1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

dm на Фемина: консултации, подароци, рецензии

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од dm drogerie markt, 10 ноември 2014.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ставете ги на поголем попуст производите на Катриц козметиката.
     
    На kolovoz и ivancekitty им се допаѓа ова.
  2. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    ГОлемо браво за маркетите, но неколкупати имаме забележано дека соиното млеко со вкус на чоколадо е скиселено-расипано иако рокот на траење (барем според тоа што го пишува) официјално не е поминат. Цената е околу 100 ден. и колку што имаме забележано тој тип го има само во DM. Обрнете внимание при транспорт и чување во магацините.
     
  3. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Дали некогаш ќе ги вратите чоколадните колекции ? :wasntme:
    Мислам на sweet wonderland, лабелата, млеката и спрејовите...
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.736
    Пол:
    Женски
    Сакам да ве прашам дали знаете што ви се случува во продавницата во Сити Мол? Дали знаете дека на пола и поише од декоративната козметика немате тестери и дека вчера изгубивте еден верен потрошувач. Влегов да купам неколку производи и откако убаво ја наполнив корпата запнав за еден камуфлажер и мус на Катрис, ја замолив културно девојката која работи таму да ми даде тестер или да го најде каде е и ми ги собра рамената и ми рече нема девојче, побарав одговорен за салонот и тоа немаше, не била тука, побарав да ми дозволат, значи не како останатите некултурно да отворам без да прашам, да пробам не ми дозволија, што е нормално. Па поради тие два производа оставив се во корпата, се што имав испазарено чинеше најмалку 3 000 денари, пазарев заедно и со мајка ми и таа ги остави нејзините работи, и никогаш повеќе нема да влезам во ниедна ваша продавница. Ми се случувало, не дека не, ама ова беше врвот, капак. Сметам дека треба да бидат малку поуслужни продавачките, малку повеќе да внимаваат и да се запрашате каде одат сите тие тестери од рафтовите. Мене вработената ми рече, па ги крадат девојче, е нормално дека ќе ги крадат кога и да влезам во продавница на каса нема никој, да прашаш ни за лек нема вработен, постојано се во магацин и секогаш, ама секогаш имате корпа со празни кутии на среде продавница, да ја подместувам за да можам да поминам или да видам што ми треба. За нијанса сте поскапи од останатите продавници, ама секогаш сум купувала бидејќи имам се на едно место, од козметика, средства и се што ми е потребно, едноставно ми е убаво кај вас во продавница но повеќе нема да влезам во ваша продавница после оваа ситуација викендов.
     
    На kolovoz и Daleron им се допаѓа ова.
  5. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Иако искуството е негативно, драго ни е што го споделивте со нас. Независно од висината на сметките кои ги прават нашите потрошувачи, она кон што се стремиме е dm да биде навистина пријатно место за пазарување за сите наши посетители. Со таа цел одлучивме да бидеме дел од еден ваков форум каде реално секој ќе може со нас да го сподели своето искуство.
    Секоја конструктивна критика дадена врз основа на вашите позитивни или негативни искуства за нас е навистина значајна и она што можеме да го потврдиме е дека истата сериозно се разгледува и врз основа на можностите поединечно се дејствува, со цел подобрување на услугата.
    Во таа смисла ве уверуваме дека изнесените забелешки ќе бидат дополнително разгледани и врз однова на истите ќе работиме на подобрување на услугата во нашата филијала во ТЦ Сити Мал, а ова со цел сепак да не ве изгубиме како наш потрошувач.
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    :) Balea изобилува со понуда на Limited Edition производи, a чоколадните колекции беа токму дел од лимитираната понуда на производи. Секоја сезона Balea има нови Limited Edition производи кои не се повторуваат.
    Дали имавте можност да ги пробате новите Limited Edition гелови за туширање на Balea... Purple Kisses, White Passion, Black Secret?
    balea-carambola-lambada-dusche-bild-data.png balea-mango-mambo-dusche-data.png balea-perlenzauber-dusche-data.png
     

    Прикачени фајлови:

    На Edie.S, kolovoz и mims-89 им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Јас како што знам политиката на ДМ е таква, да вработени има само на каса. Нема вработени со кои можеш да се консултираш, да ти нудат, да те тераат и да ти прават филмови за да купиш нешто. ДМ функционира како супермаркет, самопослуга како да кажам. Не е класична парфимерија каде што продавачките одат по тебе и ти предложуваат шминки, те шминкаат и си прават муабет со тебе. Промотерки сум приметила дека има и тоа е добро ако сакаш нешто да прашаш за брендот кој го претставуваат.
    Нас никако не ни чини, ни кога те следат ни па кога нема кој да те следи за да го потпрашуваш.
    Ни пречи кога има обезбедување и ни пречи кога нема обезбедување, па поради тоа се е хаос.
    Тоа не е до ДМ и персоналот на ДМ туку е до самите нас, ние потрошувачите сме тие кои се штетници кои гледаат се да отворат, оштетат, украдат. Како бе во Германија се си функционира како што треба, има тестери, производите не се отварани па лепени, вработените си седат само на каса не те следат низ амркетот, нема обезбедување... Значи дека е до нас. Сега поради нашиот менталитет ДМ треба секој втор ден да нарачува тестери. Јас искрено ако сум решена да купам и без тестер ќе купам, од око ќе проценам или ќе отидам на друго место ако веќе немало тестер.
    @AngelOfArh сметам дека пребурно си изреагирала, па не се криви вработените што нема тестери па да се истураш на нив и да оставаш полни корпи. Голема работа знаеш што останале без твојот промет, а си им приредила траума си ги понижила и си направила да се чувстуваат лошо.
    Јас може вака глупаво ко некој портпарол се умешав ама од такт ме вадат вакви ситуации на кои многупати сум била сведок, преглупаво изгледа од страна, а негативен впечаток остава само потенцијалниот купувач.
     
    На ivi1987, eloves, crimson и 24 други им се допаѓа ова.
  8. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    487
    Долго време го барам сувиот шампон на Балеа, ама од колекцијата Trend it up, но неможам никако да го најдам во ниеден ДМ маркет.
    Конкретно за овој производ станува збор:
    [​IMG]
    Во Дм во капитол ја прашав продавачката што се случува и зошто го нема, но не знаеше да ми одговори.
    Дали вие ќе може да ми кажете што се случува со овој сув шампон? Дали пак ќе биде достапен во вашите маркети?
     
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.736
    Пол:
    Женски
    Верувај не изреагирав воопшто бурно, ама ич, напротив, прашав, добив, односно не добив одговор, си ја оставив корпата и си излегов. Повеќе не влегувам. Не знам дали ме имаш и во претходните теми читано, многу често купував, речиси се купував од таму на почетокот. Не знам ти дали си забележала ама кога во продавница нема многу купувачи на каса нема ни за лек продавачка, мораш да ја бараш. Тоа е барем мое искуство. Во однос на тоа дали сакам некој да ми оди позади мене или не, ако имам добра намера, да проверам, да видам, да купам, без да украдам, без да направам штета, нема да ми смета, напротив ќе ми помогне
    И да, сметката не беше воопшто битна, сакав само да знаете дека не висев пред штандовите па да прашувам туку сакав да купам. И не ми се допаѓа односот бре луѓе, не ми се допаѓа и готово. И дефинитивно Мимс е во право, зошто во другите држави не се однесуваат вака, имам искуство со Србија, одличен однос имаат.
     
  10. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Јас малку ко падобранец да се вмешам околу ова со тестерите.
    Мене, додуша, ретко и ми помагаат тестери пошто претежно веќе знам што сакам, а и ако сум гледала, рецимо, кармин без тестер што не е нешто посебно спакуван, самите вработени ми викале слободно да отворам и погледнам нијанса, нормално, сигурно нема да го исфаќам и испробам.

    Не знам за dm, не сум искрено нивен огромен потрошувач, мада имам еден пилинг од Balea што за ништо не го мењам, ама од познаничка што работи во локална парфимерија, знам дека не се само купувачите што ги крадат тестерите, туку и самите вработени.
    Е, сега...може овие по поголемиве парфимерии имаат некои бенефиции т.е. попусти, бесплатна козметика итн. ама кај познаничкава нема, па таа и колешката не се ни трудат да скријаат дека си ги земаат тестерите, што не би ме чудело да е случај и по други места, земајќи предвид колку сме нецивилизирани.
    Од друга страна пак, во голема мера и не се виновни вработените. Посебно е досадно кога ќе се налупаат деца после школо и расфрлаат наоколу, па не ни можеш да внимаваш на сите, а повозрасниве тоа го користат. Летоска во Космо, дури една девојка се мачи да најде нијанса лак на девојчиња, една госпожа се скапа отварајќи замотана маскара (што не беше тестер, очигледно), вртеше, влечеше, и кога конечно отвори, ја погледна четкичката и ја врати назад така, со скината обвивка.
    Таквата некултура ни е одлика, па дури и со добро да им укаже човек дека оштетуваат, ќе направат сцена од типот „Знаеш ли која сум јас?“ и надуени ќе излезат мислиш светот им должи извинување. :^)
     
    На SV1911, ivancekitty, senza.parole и 5 други им се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.736
    Пол:
    Женски
    Тоа ми беше и мене муабетот, не може некој да ми каже дека со камера свртена на сите страни тукутака влагаат и крадат, алал да им е на храброста тогаш. Сметам дека во вработените е најголемата вина. Не им ја знам логиката, демек тестерот е едно, производот е друго? Па ќе прашам дали смеам производ да отворам ко тестер и готово, во твоја корист е потрошувач да ти ја наполни денес касата за 3000 денари поише. Плус оние малите пакувања што ги продаваат малтене пола од цената на големото пакување, во Германија ги даваат како поклони, не само во ДМ, истото се случува и на друго место, конкретно во Yves Rocher, всушност тоа се двете продавници во кои купувам козметика, на друго место не купувам. Се праиме навистина паметни мајко му. Никогаш не сум отворила производ, поготово ако има заштитна лепенка стаено, никогаш, па не го направив и овојпат тоа, затоа сметам дека не е во ред однесувањето на вработените.
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Камерите во продавниците не се поставени за некој да дреме цел ден на монитор и да гледа што прават луѓето внатре туку се за „не дај Боже„ тешки кражби и слични ситуации.
    Вработените не се џандари па да дежураат, абе мене ми е глупо и тестер да пробувам, а не пак да барам да ми отвараат нови производи. Многу сте чудни значи, немој да ми кажете дека сакате да ја пробате истата маскара што ја пробале 100 жени пред вас и кармин/сјај, па тоа е грозно. Ни на рака не го ставам јас, а не пак на уста да испробувам. За пудра разбирам ама па толку ли не си ја знаете нијансата која ја користите? Сенките таквите работи се гледаат од далеку какви се, за друго што ви треба тестер?
    Пред да го покажете некому со прст дека тој е виновен, како во случајов вработените во ДМ размислете малку дека од вашиве коментари тука како и вашето понашање во дуќан зависи работното место на таа жена таму. Затоа толеранција не е на одмет, не е тоа ваше па да си давате право да се однесувате ко шерифи ако не ви денот, не е никој должен да ве трпи, ако не ви чини има милион продавници. Кој уште ужива во правење скандали? Искрено многу трпат вработените во парфимерии и маркети кои имаат работа со жени најчесто и мораат да го проголтаат секој збор упатен до нив, а несмеат да се спротивстават, тоа е...
    За тоа дали вработените си ги зимаат тестерите незнам, јас имам другарка што работи во Космо, т.е. и шефица е па несмеат да изнесат никаков тестер надвор од дуќанот.
     
    На eloves, ivi1987, SuperGirl24 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Ај и јас да се умешам ко бибер у манџа:)
    AngelOfArh донекаде и разбирам колку си изреволтирана од страна на продавачката која била незаинтересирана и не сакала да те услужи,но ако пазарувањето таму ти претставува ќејф немој да дозволиш поради таа особа да не влезеш повеќе таму. Зошто во било која продавница може да налеташ на такви индиферентно пасивни продавачки. Смени ја локацијата и пазарувај во друг Дм.А ова со тестерите неможеме никогаш со сигурност да знаеме дали ги земаат купувачи или самите вработени. Иако има камери па за да се одлучиш на таков чекор треба голем ризик. А и не верувам дека некој од вработените ќе ризикува да краде тестерче, за кое што утре може да изгуби работа ,малце ми е симптоматично. Иако сум сведок дека секаде,било да е е аптека или парфимерија во скопјево сме во дефицит со тестери. И јас сум гадлива и никогаш не би си ставила на мене освен ако не е пакуван па да дома да го пробам. Може кармин да го шлакнам на рака чисто да видам колку е пигментиран ама и тоа ретко се случува. Јас се нервирам што тестери за препаративна козметеика,неможе никако да се најдат. Дури би платила колку треба ако е поскап производ,само за да го истестирам дома. Од такви причини сум приморана да пазарувам ван Македонија кога ќе ми се пружи прилика.
    Конкретно во Дм пазарувам оддамна во Хрватска и таму ми е уживање. Дури имам и нивна картичка за поени. Па би сакала тука да прашам дали ни сме тука трета класа на народ или набрзо ќе има и тука картички? И зошто голем дел од нивните прозводи ги нема кај нас?
    Еве летово кога бев тоа за тековниот месец имаше препарати за коса со бодови,кога испазарував си добив торба на Ебелин,гратис. И не ми е до торбата воопшто ама така се придобиваат купувачи. Како една мала пажња си значи. Кога сме кај торбите знам дека ако еднаш си купиш од оние платнените еколошки ако ти се скине ти ја заменуваат, тука прашав за такво нешто ме гледаа ко од марс падната.
    Јас со вработени до сега не сум имала проблем,дури ми се нафатиле и телефонски да прашаат дали пелените кои ги купувам за синко,ги има на лагер на друга нивна локација. Така да ептен ми искочиле во пресрет и тоа пола саат пред затварање.
    Се на се се добри,само фалат производи доста. Нивните суплементи ми се одлични штета што ги нема кај нас,Алнатура има огромен асортиман на производи кај нас нема ни четвртина и доста други работи како и пулт за менување пелени како во Дм продавниците во друготе држави ,е тогаш ќе бидете потполни8)
     
    На senza.parole и kolovoz им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Јас денеска бев во ДМ и тоа баш откако ги прочитав коментарите, конкретно во тоа во ГТЦ... Иако очигледно девојката беше уморна веќе, на сите пред и после мене им рече Добро вечер, повелете, пријатна вечер... Купував пудра за лице и од тоа што мене ме интересираше, имаше тестери, некои без капачиња ама ни малце не ми е проблем тоа....

    Друг пример, девојката во ДМ во Сити мол што стои кај парфемите и шминките, мене на неколку наврати ми има помогнато, повелете, еве, видете, тоа е, тие се нијансите, тогаш и тогаш треба нови да добиеме, фала пријатно. На Бит-пазар се малце мрчатори, ама таму и таков народ им влегува, тој од обезбедувањето сирот како падар треба да стои. Во Веро Џамбо има многу малку луѓе, и таму најчесто и најдолго се шлаам, никој ни ме погледнал накриво ни ништо.

    Не значи дека ако не полниме наеднаш корпи со по 50е дека не пазаруваме, јас месецов од ДМ само имам купено два гела за туширање, маскара, пудра, коректор, кармин, влажни марамици, три млека за чистење лице, три тоници, помада.... па не е малце. Да не ме сфатите погрешно, не дека им се лижам како најредовен муштерија, не сум ни пријавена за поклони или нешто, него ете, исчилано ми е таму кога си пазарувам, никој не ме замара а имам избор.

    Можеби проблемот со тестери треба да го решите така што ќе има запакувани примероци од некоја минимална милитража во ќесенца, кој сака да си побара па уште поубаво, дома да си проба, да види како му легнува со друга шминка и слично. Вака не им ја сфаќам намената, сигурно нема ја да земам да се црвам или да се пудрам таму, едино боја/нијанса и толку.

    Малечките производи се наменети за патување, јас имам купувано и во германско ДМ и никој не ти ги дава ко поклонче, стојат настрана... Има само поголем избор, цената и не им е нешто различна ко што се сеќавам.

    И да, и јас сум за каква-таква картичка со бонуси, аман заман, давајте, ќе треба на пола фемина да ни дадете ОЛКАВИ парфеми, прво за месечните сметки, второ за рекламата што ви ја правиме. :D
     
    На SV1911, Mishela, tinkerbelll и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Не знам каков им е менаџментот на ДМ и политиката, ама како што знам продавачките редат и роба и други работи и заради тоа често знаат да не бидат на каса, туку на сите страни.
    Оваа забелешка на Ејнџл оди на сметка на менаџментот, а не на вработените.
    Премалку вработени имаат, а преголем обем на работа.
    Секогаш барем се учтиви и поздравуваат, а ги гледам како тешко се снаоѓаат со поделба на работата која ни малку не им е благодарна.
     
    На senza.parole, Giovanna, Hipica и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    AngelOfArh во земјата јас кај што сум никој не малтретира така кажано продавачки како ти што си се испонашала пошто велиш дека настрана продавачките пофини се. Не, купувачите се покултурни. Па со одговорни да зборела, бре бре, смешки.Продавачка има една на каса и уште една ако сретнеш по рафтови растрчана и толку. И тука на некои производи има тестери на некои не, од тие што има ќе си пробаш, од тие што нема ете си прашала ти кажале нема и крај, што не е јасно? Производ да отвориш како тестер? Што ти е, не е продавачката некултурна, ти си.
     
    Последна измена: 3 декември 2014
    На senza.parole, Giovanna и mims-89 им се допаѓа ова.
  17. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.333
    Темата е за критики, пофалби...споделување на сопствено искуство.
    Не очекувам и не сум изненадена доколку во случај како @AngelOfArh некој вработен имал лош ден, стресен момент ,премногу работа... и не бил учтлив или услужлив како вообичаено.
    Па ете некој, или во случајов она си споделува негативно искуство.

    И во темана за арогантни продавачки колку само се имаат пожалено колку лош впечаток се добива кога вработениот нема да те поздрави, нема да обрне внимание на поставеното прашање или ќе даде ноншалантен одговор.
    И мене ми значи многу една љубезна насмевка, дури и негативен одговор на моето прашање (т.с дека го немаат продуктот) но начинот на кој е кажано сето тоа ми има пресудно влијание...
    И нек дека секој планира да се шлапа со пудри на среде дм, но барем нијансата да ја види е летигимно барање.
    Во однос на прашањето дали може да се отвори некој продукт не е за мене грев.
    Многу продукти не се запечатени т.с немаат лепенка со декларација и секако доколку сакаш само да ја видиш нијансата што е пострашно да прашаш најкултурно или да се испонашаш како оние поради кој е додјено до тоа дереџе.

    И мене мис е има случене доколку не успеам да ги најдам сите продукти во еден дм или друг дуќан, ги враќам продуктите кои веќе биле во кошницата и одам во друг акде можам да набавам се во еден.
    Не било направено драма или поттикнато расправија. Одговорила со истата игнорантност на која наишла.

    Зарем е тешко да се поверува дека во организацијата на дм не е се така идеално или дека човечкиот фактор т.с еден продавач може негативно да влијае на перцепцијата на купувачот?
     
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.736
    Пол:
    Женски
    Мислам дека темава не е за лични препукувања. Не сте ја сфатиле поентата и толку. Лилит сфатила и ете ко што рече, се надевам менаџментот на ДМ малце повеќе ќе се посеќира за тоа како се работи во нивните продавници. Ко што реков, не ми смета тоа што се за нијанса поскапи, ми било убаво да пазарам таму, но преку ваква работа не можам да поминам и тоа е тоа.
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    danichap каде од напишаното виде дека продавачката арогантно или игнорантно се однесувала? И дала одговор дека тестер нема, дека менаџерот не е тука и дека конкретниот производ не може да се отвори за да се проба или види. Ако не може, не може. Каде и е крајот неа ако денес сите купувачи бараат тестери од работи што ги нема, бараат да разговараат со одговорни зошто тестер нема???? и бараат да отворат нов производ за да го видат или пробаат?
    Нормално дека продавачот може да влијае негативно, ама ако му се закачиш како слеп за стап со барања што не може да ти ги исполни, кој е крив тука?
     
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.996
    Допаѓања:
    279.333
    Мојот целосен впечаток беше дека купувачот (во случајов ангел) е незадоволен од третманот на продавачот и општата организација во продавницата.
    Деталите дали наопаку ја погледнала, дали очи превртила, дали се издишала или било каков вид на ароганција најдобро ги видела таа лично, и врз основа на нив верувам и дека ја напиша својата критика.
    И мене не ми е ништо чудно ете некој да се погоди да е незадоволен.

    Јас само направив споредба како мене или на многу девојки во другата тема пристапот од страна на продавачот ни бил пресуден за некаков впечаток. А дали бил позитивен или негативен си кажав за себе што се мене ми влијае како купувач.
    Пак ќе повторам дека за мене е целосно легитимно прашањето да си побараш тестер.
    Не знам како е во македонија, но таму како што сум јас одговорниот во филијалата не е некој супер човек кој е недостапен за муштериите па една кратка молба и прашање дали е возможно да се разговара со него да се окарактеризира како нешто негативно.
    Напротив сите сакаат да освојат и да задржат муштерии, сами доаѓаат кај тебе и при најмало недоразбирање и се обидуваат да ти посветат неколку минути и ти го објаснуваат она за што евентуално не би имале време останатите вработени.
    Во однос на отварањето производ.Прашала...не украла или оштетила.
    Уствари поставила три прашања и добила три негации, за крајната реакција пресудни биле сите нешта кои ние тука не можеме да ги доловиме. Не гледам дека на некој како слеп за стап да му се обесила.

    Меѓутоа нејзинот пост целосно ја долови реалноста за недостатокот на тестери и дека бројот на вработени е несоодветен на потребите.
     
    Последна измена: 3 декември 2014
    На AngelOfArh и kolovoz им се допаѓа ова.