dm на Фемина: консултации, подароци, рецензии

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од dm drogerie markt, 10 ноември 2014.

  1. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Драга наша, во моментов овие пелени ги има во нашите филијали на ул. Даме Груев бр.7, во ГТЦ и ТЦ Капитол Мол. Во исчекување сме на нова испорака од пелените но дотогаш за вас обезбедуваме неколку пакувања кои ќе ви бидат донесени во филијалата во Тетово во среда.
    Се надеваме дека ти помогнавме :)
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  2. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Драга наша, на декларациите од производите е нагласено дека рокот на употреба на производите е втиснат на самото пакување од производот. Сигурно истиот е обележан и на вашиот производ.
    Имаме неколку производи од Alnatura со овес па во моментов не сме сигурни точно за кој производ станува збор, но во секој случај на сите производи е означен рок на употреба, а како станува збор за храна истата се препорачува да не се чува долго време отворена.
     
  3. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
    Еве за кој производ станува збор.
    IMG_6655.jpg
    Јас не прашувам за рокот на траење, туку за колку време производот треба да се употреби откако ќе се отвори. Вие во вашата декларација имате нагласено дека отворениот производ треба да се употреби во краток рок. Колкав е тој рок? Како можете вакви декларации да пишувате не ми е јасно? Јас овесов го употребувам за детето! Од каде да знам колкав е тој краток рок! Релативна работа е тоа. Она што за мене е кратко, за вас би било долго и обратно. Токму затоа сметам дека треба да имате точно определен временски период, а не вака кој како си сфати.
    Гледам дека ќе треба да ве пријавам во инспекција, бидејќи вакво нешто е недозволиво.
     
  4. Deemy

    Deemy Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    689
    Допаѓања:
    7.296
    Пол:
    Женски
    @dm drogerie markt Не одговоривте зошто го нема повеќе тука овој пилинг?Исто така и шампонот на Baby love веќе долго време го нема воопшто,а и тој не е повлечен од продажба само се сменети амбалажите на цела колекција и останатите производи ги има,само шампонот не.
     
  5. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Мислам дека претеруваш :) Исто како и млекото кога ќе го отвориш сигурно не го трошиш за 1 ден или 1 час,може да стое и 1 недела отворено иако после отварањето е најдобро да се испие во најскор можен рок.Така и ова,сигурно со тоа што е назначено дека треба да се искористи за краток период не се мисли на 2-3 часа туку денови,па и недела.А сигурна сум дека и после месец дена да се јаде повторно,нема да му фали апсолутно ништо.Може да биде само омекнато ништо друго :) Не го пишувам оваа за да се карам :hug:
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
    Ова за мене ли се однесуваше?
    Како бе така? Сите сериозни произведувачи имаат нагласено точен рок до кога да се употреби производот откако ќе се отвори? Тие глупави ли се?
    Ти на твоето дете давај му и после 3 месеци ако сакаш. Јас сакам производот да го користам во рокот кој го предвидел произведувачот. Тука тоа не е точно одредено. За ваков пропуст треба да се сноси одговорност. Толку.
     
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.014
    И јас сега погледнав на официјалната страница на алнатура.
    Стоеја секакви информации за продуктот, но не е на твоето поставено прашање @An-na :(. Прочитав дека го користиш производот за бебче, па разбирливо дека ваков вид на информација ти е многу важна.

    Мислам дека доколку не се најде некој од надлежниве да одговори на прашањето, треба барем да исконтактираат прехрамбен технолог, инжињер.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Не прочитав дека е за детето,разбирам дека си загрижена.Но од сопствено искуство знам дека колку и да ми стојат тие продукти ништо не им фали.Поздрав до тебе :)
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Katina007

    Katina007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2014
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    358
    Пол:
    Женски
    bild-alverde-duschpeeling-kokosraspeln-lotusbluete-data.png
    :inlove:
     
  10. Ducky

    Ducky Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2010
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    1.633
    Пол:
    Женски
    Не сум човек што обично пишува вакви постови по форуми, ама ова морав да го кажам.

    Прво, како е можно штандовите на еден од најпосетените маркети во Сити мол да ви се секогаш празни? Живеам во близина и често го посетувам маркетот надевајќи се дека ќе ги најдам некои од омилените производи кои досега ги купував кај вас (кои не се лимитирана колекција) и секогаш излегувам разочарана од продавниците. Кога сме кај празните штандови, нови колекции носите најмалку 5-6 месеци откако ќе излезат. Еве за пример ќе ги земеме Есенс, кои секаде низ светот го променија цел асортиман, а кај нас треба да се порадуваш ако најдеш неотворена маскара или можеби лак за нокти кој не се раздвоил од што е стар! На официјалната страна пишуваат за нови колекции кои треба да излезат кај нас, а не се ни појавиле (или можеби догодина ова време?).

    Кога веќе почнав да пишувам, да ги спомнам и вработените. Кога во продавницата има 3-4 купувачи, некој постојано те ДЕМНЕЕ, за секое подзастанување ти се доближува се повеќе и повеќе, а не дај боже да го допреш, тогаш исто како да си го украл. Ваквото следење на секој чекор, верувам дека не ги спречува оние што намериле да крадат, туку ги прави уште попретпазливи, додека поштените купувачи само побрзо ќе си излезат и ќе најдат маркет во кој нема да ги третираат како крадци.
    Од друга страна пак кога има поголема гужва и на каса чекаат 10 души, никогаш нема касиер за да ти наплати бидејќи се зафатени со детективската работа.
     
    На lovelife, staymotivated, barbiegirl.24 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Дрга наша, се обративме директно кај производителот на Alnatura со цел да добиеме што поконкретна информација. Производот може да се користи односно ќе биде исправен до рокот кој што е означен на пакувањето, но како е храна во прашање навистина е исклучително важно отворениот производ да се чува исправно, односно да е добро затворен и поставен на суво место заштитено од топлина. Овие фактори играат голема улога во исправноста на еден производ па конзументите мораат да внимаваат на тоа.
    Препораката производот да се употреби во краток рок е само од претпазливи причини, како е невозможно да се утврдат навиките на конзуметнтите како ќе го третираат отворениот производ. Препорака за секој производ кој е прехранмбен е пред да се конзумира секогаш да се провери изгледот, миризбата и вкусот на производот.
    Ви посакуваме убав ден, за дополнителни прашања ви стоиме на располагање.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Драга наша, во изминатиот период поради немилата ситуација во која се најдоа нашите колеги од Србија со целосно горење на магацинот, со проблематика во снабдување со роба за жал се најдовме и ние. На решавање на проблемот активно се работеше па за наредниот период можеме да кажеме дека очекуваме нормална достава на роба на сите редовни артикли од брендовите на dm марка.
    За колекцијата на essence немаме ние директно влијание врз брзината на простигнување на новите колекции. Сите брендови кои не се дел од нашите марки се ставаат во продажба во нашите маркети веднаш штом пристгне известување за нивната достапност од страна на нивните официјални добавувачи или дистрибутери.
    Конкретно за услугата, ви благодариме што го споделивте со нас вашето искуство. Она што можеме да го ветиме е дека продолжуваме понатаму со едукација на нашите вработени со посебен акцент на љубезноста и квалитетот на услуга кон нашите потрошувачи, како основа и фокус на целото наше работење.
    .
     
  13. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Здраво alverde пилингот кој беше активен повеќе го нема во продажба, но истиот пилинг со кајсија и невен повторно ќе го добиеме со поголема милилитража. babylove излезе со сосема нов производ кога станува збор за бебешко шампонче и истиот е планиран да биде достапен и во Македонија во наредниот период.
    За најдоцна 1 месец и двата производи ќе бидат достапни во продажба во нашите филиајли.
    bild-babylove-dusche-und-shampoo-data.png bild-alverde-peeling-aprikose-calendula-data.png
     
    На Deemy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Во кој маркет може да ги најдам кремиве? Три пати проверив во ГТЦ, Капитол и Веро и никаде ги немаше..

    [​IMG]
     
    На Avokado му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.435
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.435
    Дали во маркетот во Велес има производи од Catrice ?
    Се извинувам што пишувам пост врз пост
     
  17. Avokado

    Avokado Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2014
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    367
    I mene toa me interesira... Do dusha mi kazaa deka bile limitirani i deka nema da dobijat. Sakav da prasham koja e vsushnost taa krema ne mora vo tkvo pakovanje samo taa mi gi pravi meki i nezni racete kako niedna druga. Ve molam za odgovor.
     
  18. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    @dm drogerie markt ве молам кажете ми каде можам да најдам од цуцливе? Бебето не прифаќа други а веќе е зависна од овие. Проверив во Дм во веро и капитол и персоналот не ни знаеше дека веќе не ги добивате. Рекоа дека го има тоа што е изложено :?: Дали може да проверите дали има во некоја од вашите доргерии од цуцлите. И во која. Итно ми треба :( и да не случајно новите цуцли се исти како овие со сменет изглед(пластика)? Пишува на нив 5-18 па некако чудни ми беа...

    [​IMG]
     
  19. barbiegirl.24

    barbiegirl.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2014
    Пораки:
    804
    Допаѓања:
    4.454
    Пол:
    Женски

    Го делам истото мислење. Особено во Капитол во ДМ пред некој ден страшно ме изнервира таа од обезбедувањето. Буквално ми висеше над глава, ми коментираше глупости, како не смеам да пробувам ништо освен тестери и откако и покажав дека всушност од тестерот пробувам се тргна. После пак кружеше околу мене и другарките, не напна премногу. Дури на едната другарка и отиде на каса и ја праша дали го купила карминот што го разгледуваше и се запрепастивме. Буквално не третираше како крадци и не можевме на раат да разгледаме ништо. Слични ситуации со вработените и во Веро и Бит пазар...губам желба да влезам и да си купам нешто од што ме демнат од сите страни.
     
    На Ducky му/ѝ се допаѓа ова.
  20. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Драги наши, овие креми од Balea беа Limited Edition и количините се веќе потрошени. Добра вест е што од неодамна добивме уште една варијанта од овие креми од која сеуште има количини во сите наши филијали со исклучок на филијалата на Бит Пазар и Палма Мол во Тетово
    bild-pflegecreme-sail-away-data.png
     
    На koritsaki, Mishela, Elena69221 и 1 друга личност им се допаѓа ова.