обажаваат шминки дотерувања и такви работи :D:lol::sun::makeup:
     
  14. Veki4kaa

    Veki4kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    4.324
    Допаѓања:
    11.989
    Пол:
    Женски
    И во велес отворија ама незнам дали ќе биде за долго време отворен, се си мислам дека нема дека ќе го затворат :D
     
  15. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    3.313
    @dm drogerie markt Почитувани имате ли во план да отворите и во Куманово, имате преубави производи кои редовно ги користиме, ама мора нели да одиме во Скопје за да се снабдиме со истите?
    За разлика од конкуренцијата имате многу поубави и поефтини производи.
    Повелете, Ве чекаме! :* ;) :hai:
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.026
    Допаѓања:
    91.534
    ДМ затоа што редовно ви оставам доста пари, мислам дека е редно време да ме почастите со едно вредно пакетче алверде, вака нескромно, ама од се по малце и по нешто да се порадувам за својата лојалност :D
    Какви-такви, јас не ги одминувам никогаш и ... си оставам парички, особено на алверде, за лице линијата со роза плус гелот со алги за миење лице, а се останато како ми дојде се частам со млека за тело, путери и масла. Јас се уште не сум нашла нешто што нечини.
    И да ве замолам да си ја обновите декоративната козметика од алверде. Искрено, баш таа може да се мери со други органски, вегански и не знам веќе какви декоративни козметики. Проверено и докажано.

    И ако ви подзамирисуваат производите од оваа колекција драги феминки, тоа значи дека не ги чувате на константна температура.

    Ау да, и прехранбените производи тук и таму. Тоа пестото ме бендисува и кремот.
    И Фрош средството од лаванда. Би се мачкала со него од што ми мириса пријатно.
     
    На dm drogerie markt и Annath им се допаѓа ова.
  17. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.473
    Драга наша, секако дека и Куманово е дел од нашите идни планови. Постојано сме во потрага по нови објекти како во Скопје така и во останатите градови во Македонија. Доколку имате информации за објект кој се издаава во Куманово можете да го пополните формуларот и да ни помогнете да го донесеме dm и во вашиот град :)
    http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/dm_filialen/dm_expansion/
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    5.171
    Пол:
    Женски
    @dm drogerie markt Isto taka ova vazi i za Bitola vtor grad po golemina e vo drzavata mislam deka e zalosno sto do sega nemate otvoreno kaj nas market,se nadevam deka seriozno ke razmislite deka e vreme gradot na konzulite da dobie vakov market...
     
    Последна измена: 20 април 2015
  19. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.473
    Се согласуваме и навистина би се радувале да отвориме наш продажен објект и во Битола.
    Еве го уште еднаш и формуларот со услови кои една локација треба да ги поседува за да може да биде нареден dm продажен објект http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/dm_filialen/dm_expansion/
    Се надеваме дека наскоро ќе имаме прилика да бидеме поблиску и до битолчани :)
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Само да изразам благодарност и поддршка за постоењето на ДМ маркетот во Велес, на едно место имаш се, цените се пристапни, персоналот услужлив, и од таа причина не верувам дека ќе се затвори :) Go go DM :D
     
    На dm drogerie markt му/ѝ се допаѓа ова.