dm на Фемина: консултации, подароци, рецензии

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од dm drogerie markt, 10 ноември 2014.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    @T.e.d.d.y можеш ли малку повеќе да напишеш во однос на балзамот, како дејствува и дали ја отплеткува косата и дали ја прави лесна за чешлање? Друго што ме интересира е дали ја сплескуваат косата или пак и даваат и некој пристоен волумен?
     
  2. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.264
    Пол:
    Женски
    @Giovanna по ставањето на балсамот косата буквално со рацете ја расчешлував, немав потреба од чешел. Инаку шампонот дава добар волумен, не е воопшто сплескана косата. Ако ти е во план да купуваш некои од овие прозиводи ич да не му ја мислиш. Ако треба уште нешто слободно прашај. :)
     
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    Го имам веќе млекото, не го користам многу долго но засега сум задоволна. Имам добар шампон и регенератор што во моментов не би сакала да ги сменам, но можеби некогаш ќе се решам и да ја пробам целата колекција, па барем да знам од прилика што да очекувам.
    Фала ти :)
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.525
    Допаѓања:
    139.424




    Многу јаки реклами имале ДМ :) кај нас мислам дека нема реклами од нив, или не сум видела :)
     
    На dm drogerie markt, Mama25 и mims-89 им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.221
    Допаѓања:
    107.454
    Пол:
    Женски
    Новиве мали кремчиња за патување, со мирис на цреша, неверојатни се, прекрасни сите но овој посебно. И мака ми е што нема поголемо пакување, или има не сум приметила :lol:
     
  6. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.714
    Пол:
    Женски
    Дојдов да го изразам своето НЕЗАДОВОЛСТВО !!!

    Пред малце од ДМ во ГТЦ си ја купив пудрата на Римел ластинг финиш. Ја купувам оваа пудра неколку пати по ред од истата продавница на Дм и бев презадоволна се до сега. Кога дојдов дома и ја отворив за да ја видам, пола туба беше полна со ВОДА. Да да вода !! Ова прв пат ми се случува,предходните што ги купив од таму си беа супер. Оваа стискај стискај искача вода ,пудра нигде нема. Ја протресов малце ,викам ај да се промеша,џабе пак тече вода па после тоа малце пудра во комбинација со вода излегува. Ми иде со сметката утре да ви дојдам во продавницата и да ви ја удрам од глава. Не е за парите оваа е една од најефтините пудри на пазарот за разлика од Буржоа,Ревлон,Лореал и остали ама озбилно ли вода во тубата. Со поминат рок не е бидејки пишува дека е произведена 2013 година а има рок на траење 3 години. Не знам што се задеси како што кажав со месеци уназад истата пудра ја купувам од истата продавница на Дм и до сега никогаш ама баш никогаш не ми истекло вода кога сум ја отворила. Дали била отворена ,дали не била соодветно чувана во Вашата продавница не знам,ама пола туба да ми е вода а пола пудра стварно нема смисла.
     
  7. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.245
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу задоволна од серумот на Балеа Aqua.Кога ми го донесоа на декларацијата на македонски што е, пишуваше дека е за сува кожа, со што малку се разочарав да не сум го утнала но сепак решив да го
    пробам.Кожата ми изгледаше изморено, нередовниот сон си го прави своето:yawn:, а имав и црвенило кај пределот на образите од секојдневно одење по ладно кој почна да ми се познава и преку бб крема.Ставив од серумот пред да си легнам и утредента црвенилото го немаше, тенот ми беше изедначен и имав некој здрав сјај на т-зоната, значи не мрсен сјај како што обично ми светнува, туку таков убав сјај што кожата си го добива од самосебе кога е хидрирана, ако ме сфаќате:D
    Значи тоа што ми се допадна кај серумот е:
    1. Лесно се нанесува и многу брзо се впива во кожата
    2. Има убав мирис, свеж и пријатен
    3. Го изедначува тенот, го редуцира црвенилото
    4. Убаво хидрира и ја омекнува кожата
    5. Дава свежина на лицето.
    Од мене (y) за овој производ.Препорачувам.Фала ти @Giovanna што така рандом го спомна:D
     
    На poenta, dm drogerie markt и Giovanna им се допаѓа ова.
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    10.335
    Е баш ми е мило што ти се допаднал :)
    Никогаш не сум ја читала нашата декларација, туку секогаш сум налетувала на многу позитивни мислења на разни странски блогови и веб сајтови, па од таму и ми дојде желбата да го набавам.
    Инаку меѓу народот се шири еден глупав мит дека на масната кожа не и треба хидратација, а всушност тоа е тешка заблуда. Без разлика каков тип на кожа имаме на сите ни е потребна длабинска хидратација. Затоа и доста девојки се презадоволни од овој серум затоа што буквално добро се покажал на секакви типови. И на масна и на кожа со црвенила и лишаи.
     
    На Annath и Salome им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.936
    Ангел, ако не грешам, нели ти веќе немаше да влегуваш во ДМ?

    Кога сме кај хидратацијата, јас многу го сакам тоа кремчето за лице од Бале Јанг, зеленото. Мислам дека беше за комбинирана до мрсна кожа. Многу нежно е на кожата и многу е лесно.
     
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.221
    Допаѓања:
    107.454
    Пол:
    Женски
    Ангелче веќе пишав, мене лутината ми трае неколку дена. На крајот на краиштата не е крив никој освен продавачката која се однесуваше лошо, а за тестери, вчера бев повторно сведок на тоа дека тестери нема. Купував нешто за поклон и една девојка отвори производ наместо тестер па на каса си го плати затоа што не смеела да отвара. Постојат работи кои искрено не сум спремна да ги сменам а ги има само во ДМ, затоа ја одбегнувам таа продавачка и решен проблем.
     
  11. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Една критика од мене, штандовите со козметичките производи од Alverde буквално во сите маркети ви се катастрофа. Пола од продуктите ги нема, другата половина се оштетени.
     
    На Deemy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Пред се се надеваме дека и после оваа порака ќе продолжиш да бидеш активен член во оваа и останатите теми на dm каде ќе ги разменуваме сите позитивни и негативни искуства :).
    Конкретно за оваа незадоволство, пред се се извинуваме од наше име. Како не станува збор за производ кој е наш бренд не можеме да гарантираме за квалитетот на истиот. Независно од тоа сите наши потрошувачи доколку увидат било каков недостаток кај одреден производ, независно кој бренд е во прашање, истиот имаат право да го заменат или да го вратат, при што платената сума во целост ќе им биде вратена.
    Ова како можност и услуга гледаме колку можеме потранспарентно да го споделуваме со нашите потрошувачи па поради тоа е поставено и на нашата официјална веб страна http://www.dm-drogeriemarkt.mk/mk_homepage/usluge/173470/vasa_prijatna_kupovina.html
    Во скалд со ова те повикуваме со фискалната сметка да дојдеш во филијалата во ГТЦ и спорниот производ да го замениш или вратиш. Само уште еднаш би потенцирале дека во овие ситуации е неопходно да се приложи фискалната сметка за купениот производ.
    Се надеваме дека помогнавме.
     
  13. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    :)да ова се нашите корпорациски реклами, кои за жал во ваков формат сеуште не се присутни во Македонија. Во моментов е активна заедничка кампања со колегите од dm Србија "Најубави новогодишни подароци во вашиот dm "за која е изработен ТВ спот во овој стил, кој се дава на кабловските програми. Во Македонија спотот е присутен во скратена варијанта.
     
  14. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Наведената критика ќе биде навистина сериозно разгледана.
    alverde е наш бренд на кој сме посебно горди. Како природна козметика која истовремено е и веганска навистина заслужува секогаш да е убаво и уредно поставена.
    Ти благодариме.
     
    На AmericanWoman му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.714
    Пол:
    Женски
    @dm drogerie markt пред се благодарам за одвоеното време насочено кон решавање на мојот проблем. Како што нагласив ова прв пат ми се случува и се надевам дека ке биде еден и единствен изолиран случај. Со оглед на тоа дека пред неколку дена ја купив пудрата веке не ја чувам сметката за да дојдам да ја заменам но во иднина доколку се повтори ке знам дека имате таква опција и ке си го остварам своето потрошувачко право кај вас, особено ако станува збор за некој поскап производ. Не можам да се согласам со Вашиот став дека неможете да превземете одговорност за производи кои не се од Ваше производство,бидејки напротив сметам дека сте одговорни за секој производ кој го пуштате во промет и излегува од Вашата продавница. Дали станува збор за квалитетот на истиот,начинот на чување сеедно.

    Од друга страна ја користам оваа прилика да ги пофалам вработените во Вашите продавници за нивната транспарентност и спремност да помогнат доколку има потреба од истото. Знам на предходните страни има поплаки во тој поглед ,можеби како резултат на тоа сте интервенирале кај нив,но во последно време забележувам многу позитивна промена на тоа поле од вработените во ДМ-Веро Центар и ГТЦ.

    Исто така иако е веке неколку пати нагласено во предходните мислења мора повеке да се поработи на тестерите и производите кои ги нудите. На штандот на Алверде конкретно делот со кармини има милион тестери а ниту еден кармин кој соодвествува на тие тестери за да се купи. Знам дека се троши особено сега со попустите кои ги нудите но би било убаво да се надополнуваат со продукти постојано а не само тестери да стојат . Исто така навистина ви фалат повеке вработени во продавниците кои нема да бидат растргнати и на каса и на штандовите па да трчаат натака навака доколку на некој потрошувач му треба помош.

    Секако дека заради еден изолиран случај нема да престанам да пазарувам во Вашите продавници,но се надевам дека нема да се повтори мојот проблем.

    Убав ден и секое добро.
     
  16. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.978
    Допаѓања:
    5.321
    Пол:
    Женски
    Во глобала сум задоволна, благодарение на вас можеме да купиме германска квалитетна козметика за пониски цени, како што се Балеа и Есенс. Единствено не ми се допаѓа што ретко наоѓам тестер, иако стои дел каде што би требало тој да стои. За сенки ајде, ќе пројде, ама за пудра навистина е проблем.
    Исто така за попустите за кои сте напишале дека ги пресметувате на каса, многу е попрегледно да си стојат како цени, отколку да стојам пред нив и да пресметувам дали би ми се исплатело и колку денари е попустот.
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Rozevo

    Rozevo Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    32
    СуперДевој4е,
    И јас ја користам религиозно таа пудра, па ми се слу4ило и тоа повеќе од еднаш да налетам на ново пакување полно со вода (не во ДМ маркетите конретно). Рок на употреба, се си беше уредно, ама ете. Помирисај ја друг пат, ако не ти мириса разли4но од вооби4аено, зна4и е во ред, веројатно поради транспорт, складирање и стоење се сепарирала водата. Добро исклацкај ја пудрата, десетина пати, па би требало да ја добие вооби4аената конзистеција :)
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    @dm drogerie markt
    Дали е можно заради прегледност сите рецензии на поклонетите производи да се пишуваат во една тема?:?: Вака не ни видов дека за некои има напишано, ме интересираа повеќето, а освен неколку коментари во врска со производот, темата ќе замре, и по некое време ќе имаме 50 такви теми, ако ти треба нешто, нема шанси да најдеш.

    Може да си биде во овој дел нормално, со соодветен наслов.:D
     
    На Giovanna, mims-89, Anabelle.Amorette и 2 други им се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.091
    Пол:
    Женски
    Читајќи ги позитивните коменатри и рецензии од употребата на серумот Balea Aqua, одлучив да му дадам шанса на овој производ, иако бев скептик дека ќе се постигнат добри резултати понесена од искуството со различни гелови, пени, креми, пилинзи. Имам нормална до комбинирана кожа со масна т-зона и отсекогаш проблем ми претставува постигнувањето мат- ефект и задржувањето на истиот.
    Со првото нанесување на серумот се забележува видлива разлика. Посебно ми се допаѓа што има можност да се користи наутро и навечер. Предностите од неговата употреба се: матирана т-зона, лесен и свеж мирис, природен и свеж изглед, добра хидратантност, редуцирање на црвенилото.
    Со тоа што сум пријатно изненадена од ефектот, првиот производ од брендот Balea нема да биде последен.

    [​IMG]
     
    На dm drogerie markt и Giovanna им се допаѓа ова.
  20. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    69.175
    @dm drogerie markt, сакав да ве прашам дали е можно онлајн купување и достава насекаде низ светот? Барав, ама не најдов конкретно информација, па затоа ви пишувам вам.

    Доколку не, дали би вовеле таква опција во иднина, бидејќи верувам не само во Европа има луѓе кои се заинтересирани за вашите производи?
     
    На kolovoz и koritsaki им се допаѓа ова.