1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

dm присутен на форумот со консултации и подароци

Дискусија во 'Правила и новости' започната од Femina, 10 ноември 2014.

  1. Femina

    Femina Администратор Член на тимот

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    1.824
    По преминувањето на новата платформа, активно ќе работиме и на збогатување на содржините на форумот и на бенефициите за вас – членовите. Ќе имаме бесплатни консултации со специјалисти за најчесто среќаваните проблеми, ќе обезбедиме директна комуникација со компании чиишто производи се најдискутирани низ темите, континуирано ќе се трудиме да стимулираме квалитетни мислења.

    Со оглед на високата активност на темата ДМ Маркет и честите дискусии за производи на dm, со големо задоволство најавуваме дека dm drogerie markt ќе биде присутен со свој верификуван профил на форумот!

    Сега веќе ќе можете директно од dm да добиете одговор на вашите прашања поврзани со производите, цените, продавниците...

    Нешто повеќе, следејќи ги светските трендови, dm континуирано ќе обезбедува производи за рецензии! Секој месец ќе се доделуваат 20 производи на активни форумџики кои би сакале да напишат рецензија.

    Па, ноември е месец на Balea производи за коса. Првата колекција производи што ќе ги додели dm се состои од:
    • Balea млеко за сува и оштетена коса;
    • Balea шампон за сува и оштетена коса;
    • Balea балсам за сува и оштетена коса.
    [​IMG]

    Повеќе информации во категоријата dm drogerie markt.
     
    На gitamm, eminik, Verceart и 24 други им се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Не знам за dm и за други слични реклами ама само немојте бенефициите и бесплатната консултација со специјалисти за различни проблеми да ви биде како со прашувањето доктори - гинеколози, каде што докторите за многу кратко време се имаат откажано од форумот, иако идејата прашај доктор била одлична.
    Ова со истакнување продавници и брендови ми личи само на уште една реклама од Ваша страна.
     
    На Cinderfakinrella, Draginja, marice313 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Abeja А па инаку како ќе се покриеше неефикасноста и отсуството во текот на цела година? With поклончиња of course, they always work.
    Шала (не) на страна, мора некој да го спонзорира сајтот :)
     
    На Cinderfakinrella и simoncelicius им се допаѓа ова.
  4. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.262
    Многу подобро ќе беше да не се отвара посебна тема за подароци туку да се даваат подароци врз основа на веќе постоечката тема. Овака сите сега имаат супер мислење за секој производ.
    Баш е не реално. А можеше да биде супер.
     
    На Cosmo-Girl, Cinderfakinrella, Hipica и 7 други им се допаѓа ова.
  5. ♔ cυτє ♔

    ♔ cυτє ♔ Активен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со kolovoz. Сега сите се умилкуваат..
     
    На kolovoz му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Затоа требаше прво да се дадат производите по случаен избор,да се користат некое време,па од наградените ако некој смета дека производот е добар,да напише рецензија,ако не никому ништо.
    Вака сите рецензии знам дека се нереални и никогаш не би ме поттикнале да купам нешто.
    Жал ќе ми биде ако замре претходната тема што си ја имавме за ДМ каде што критиките и пофалбите беа реални,па знаев што можам да очекувам кога ќе го купам производот.
     
    На SV1911 и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.549
    Допаѓања:
    139.819
    Сега за една крема или шампон на сите им се допаѓаат и им се најдобри и сакаат да ги користат :)
     
    На Golden Rouse, cipoihipo, rose60 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.453
    Допаѓања:
    61.059
    Ама убаво пишува да се пријават заинтересираните во темата кои што ќе дадат рецензија ПОСЛЕ употреба на ДОБИЕНИТЕ производи... или само јас така разбирам :^)

    Значи како активна форумџика пријавиш се, добиеш производ и напишеш рецензија после употреба.
    Не е така како што разбравте, мислам нема потреба да се пишуваат мислења сега, ниту ќе помогнат лигавења за да ги добиеш производите, не знам по кој критериум ќе бират, дека е активна и сериозна членка би кажала, која ќе напише убава рецензија после.

    Толку убави рецензии девојките имаат дадено во темите за нега на лице и тело, верувам дека и тоа ќе им биде отприлика некаков критериум да изаберат.

    Во секој случај ќе видиме.
     
  9. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    Абе си пишува ако го имаш користено производот да пишеш рецензија, ама кој го почитува тоа? Сите гледаат да се улизнуваат за да земат подароче. Ако веќе им беше до толку дојдено за подарок, зошто не избраа соодветен пост кој е веќе напишан на форумов за тие производи па да го дадеа на таа девојка? Нели така ќе беше многу пореално бидејќи девојката која ја пишала рецензијата не ни знаеле дека ќе добие подарок?

    Сега одеднаш сите производи на ДМ, кои ќе бидат дадени како подароци, магично ќе станат најсовршени, најубави се нај нај.
    Само ме интересира колку зема фемина порадии рекламава на ДМ?
     
    На Hipica, ♔ cυτє ♔, Candice.S и 2 други им се допаѓа ова.
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Стоп, стоп, јас разбрав вака.
    Кој би сакал да напише рецензија да стисне „ми се допаѓа„ на поставеното прво мислење од членот ДМ, а наградата најверојатно ќе ја доделат на некој од тие кои имаат кликнато лајк и кои воедно се активни на форумов.
    Еве:
    Следејќи ги светските трендови, континуирано ќе обезбедуваме производи за рецензии. Секој месец ќе доделуваме 20 производи на активни форумџики кои потоа би ги замолиле да напишат рецензија за производите.
    Доколку би сакале да напишете рецензија, Ве молиме кликнете „Ми се допаѓа“ на ова мислење.

    З
    начи самите ДМ несакаат да бидат само фалени туку културно си бараат рецензија, никаде не е напишано дека треба да се улизуваш за да добиеш награда. Тоа си го мислат најверојатно оние кои се испотепаа да пишат најпофални зборови, а можеби и ништо од таму не купуваат. Мислам тоа е глупост, да фалам некого, а не сум го ни пробала воопшто нема никаква причина, плус производите што ги доделуваат се со пристапна цена и сигурна сум дека секој од тука може да си ги дозволи па не ја гледам причината за ова улизување, никаде не пишаа дека тој што е најзадоволен од ДМ ќе добие награда, затоа треба да се олабават малку некои членови.
    Мене ми се допаѓа целата идеја со наградите, убаво е што некој ќе си искористи нешто како награда, а потоа ако е задоволен може да продолжи и понатаму да си го користи, верувам дека на секој убаво ќе му дојде да си добие фин подарок.
    Значи се што треба да се направи е да се биде активен, мислам тие што си биле до сега и од сега ќе си бидат, не само заради наградите, а ДМ најверојатно ќе одберат некој кој се труди доста околу козметичките теми и кој дава реални мислења и совети па ќе му доделат награда. :)
     
    На Golden Rouse, 0306azz, anuskaNESTLE и 8 други им се допаѓа ова.
  11. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    6.262
    @mims-89 се надевам дека е така како што ти си разбрала. Искрено јас не ги разбрав:?:. Само според она како е сфатено од другите можам да речам ИДЕАТА Е ОДЛИЧНА АМА НЕ И РЕАЛИЗАЦИЈАТА се надевам дека ќе биде објаснато и нема да се полни темата со празни пофалби. Затоа што ако се продолжи вака, ми е страв да не излезе сега само поради 150ден, колку што чини еден производ, да си замине некој член од форумот повторно поради навреди. Затоа што историски е докажано дека ние не сме за вакви работи -
    за жал:(.
    Не сакам да размислувам негативно само се надевам дека @RainBow чита, па ќе и текне нешто по креативно или барем ќе ни објасни.
    Воедно сакам да прашам на колку време ќе одговара ДМ на прашањата и дали можеме да прашуваме каде може да се најде некој продукт ако го нема на пр. во ГТЦ.
     
    На simoncelicius и mims-89 им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Абе, добра си е идејата, ако им се дава - нека даваат награди, а и нема зошто да ми пречи да си се рекламираат...додуша, и онака AdBlock имам, па не гледам никакви реклами. :wasntme:

    Само што Мимс е од ретките што убаво прочитале. Вака од читање и недочитување, нарипаа со улизување. Не дека пречи, само е смешно и шаблонски онака.
    Имаше тук-таму добри мислења/искуства подолги од два реда, ама 95% се Топ-Шоп коментари кои те тераат да ја замислуваш феминката во црно-бела верзија кај што седи пред компјутер со чупава, изгорена коса, кога одеднаш преку монитор рака ѝ ги подава шампоните, таа ги зема неодлучно, но во наредниот кадар сѐ се враќа во боја, а таа задоволно си ја мазни меката коса и со насмевка го изговара редот што го има пишано во темата - како продуктите биле совршени за неа. :nod:
    Пардон, ја сам се мало унела. Гуд лак. (fingers)
     
    На Hipster, green.eyes, DzingrlakaDzikica и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Покрај тоа што си ја мазни, косата има неверојатен волумен и е тазе исфенирана во локни, кои ниту дождот што во моментот врне не може да ги растури, епа шампон ли е што ли е.

    Туку, како ќе се доделуваат наградите? На пример calliope добива интимен гел за туширање, подарокот да си го подигне тогаш и тогаш и calliope оди на каса, хелоуу ја сам calliope дојдов по интимата и после цел дм сат дознава која е calliope и на што ќе и мириса :D
     
    На blackwave, Draginja, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Ииии... :D
    Одам на главна каса, земам наградата, земам микрофонот и се заблагодарувам, давајќи пример дека веќе кучиња не подрипнуваат да ме замирисаат.
    После тоа завршувам ко оние мудрине изреки во некое списание:
    „Пред да започнам да го користам гелот, мојата V беше сува и од неа се ширеше непријатна миризба која ги одбиваше младичите во радиус од 3км. По еден месец употреба, веќе не беше умрена скуша, туку мирисаше на печено јаболко со цимет. Now I'm drownin' in dicks."
    [​IMG]
     
    Последна измена: 13 ноември 2014
    На rose60, blackwave, tace73 и 19 други им се допаѓа ова.
  15. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.690
    Допаѓања:
    8.638
    Пол:
    Женски
    @mims-89 А по која логика ќе изберат кој да го земе подарокот? Или кој да ја напише рецензијата? Затоа што сите ќе кликнат лајк на првото мислење и сеа што? На која основа ќе го дадат некому подарокот, или пак ќе одбере кој да пишува? Јас тоа не го разбрав.

    Иако мислам дека оној што ќе го земе подарокот, ќе треба да го испроба и потоа да пише рецензија. Ако е така тогаш сите кои пишувале дека се задоволни од производот не би требало да го добијат затоа што веќе нели го испробале и знаат каков е.

    И реално пола од тоа што е пишувано во темата не ми е баш верно, излезе дека сите го користеле баш тој производ и баш од него се многу, многу задоволни. А од каде да знам дека навистина и го користеле?

    Идејата за консултации баш ми се допаѓа, ако ништо друго можеме да им дадеме било критика било совет за нешто да подобрат, на што да внимваат, што ни смета итн ама ова со подароциве ич не е добро осмислено.
     
    На Candice.S му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Цанде златен, ај земи ми бекутан крем од алкалоид. Сува ми е веќе пресушена, пуста кожа се исуши :D

    0:03:48

     
    На cipoihipo, crazylady, Verce_oh и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.549
    Допаѓања:
    139.819
    Наградите се даваат на следниот начин:
    Интимен гел добива членката која кисне во секс ќоше и се прашува дали и мириса нормално „тетката“.
    Шампон добиваат сите кои се жалеле дека им е мрсна косата во Вашата коса.
    Шампон за фарбана коса добиваат сите со слики од фарабна коса.
    Гел за туширање добиваат сите кои пишале во темата - колку често се бањате, а нивниото често е два пати неделно.
    Крема за раце добиваат оние кои имаат убави нокти, а изедени мевца на прстите, евидентирано во темата Вашите нокти.
    Парфем добиваат сите што не пишале во темата Твојот парфем.
    Восок за депилација имаат оние кои кажале дека сакаат фризурка таму доле, добро обликувана.
    Лабело добиваат сите кои ќе се лижат за да добијат нешто - ќе им испука устата на ветеров.
    Антицелулит крема добиваат сите во Морална поддршка за оние кои сакаат да ослабат.
    Пудра добиваат сите кои се пожалиле на бубуљици.
    Паста за заби за сите кои пишале во темата Како до побели заби.
    Антиејџ крема за сите кои пишуваат во темата За сите над и околу 40сетата, со посебен пакет за @lunicka што ја отвори темата.
    По една машка колекција за малиот број на секси мажи на формов.
    Лубрикант за сите што пишале дека не се влажнат.
    Влошки за сите што се пожалиле дека имаат долга менструација во темата Колку денови ви трае менструацијата.
    Бебешки креми за сите што пишале дека се породиле и сите што им пишале честито.
    Крема за подочници за сите студенти кои се жалеле во колеквиоумска.
    Антистрес гел за туширање на сите кои пишале во темата Анксиозност.
    Креми за слабеење за сите кои кликнале на Фемина инстраграм и креми против изгореници за оние кои ставиле слика од печење во истата.
    Упаствата за користење ќе им бидат дадени на членките од Правопис. Креми нив не им требаат, мозокот им е убав.
    Креми за стапала за сите кои во Модни критики ставија слики среде лето во чизми.
    На Гордана фискалните, оти се грижи за тоа кај ќе легнат парите од рекламите.

    Сите добивте по нешто? За мене фала, сама ке си купам крема за нокти што искршив на тастатурава :)
     
    На gjoker4e, Saige, Ники. и 26 други им се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Фала, Чка. Задоволство би ми било да ги читам упатствата. :wasntme:

    Инаку, добра е идејата, ама реализацијата нула. Дури смешно ми станува кога ги читам сите:
    „Совршено за мојата коса“, „Прекрасно за мојата сува коса“... :rofl:
    Некој погоре имаше спомнато фотошоп (топшоп де :lol:). Баш такви се бе. :D

    А јас мислев дека ќе го достават дома производите, а сега гледам требало сам да си подигнеш. Ептен аристократски мисли имам. :angel:

    Инаку, најправилно ќе беше ДМ да исчитаат по темите скришно и да одлучат по таа основа кому да му дадат поклонче :bandit:. Вака сега сите за презадоволни од тие производи. :drunk: Јас лично, не би се спуштила на тоа ниво да лижам гз за 150 денари. Простете вака. :*:
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Немора да има логика, ќе доделуваат на активни членови кои активно пишуваат на форумов, е сеа незнам дали само оние што се активни во козметичките теми или општо на форумов, активни од тие членови што стиснале лајк на мислењето нели.
    Леле се осеќам ко јас да ја организирам награднава игра :D па ги појаснувам правилата. :D
    Најверојатно ќе објават јавно кој го добил подарокот и ќе се чека рецензија од тој што го добил. Е тој што ќе го добие подарокот нема зошто да лаже и да прави филмови колку е презадоволен од производот, нема логика да лаже кога веќе го добил. Па ќе бидат реални рецензиите. претпоставувам дека секогаш различни членови ќе добиваат подароци.
    Така да нема потреба сега за џабе да се пишува јас го сакам подарокот, јас јас јас!
     
    На koritsaki, specificone, IamSexyAndIKnowIt и 2 други им се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.358
    Разбирам јас како секоја фирма треба да става редовно продукт на официјален тест. Јас таа услуга им ја правам на Lush. Извинете за нивната реклама на темава.

    А тука гледам нешто што е обичен процес во фирма со козметики и средства за хигиена, барањето на тестери направено и исфилмано како наградна игра. Ако е подарок зошто барате рецензија? :P Дајте на момите со алал и готово, или кажете си како што е, бараме волонтери да тестираат продукти. Не им мачкајте очи на момите.
     
    На SV1911 и Cka им се допаѓа ова.