1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

dm на Фемина: консултации, подароци, рецензии

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од dm drogerie markt, 10 ноември 2014.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ок, зависи и од тоа на кој тип потрошувач припаѓаш. Јас во дм контакт со продавачките имам само кога сакам да пробам тестер од поскапите парфеми затоа што им се заклучени па мора да дојдат да ти отклучат. Не сум чекала никогаш долго иако очигледно е дека нема многу вработени. Не ме интересираат нечии фацијални експресии во дел од секунда освен ако не е нешто очигледно, а Ангел не спомна ништо такво како што можеш да прочиташ.
     
    На beatriz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.987
    Допаѓања:
    279.112
    Ми се случувало, не дека не, ама ова беше врвот, капак. Сметам дека треба да бидат малку поуслужни продавачките, малку повеќе да внимаваат и да се запрашате каде одат сите тие тестери од рафтовите.


    Секој различно значење може да даде на термините кои ги болдирав, но очигледно тоа што се крие позади нив било пресудно за да се добие негативен впечаток.
     
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Тоа дека во ДМ нема тестери е факт за кој сите сме согласни и е нешто што нивниот тим треба (мора!) што поскоро да го реши. Исто така, сосема се согласувам дека треба да има повеќе вработени- се има случувано да затекнам (и тоа не еднаш) само по еден вработен/а кој во исто време и е на каса и мести по рафтови и носи од магацин!

    Што се однесува до отворањето на продукти, лично сум против тоа зошто утре кога јас ќе се фатам за отворениот продукт секако дека нема да го купам а и реално, кој ќе купи отворен продукт? Купувачот не знае дали продуктот е отворен за да се види нијансата или некоја девојка веќе си се послужила со него. Во ред е да се праша продавачката дали може да се отвори, но ако одговорот е негативен (како што и треба да биде) нема љутиш :)
     
    На kolovoz и danichap им се допаѓа ова.
  4. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    @AngelOfArh you go girl...
    Искрено да кажам, не очекував дека ќе ја продолжите дискусијата и покрај одговорот од ДМ.
    Ангелче злато, од мене ја имаш целосната подршка затоа што си единствената што се дрзна да напише негативно искуство после толку фантомски фалби. Факт е дека во РМ недостигаат тестери. Ако бараме blind shopping тоа секогаш можеме да го правиме на нет и за тоа ќе добиеме дополнителен попуст. Тогаш немаше да има потреба ДМ да отвара продавница, туку ќе направеше за граѓаните на РМ да можат да си нарачуваат преку интернет. Ќе им беше далеку поефтино и поисплатливо од сега. Во однос на тоа како ти се испонашале ти најдобро си знаеш и јас нема да се мешам во тоа. Глупаво е да судам за ситуација во која не сум присуствувала.

    Воедно го поздравувам и брзиот одговор на ДМ. Навистина се покажаа како бренд кој се грижи за своите клиенти.
     
    На SV1911, Mama25, AngelOfArh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Искрено јас во последно време не можам да се пожалам за снабденоста со тестери затоа што секогаш стои еден човек што надгледува, а сепак не ви диши во врат, штандовите се полни и се' што има во магацин има и на виделина. Кај декоративната козметика на Алверде од секоја една маскара има надвор примерок од четкичката да ја видите, околу 15 видови, а тоа богами никаде не сум го видела на друго место.
    Се гледа дека ги применуваат советите што им ги даваме овде и доста се подобрени во работењето, се надевам дека ќе продолжат така и дека нема магично да испарат после месец-два.
    Можеби треба уште да се подработува на менаџментот, но кој редовно ги посетува продавниците знае дека има подобрувања. Навистина малку луѓе се вработени, но и покрај тоа се доста услужливи.

    А извинете но за претходно опишанава ситуација во Сити мол мислам дека пребурна е реакцијата. Па ете се случило да нема тестер, и на сета таа контрола може да се случи некој да го собере. И самите гледате колку некултурен народ има, особено па по поголемите трговски центри каде што секаков народ влегува и си шета за да утепа време. Веројатно на одредена количина производи има и одреден број на тестери, да имало во магацин сигурно ќе ве услужеле, сигурно нема дома да си го носат. Можеби веќе еден тестер им собрале дента и не смеат да вадат нов до наредниот ден....мислам премногу брзо се осудува и се реагира експлозивно. Премногу е банална причината за такво злопамтење и за целосно отпишување на сите маркети само поради една ситна ситуација што може секаде да ви се случи. Јас како што сфатив и продавачката воопшто не била некултурна, туку напротив и ви објаснила дека нема да биде во можност во моментот да ви обезбеди тестер, е сега не го спакувала тоа во целофанче со машничка, па боже мој...но ве испочитувала до крај.
    А друга работа, да се побара да се отвори нов производ поради тоа што нема тестер искрено ама бескрајно е безобразно. Не знам ни како ви паѓаат на памет вакви идеи. Без разлика дали вие само ќе го гледате производот, тој е веќе отворен и контаминиран, а некој друг без да знае глатко ќе си го земе и ќе искешира на каса.

    Мислам и јас сум за реална критика и самата пишав што не ми се допаѓа во маркетот и каде сметам дека треба да се подобруваат, но да бидеме реални и ние самите што бараме и како го бараме тоа.
     
    Последна измена: 3 декември 2014
    На Mama25, Annath, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Јас воопшто не се согласувам со постапката на @AngelOfArh и сметам дека нејзината реакција била претерана, па и тоа потенцирање дека правела голема сметка (некој можеби живее во близина и си купува на неколку пати по 200 денари да речеме, па тоа не го прави инфериорен во поглед на тие купувачи што наеднаш купуваат се' што им е потребно за одреден период), но да не се повторувам околу случката, погоре кажавте се'.

    Само сакав да кажам во врска со отворањето на нов производ- мислам дека тука настана недоразбирање и дека не ја сфативте што сака да каже, не дека таа ќе го проба производот и потоа ќе го врати на рафтот за продажба, туку дека доколку нема тестер, да се отвори еден од наредените производи за продажба, и тој да си стои на местото за тестери.
     
  7. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Ја сфатив јас добро, само не ми се верува дека задолжен производ може да се користи како тестер. Веројатно тестерите се должат посебно (ако воопшто и ги должат). Тука се, нека кажат дали може да се отвори производ и да се користи како тестер.
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Така е @Bridget тестерите се добиваат бесплатно од добавувачите, а рачунај дека сепак се ограничени, неможе некоја парфимерија секој втор ден да си нарачува тестери ако се бесплатни.
    Било кој производ кога ќе се отвори почнува да му тече рокот на траење, тој што е наведен на амбалажата како рок на траење од отварање на производот. Па сега вие како сакате, отварајте си ги, утре некој ќе го купи со веќе истечен рок на трање, изложен на воздух и бактерии. Тие се херметички затворени, штом еднаш ќе се отвори толку му е.
    Па после се жалиме по темиве, маскарата многу брзо ми се исуши, сенките ми се ронат, не се пигментирани бла бла бла...
     
    На Bozica1980, Doozy, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Не сакам да коментирам за тестерите, јас секогаш сум наоѓала, освен од некои кармини фалело, ама ретко.
    Туку, во неколку наврати во ДМ во Веро имам забележано како дечкото од обезбедувањето им помага на купувачите, им покажува производи, ги упатува каде се, им дава совети, иако тоа не му е работа.
    Кога земаш производ, гледа дали е тоа тестер, и слични работи.
    Дајте му повишување. :D
     
    На SV1911, Doozy и mims-89 им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.643
    Допаѓања:
    95.694
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ја расипавме темава. Сакав да им укажам на ДМ, го направив тоа и можете понатака да ме коментирате ама мислам дека оваа тема е стрикно упатување на пофалби и критики кон ДМ. Дали јас сум ги малтретирала продавачките или не, не можете да судите, не сте биле таму. Не знам дали е малтретирање да се побара тестер, да се праша дали има нов и да се побара некој поодговорен да ја среди ситуацијата, па макар да сум отишла и за тој еден производ од 150 денари. Браво за вас, ако купувате нешто на слепо, не ви треба тестер, ама мене ми треба, и мислам дека воопшто не е малтретирање ако сум побарала. Како што не ја знаете мојата фацијална експресија не ја знаете ни на продавачката. Си земавте за право, како што впрочем се прави и во повеќето теми, сами да судите како се одвивала ситуацијата а воопшто не беше таква каква што вие ја изрежиравте. Реков, нема да се докажувам, доволно беше за тие што сакаат да сватат да сватат, не терам никого да мисли како мене, не терам никого да тера правдина за мене, епа да кулираме малце.
     
    На kjukli, Lella, kolovoz и 2 други им се допаѓа ова.
  11. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Драги феминки, тимот на dm во Македонија има прилично тешка задача :). Македонија е 12-та земја каде се отворени dm дрогериите, што значи дека позади нас има 11 многу успешни земји кои долги години работат на тоа да го изградат dm во она што е.
    Ова можеби ќе бидат интересни информации за сите вас кои го пратите форумот и сакате да дознаете повеќе информации за нас.
    dm Австрија се подготвува за прослава на 40 години постоење :). Првата продавница во Австрија е отворена во 1976 година.
    dm Хрватска својата прва продавница ја отвора во 1996 година, и сега се подготвуваат за прослава на 20 години постоење, а нашите драги колеги од Србија оваа година прославија 10 години јубилеј (првата своја продавница ја отвориле во 2004 година). 2006 година Босна и Херцеговина ја отвора својата прва продавница....
    Тоа е навистина долга традиција и многу искуство. Во Македонија првите 2 продавници ги отворивме на 17.05.2012, а со тоа веќе 2,5 години сме тука со вас. Периодот на присутност и не е така мал, но секако е недоволен за инкорпориње на сите активности кои се застапени во останатите dm земји.
    Она што е многу важно е инкорпорираната филозифија на dm, а тоа е „Човекот е во фокусот на дејствувањето„ (притоа мислејќи и на потршувачите и на вработените).

    Бидејќи многу внимателно ги следиме сите ваши коментари би сакале да ве известиме за следново.
    dm го зголеми бројот на тестери во своте продажни објекти. Ја разбираме потребата пред да се одлучите да купите одреден производ да сакате да го помирисате, да го пробате и слично, па тоа доведуваше до отворање и оштетување на пакувањата кои се во редовна продажба. Од таа причина на полиците се веќе достапни производи кои се обележани со црвена налепница ТЕСТЕР ( дезодоранси, млека и лосиони за тело, креми за лице, раце и сл..).Поставувањето на вакви тестер производи ќе биде застапено за секое воведување на нови производи.
    Со започнување на оваа активност сигурно нема веднаш да се решат сите потреби за тестери, но во наредниот период сигурно ќе работиме на тоа.

    Како главната идеја за присуството на еден ваков отворен форум ни е да дојдеме до повеќе информации во вид на рецензии за нашите производи, споделување на искуства позитивни и негативни од посетите во нашите филијали, информирање за сите нашии акции, кампањи и сл, и ние би сакале да ја прошируваме темата со овие ставки.

    @AngelOfArh сподели за жал негативно искуство, но и тоа е позитивно затоа што ќе не води кон промени. Од друга страна секое позитивно искуство ќе не мотивира кон "можеме уште подобро".

    Затоа сакаме да видиме што повеќе индивидуални ставови, мислења и искуства.
    Што е нешто што никако не сакате да престане да се случува во dm, или да се промени?
    Што највеќе би ве израдувало да воведеме во нашите филијали?
     
    На SV1911, Mishela, senza.parole и 6 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    @dm drogerie markt Супер би било кога би ја донеле и NYX козметиката, направете сетови од Балеа, сега нешто како новогодишни пакетчиња. Видов дека имате балеа мен пакетче од 2 гела ( незнам точно што беше ) по цена од 299 денари. Ако се работи за два гела за туширање, тој гел беше 100 денари да се купи поточно, незнам зошто се покачува цената за комплет. Можеби не смеам да дискутирам за цените, но еве кажав.
    Друго можете да направите од сите козметики исто пакетче по солидна пристапна цена. Мислам дека ова е супер идеа.
     
    На rainbowec и lovemme им се допаѓа ова.
  13. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Секогаш во предновогодишникот период од брендовите на Balea, Balea MEN, alverde и alverde MEN асортиманот го збогатуваме со подарок пакети кои би биле навистина убав подарок за сите наши блиски личности.
    Споделуваме со вас фотографии од неколку подарок пакети кои се достапни во нашите филијали.
    Женските колекции се уникатни и содржат производи кои како поединечни производи не се продаваат во филијалите. За машкиот подарок мислиме дека станува збор за овој Balea MEN подарок сет чија цена е пониска во споредба со цените на поединечните производи.
    Balea Magischer Winter (гел за туширање, 300 мл и лосион за тело, 200 мл) чини 299 денари
    Balea Diamanten traum (гел за туширање, 300 мл и лосион за тело, 200 мл) чини 299 денари
    Balea Beautuful Dreams (гел за туширање 250 мл, лосион за тело 250 мл) чини 245 денари
    Balea Men (шампон за коса, 300 мл, гел за туширање, 300 мл, део ролон, 50 мл) чини 299 денари
     

    Прикачени фајлови:

  14. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    За жал овој производ излезе од асортиманот, па поради тоа не можете да го најдете во нашите продажни локации.
    Сега активен шампон за суво миење на коса е овој, има 200 мл, а чини 126 денари.
    bild-balea-trockenshampoo-data.png
     
  15. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Мене конкретко ме интересира за суплементите Das gesunde plus и дали може сталажата со Alnatura да ја дополните?
    Тука само ќе надополнам дека купувачите од понежниот пол не би имале ништо против да ја донесете декоративата на P2 која е исто ваша марка а истовремено да го збогатите асортиманот на Babylove во делот на житарки и детски сокови и каши? das_gesunde_plus_sortiment-data.jpg alleprodukte2.jpg download.jpg

     
    На Bozica1980, rainbowec, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  16. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    484
    Благодарам за одговорот, но овој сув шампон не може ни да се спореди со оној Trend it up.
     
  17. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Има лакови на Голден Роуз во ДМ?Конкретно на matte top coat мислам?И колку пари е?[​IMG]
     
  18. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Се надевам во соодветната тема прашувам.

    Дали ќе продавате Balea Cocos Bodycreme?

    Пред 10 месеци, и повторно сега, пред некој ден барав во 3 продавници во Скопје но никаде немаше.

    Благодарам однапред. :)
    [​IMG]
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Кажи ми адреса Лена, ќе ти го пуштам моево, ептен малку ми е потрошено. Мене освен мирисот, друго не ми се допадна, можеби не ми одговара на кожата на телото. :(
     
  20. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.443
    Допаѓања:
    22.745
    Пол:
    Женски
    Почитувани,
    дали ќе можете да ги донесете производите на Lorys (маски за коса) и Freeman (маски, пилинзи за лице/тело). Ги имате овие производи во Бугарија и Србија. Еднаш Ви пишав порака и на ФБ профилот, ми одговоривте дека можно е да се случи вакво нешто.
    Има ли некакви шанси?
     
    На simoncelicius и sesilija им се допаѓа ова.