Нели има конултации со стручњаците од ДМ. Кај кого да се консултирам за сите наведени произвои од @Cka ??? Сакам подароцииии Мислам дека сите ќе ми требаат, а ниту еден производ од ДМ немам купено. Лажам еднаш купив фарба за изгорена коса, ми се бендиса бојата, џоа морков во тоа тиквата станав. Навистина чудно колку мизерно делуваат со она дека користат такви производи (со исклучоци), а благе везе нема.
Не сум ги користела производите на Балеа до сега, но на Интернет помеѓу корисничките има поделено мислење за нивните производи: некои велат дека се одлични, ама има и многу кои не се задоволни. Јас сум искрено пребирлива за креми, лосиони, млека за тела ама би сакала да ги пробам нивните производи. Во ДМ до сега некој не ми паднал особено во очи за да го купам. А шампони се уште посуптилна работа така што ако се навистина квалитетни како што тврдите, тоа е супер иако лично сум многу разочарана од шампони. Патем сега забележав дека всушност поминало многу време а наградава не е доделена.
И мене ме интересира Далерон, постирав во другата тема за ДМ со намера да добијам одговор и го чекам. Всушност добил некој одговор од дотичниве? Многу сум разочарана а бев навистина верен потрошувач на ДМ
Мој совет би било да се даде на некоја феминка неколку производи на пример за лице и по одредено време таа да направи рецензија за истите. Нормално ДМ,па зашто да не и други компании треба тоа да го прави на членови кои се сигурни,а не на секого.
Не само рецензија обично вака туку треба малку девојките да поработат на видеорецензии и на Јутјуб. И тогаш да има на кого компанииите да доделат такви производи. Јутјуб е полн со рецензии, ама некои девојк навистина се трудат да го направат тоа.
За да поставиш видео рецензија на јутјуб треба да излезеш од анонимноста и не е во ред тоа да се бара од членови на анонимен форум. Едно е на фемина да напишеш дали шампонот ти се погодил и дали маската ти ја мрси косата, сосема друго е да се појавиш со лик и име пред цел свет (а настрана фактот што некој `душебрижници` едвај ќе те дочекаат за да те мрчат, Македонија нели..) Мене ми се допаѓа идеата на @dimebencov - нека се отвори конкурс на кој ќе може да се пријават оние членки која се нафаќаат да напишат рецензија, од нив (според некој критериум или случаен избор) нека се изберат неколку на кои ќе им бидат дадени продуктите на користење и после некое време девојките ќе ги објават своите впечатоци.
Во моментов следам неколку девојки од Србија, Хрватска, Русија, Велика Британија и Америка. Тие од Велика Британија и Америка се веќе многу повеќе и не се анонимци (иако видеата од пред 5-6 години кога почнувале им се обични и аматерски). Сакам да кажам треба некој конечно да излезе од плакарот и да каже своето мислење. На крајот гледам како меѓу девојките од Србија и Хрватска постои еден убав начин на разменување искуства, тие тоа така го сфаќаат. На крајот мене лично ми помогнале нивните рецензии во одлуката дали да купам или не некој козметички производ. Треба да има повеќе размена на искуства за шминка козметика и убавина во Македонија. Ама сите се плашат од сеирџиство.
@trlala, јас се согласувам со тебе за тоа дека треба да има повеќе (и јутјуб и секакви) блогерки кај нас но ние тука првенствено правиме муабет за објавата на тимот на ДМ дека ќе се доделуваат продукти за рецензии. Да те потсетам : Spoiler Ако ти си доволно храбра и самоуверена да излезеш пред македонската јавност и да си ја пробаш среќата како блогерка, јас прва ќе ти стиснам лајк на видеото но извини вака ама многу лицемерно ми е што префрлаш дека ете, тука сите се плашат од сеирџиство, за разлика од нашите соседи а всушност што правиш ти? Биди фраерка, скрши го ти прва мразот (или со твој зборови- излези од плакарот), исконтактирај ги дечките од Дм па предложи им ти да им правиш видео рецензии на јутјуб
@Nausicaa Знам дека избегав од главната тема и дека сосем за нешто др. беше муабетот. Патем веќе почнав да правам подготовки (се надевам дека нема некоја друга да ме зезне во меѓувреме и да стане прва) од технички аспект за шминка, козметика стил, начин на живеење и сл. урбан блог. Како што кажав ми треба време да набавам некои потребни почетни материјали, би требало за месец два да почнам. Можеби баш и заради тоа ми дојде вака да ја започнам темава.
ааа мислам дека ќе треба да пееме ... Елко, елко порасни уште две три педи за да може ДМ дарови да реди Ве фати Новогодишното расположение... Spoiler Друштво ние многу сакаме подароци ама да не ве банкротираме
@dm drogerie markt јас сакам да прашам во која тема треба да се пишуваат рецензиите? Би било добро да отворите една специјална тема за рецензии, да не се пишуваат и други работи за да биде попрегледно, или можеби да се пишуваат во темите за доделување на подароци, под секој подарок посебно... Незнам како имате замислено, кажете ни.
ДМ е тип на маркет кои би бил добро да постои во секое гратче прибидејки имаат навистина голем дијапазон на производи потребни на поголемиот дел од населението по многу достапни цени