1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

dm на Фемина: консултации, подароци, рецензии

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од dm drogerie markt, 10 ноември 2014.

  1. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Отворена е тема "рецензии на производи од dm" која е достапна веднаш на почетната страна на Фемина www.femina.mk. Во таа тема се сумираат сите дадени рецензии.
    upload_2014-12-30_10-29-37.png

    Дополнително ја отворивме и оваа тема за пишување рецензии, во склоп на форумот
    http://tinyurl.com/dmRecenzii
    ќе провериме кои се можностите феминките кои не ја напишале рецензијата во таа тема, да бидат дополнети од страна на фемина.
     
    На Mama25 и Doozy им се допаѓа ова.
  2. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    За жал во dm Македонија сеуште немаме можност за онлајн купување. Оваа можност за сега ја имаат нашите колеги од Австрија https://www.meindm.at/mein-dm, но доставата се однесува само на Австрија.
    Немаме конкретни нформации, но се надеваме дека и ваквата можност ќе биде дел од нашето работење во иднина :)
     
  3. *Sanji4ka*

    *Sanji4ka* Нов член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Zdravo.... Sakam da ve prasam dali go ima vo vasite prodavici dekolatorot COLORB4 i koja mu e cenata....:)
     
  4. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Здраво, за жал го немаме деколаторот COLORB4 повеќе во нашиот асортиман.
     
  5. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли да ми кажете колку чини Balea Aqua серумот?Би сакала да го пробам.
     
  6. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    10.291
    Пол:
    Женски
    Околу 250 денари.Поточно кај мене на фискалната пишуваше 241ден.:)
     
    На Shortie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    На Lella, kala21, naturally и 2 други им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    ^Може се чекаат рецензиите. За повеќе од пола доделени подароци нема рецензии колку што можев да приметам. Или убаво беше да се земе подароче, другото не е битно. Македонска работа.
     
    На buba4e89, Lella, naturally и 12 други им се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Мене ми се допаднаа само неколку рецензии- конкретно оние што беа со подетални описи, со слики од декларациите, едноставно кои можат да ти дадат некоја насока дали да го купиш производот или не.
    Имаше некои буквално ради реда напишани.
     
    На SuperGirl24, Mama25, Salome и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    Jas ke pisham denovive recenzija, sakam i na blogot da ja objavam, slikite se napraveni ushte textot, nemam mak podrshka na pc, pa baram nekoj da mi ja napishe kirilica. :)
     
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.821
    Алчни македонци. Стиснати. Гагата да се земе. По дифолт, ако не чини, македонец е. И нормално, ако е македонец, не чини. Оти секаде надвор од границите сите се паметни, македонците се за никаде.

    Настрана тоа, ДМ контактираше со сите кои добија подароци во групна порака, а бидејќи не сте дел од пораката останатите, па оттука сметате дека сме никакви македонци, ке ви раскажам наратко. Дел од девојките добија препаративна козметика, која треба да се користи барем две недели за да се каже каква е. Дел од македонките пак, живеат и во други градови од земјата и се ем македонки ем провинцијалки, па од ДМ по пошта не им стигнале пакетите, или само што им стигнале. И добар дел од македонките во пораката напишавме дека треба да помине период за да дадеме рецензија. Нормално, дел се и со обврски во животот, одмори, патувања, студии и слично. Ако некој од прва може да каже дека косата веќе не му пука откако користи спреј за заштита од топлина, а само 2 пати се прснал, тогаш браво. Според мене, еден месец треба да помине и да каже дека косата пука помалку со спрејот. Затоа и јас кога ја пишував рецензијата пишав дека повторно ќе се навратам со коментари, беијдеќи поинаку ке е неиздржана рецензија. Сметам дека и ДМ ке се сложат дека е подобро подоцна да добијат издржана рецензија, отколку коментари од типот - ова совршено одговара на мојата руса коса и колекцијата што ја чувам во вецето.

    Статистички, 50% не дале рецензија. Наградите се објавени на 12 и 19 декември, 20 дена за првите неколку и 10 дена за останатите производи. Не верувам дека некој истиот ден се појавил да подигне награда. Шминките може од 2-3 пати да се даде мислење, ама за нешто што се користи еднаш неделно, за 10 дена, тешко дека ке се има мислење. Ама тоа е, македонки сме, ни треба време. Можда германките на пример, секој ден мијат глава и ставаат од пената за виткање на коса на температури од минус 10, па можат за 5 дена да напишат издржана рецензија.
     
    На Elena69221, Nati.P и Artemission им се допаѓа ова.
  12. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    Убаво би било да има кратко упатство за пишување рецензија,односно што се треба да содржи.Може да бидат дадени неколку прашања кои треба да бидат одговорени.Рецензија не е :убаво мириса,убава ја прави косата/кожата ,ми се допадна и толку во 2-3 реченици.Треба да не запознаат со производот подетално, која му е намената , за каков вид на кожа/коса е ,какво пакување има,како се користи, впечатоци, лоши и добри страни,дали повторно би го купиле.И некоја слика да има супер би било.
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што се согласуваме. :handshake: Како што и ти имаш кажано на некоја друга тема каде што така ти одговарало, ама веројатно во темава не ти одговара, па ај ќе ја свртиме.(highfive)
    Патем, не знам што се најде повикана, колку што гледам ти си напишала рецензија поодамна, ама мора да има нешто германско во тебе, сигурно и на - 10 миеш глава секој ден. Секоја чест за тебе. А од останатите чекаме рецензии.:hai:
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.193
    Допаѓања:
    123.821
    Спининг араунд :)

    Не е за мене, како што гледаш, пишав делумна рецензија, ако виде, пишав и дека пак ке пишам по одреден период, бидејќи во декември и јануари, не мијам секој ден глава (не сум германка). Но не е во ред, модератор, да си ги смета членките за лоши, (зеле поклон па другите кој ги шиша) без да ги согледа фактите. Затоа си зедов за право, да пишам што е реално и дека феминките не се алчните македонки.

    Другите, (не јас) се ставени на тапет под името „алчни за подароци, мрзли за рецензија“, што никако не е во ред. И да, таква сум, понекогаш ми е жал кога некој е неосновано и неправено нападнат, па го застапувам про боно. Фор фан.
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.220
    Пол:
    Женски
    Кога ќе го видам ова модератор се ми е јасно. Ниту ги модерирам темиве, ниту дадов подароци, ниту членките се во моја сопственост, па јас да ги сметам за некакви. :D
    Се посмеав. Мене ептен мило ќе ми биде кога ќе ги видам сите рецензии од "моите" членки и да испадне дека не сум во право. Ама времето ќе покаже. ;) Може еве вака, им треба еден мал поттик.
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    И јас мислам дека рецензииве се пишуваат ради реда, тие што ми се допаднаа ги лајкнав... Никако нема да ме привлече ако некој напише топ е, супер, најдобар, фала. Ако читате други портали, пример на Шминкерица, секоја им чест на девојките како пишуваат рецензии. А да не ги спомнувам и Мишела, Секси бејби, Мимс, Анушка, Хипстер, Оксиморон, Џована, Даничап... ајде ако испуштам некој нека не се лути а сто посто испуштам.... Па на Фемина има мини-ризница со препораки од нив и од други девојки. Рецензии на место, прочитајте и видете. Ајде за слики не мора, сега разбирам секој сака приватноста да си ја зачува.

    Прво убаво објаснување, пример, ако е за шампон, мојата коса е таква и таква, ако е за пудра, моето лице е такво и такво, итн. Па шампонот/пудрото/маскарата, за што е, како е, зошто е. Па каква структура има производот, како се користи, еднаш дневно, двапати, петпати, еднаш неделно. Која цена е (веројатно овде можат од ДМ да помогнат) Резултати, пред, потоа.... На крај сумирајте впечатоци, резултати, импресии... препорака, да не.(y)

    Мене не ми е проблем да почекам, ако знам дека ќе испадне на крај нешто квалитетно. Баш со Оксиморон си правевме муабет дека нејзиново е препаратива и е потребно време, ама не сумњам дека на крај ќе прочитам добра рецензија. Мислам дека реално е проблем и навредливо да добиеме рецензија од 5 реченици, од кои 3 се фалби, мене лично би ми било срам.:tmi: Како некоја лоша семинарска кај професор, абе ти може ќе поминеш и за 6ка, ама зошто само да се помине,а не да се мине како што треба?;)

    А да не речете оваа се буни оти нема добиено нешто, на ништо се немам ни пријавено, чисто ради приватност, не сакам да оставам лични податоци.:D

    Пак ќе речам, убаво што ги спојувате во една тема со линкови, ама уште стојам дека е бааги непрегледно... А каша попара ќе стане кога ќе се отворат уште 30 други теми. Тука мислам треба со модераторите да ја договорите работава.8)
     
    На Hipster, Sexybaby86, Mama25 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Де де женеее :D нели месите колачиња бре?
    Еве јас сум една од тие што уште немаат напишано рецензија. Не ги користам секој ден производите. Што треба да напишам? Лелее сјајчето ептен сјае, срцка е :D Дај оставете ни малку простор убаво да ги тестираме производите, па да напишеме ако не одлична, барем добра рецензија. И морам да кажам дека потполно се согласувам овој пат со Cka. Имајте пријатна вечер. Среќни празници :)
     
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Вака најискрено, јас сум скептик за вистинитоста на дел од `позитивните` рецензии. Навистина, со кое лице да го мрчиш шампонот/сјајот/лакот кога ете некој ги укажал чест и ти ги подарил...

    Мојата рецензија е (многу) негативна и многу ми беше незгодно додека ја пишував. Сепак подарок е во прашање и се чувствував `виновна` што поштено ја исхејтав добиената маскара и воопшто нема да ме изненади постоењето на `со топло срце ви го препорачувам на сите` рецензии напишани од чиста култура.

    И како што кажа @Doozy, треба да се најде некое решение за посредени линкови со рецензии, вака некако се е нафрлано...
     
    На SuperGirl24, Annath и Doozy им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.553
    Допаѓања:
    80.605
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa , ама како да бидеш искрен на друг начин кога некој производ навистина не ти одговара?
    Мислам дека и ДМ се доволно свесни за тоа дека не можат сите коментари да бидат позитивни, затоа што реално - не е возможно.
    И мислам дека во овој случај баш е во ред да се биде субјективен - никој подобро од самата јас не може да каже дали одреден продукт мене ми е добар или не и дали истиот би го купила повторно или би барала друг кој ќе ми биде по вкус.
    Без разлика што критиката е негативна, понекогаш и таа е доволна за да согледаш дали и покрај тој факт тебе производот би ти бил добар и би го купила.
    Па и задачата беше таа - да се даде рецензија базирана на личното искуство, а ако некој називот „рецензија“ го едначи со фалење или наведување само позитивни страни, тогаш проблемот треба да се бара на друго место.

    Ценам и благодарна сум кога ете се случило да добијам подарок по случаен избор или не, но не гледам причина за лутење или скраја да е - да се навреди оној кој подарил затоа што производот не ги задоволува моите потреби. :)
     
    На Nausicaa, Annath и IronLady им се допаѓа ова.
  20. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    17.155
    Пол:
    Женски
    Премногу генерализација дури и на темава. Како што кажа @Cka повеќето награди како што успеав да забележам беа препаративна козметика, па затоа е потребно повеќе време за тестирање на производите, а со самото тоа и за вистинска и издржана рецензија. Ќе зборувам конкретно за мене, мене еден од производите не ми одговараше воопшто, па го тестираше мајка ми, па после тоа двонеделно користење и искуство ја напишав рецензијата.

    @Nausicaa искрено и јас се чудев како сите рецензии се скоро 100% позитивни, баш затоа ми беше непријатно негативна критика да пишувам. Но, која би била тогаш смислата на рецензијата? Подарок е во прашање, да, но не секој производ делува и одгововара исто на секоја коса/кожа или што и да е. Сепак субјективно искуство е во прашање, и самите ДМ се свесни за квалитетот на своите производи и како што во другите теми добиваат пофалби и критики, така би требало да е и во рецензиите.

    А и контрадикторни сте некако, барате рецензии, а од друга страна велите повеќето биле колку ради реда напишани. Се сложувам дека има и такви, и тоа баш поради тоа што избрзале со рецензијата и не му дале време на производот да се покаже.
     
    На Nausicaa, Annath и IronLady им се допаѓа ова.