Драга наша, секако дека и Кичево може да биде град во кој би се отворил наредниот dm маркет Доколку имаш информација за локал кој се издава, а ги исполнува условите кои треба да ги поседува можеш да ни пратиш информации пополнувајќи го формуларот http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/dm_filialen/dm_expansion/ Те поздравуваме.
Мене не ми е јасно - зошто чекате некој да ви бара локација ако сакате да се проширите во други градови? Па да земам да проверувам дали локалот кој го предлагам исполнува услови... не ми паѓа на памет.
Тоа го зборев уште на почетокот на темата. Кога ќе го видам нивниот одговор на ова прашање (овде или на фб) почнувам да превртувам очи- некој си прашува кога ќе отворат во неговиот град, а тие веднаш му праќаат линк и му велат да им помогне да најдат објект со сите потребни карактеристики . Ептен несериозно и непрофесионално ми делува ваквиот потег.
Драга наша, погрешно не разбра или можеби и ние погрешно се обративме. Како дел од нашата структура постои посебен сектор кој се бави исклучиво со пронаоѓање на нови локации на територија во Македонија. Формуларот постои за официјални дописи од закуподавци кои располагаат со одредени објекти, а истиот секогаш го комуницираме со нашите потрошувачи, фанови и пријатели на сите наши канали поради можноста било кој вас да се најде како посредник во пронаоѓање на нова локација и поради честите прашања каде да се обратат за да достават вакви информации. Никако не ни е намера да било кој од вас тоа го свати како обврска или очекување на dm, повеќе е само за информација
Bas bi sakala dm vo bitola Posebno sum zaineresirana za proizovi na alnatura ,mozebi imate zastapnik vo bt a jas da ne znam? Pozdrav
Единствен застапник на Alnatura за сега е dm. Се надеваме дека наскоро ќе имаме можност да отвориме наш продажен објект во Битола и на тој начин ќе иамте можност да ја користите органската храна од Alnatura и останатите добавувачи. Убав ден
Здраво, за сега само само во dm Австрија е застапена понудата за online купување. Во наредниот период сигурно нивното искуство ќе биде пренесено и во останатите dm земји, па постепено сите ќе имаме можност ова како можност да им го понудиме на нашите потрошувачи . Ти посакуваме убав ден
Сеуште немаме отворено dm продавница во Штип, но се надеваме дека многу наскоро ќе имаме прилика да дојдеме и во вашиот комшилук . Доколку имаш информација за слободен локал кој би ги исполнувал условите да биде нов dm локал би можела да ни пратиш информации на следниот линк и да ни помогнеш да го донесеме dm и во Штип http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/dm_filialen/dm_expansion/
Мислам дека дефинитивно треба да ве има во Струмица. Се надевам дека сите струмичанки на форумот ќе се согласат со оваа!!!
И ние се согласуваме . Работиме на понатамошно проширување на продажната мрежа на dm, би се радувале доколку токму Струмица биде наша наредна локација. Те поздравуваме, убав викенд.
Еднo прaшaње дo Дм! Дaли сaмo сaкaте дa се прoширите и вo други грaдoви или веќе рaбoтите нa тoa, бидејќи еве скoрo некoлку месеци сaмo oдгoвaрaте декa би сaкaле дa се прoширите, нo ништo oд тoa?!
Срамота е да нема ДМ во вториот најголем град во Мк - Битола Побрзајте со маркет кај нас битолчанки нестрпливо чекаат!
Драга наша, секако дека работиме на тоа бројот на продажни локации на dm да го зголемиме, како во Скопје така и во останатите градови во Македонија. Оваа година прославивме 3 години во Македонија. За овие 3 години ние сме среќни што бројот на отворени продажни локации изнесува 9. Од вкупно 9, 7 продажни локации се во Скопје но успеавме да направиме своја експанзија и во другите градови со отворање на 1 продажен објект во Велес и 1 продажен објект во Тетово. Со истиот интензитете продолжуваме и понатаму, се поблиску до сите наши потрошувачи