Jaс си имам едни кремаво бели, и одлично ми стојат со една спортска зимска јакна во иста боја И што е уште подобро, што на нив за мене никогаш не им врви модата А зошто ви изгледаат страшно? Баш се слатки ако успееш да ги искомбинираш Кога бев мала имав окер боја Сега пак би купила некоја дреч нијанса И да, гумените чизми биле убави дека со шари, а мартинките не, свашта
Во зима носам само мартинки, иако не држат многу топло барем сум сигурна дека нема да ми пропуштат. Имам два пара, не ми се doc martens, зашто не ми се дава 150 евра. Еве ги едните, ептен си ги сакам затоа што се уникатни, подзинати а другите ми се обични црни.
Јас ова чудо никогаш не би го ставила на нозе.Многу ми се грди,премногу. На женска нога не изгледа убаво воопшто,некако грубо делуваат.
Искрено, не ми се допаѓаат. Ги имам носено како мала, ама сега не би ги носела во никој случај, па ако сака и 100 пати нека им се врати модата. Интересни ми се оние со цветните дезени, ама се сомневам дека би облекла вакви - замислувам како би изгледале вакви чевли на моите сламки од нозе
Имам оригинал црни и си ги носам. Ги купив пред 3,4 години од Хрватска. Воопшто не ми е жал што фрлив толку пари за нив,многу ми се убави а за во зима па,што убаво ми одговараат. Ич не се замарам со чизми или не знам какви таму кондури за снег. Ме нервираат оние новите,шарени мартинки. Повеќе ми се допаѓаат еднобојни. Како иде напред времево,имам чувство како да ја губат смислата. Ми се гади кога ќе видам мартинки со хелоу кити
Едно девојче од мој клас носеше вакви за матура...Баш ми се свиѓаше како и стоеа, сепак тоа си е нејзин стил
Ги носеа конверс сега се збори дека од септември ќе ги има пак но не сум сигурна. инаку сега за сега колку што имам слушнато никој не е увозник.
Немам онакви оригинални со железо или што и да имаат во нив, туку два пара од Графити, едните пониски другите малце повисоки. За во зима се топ, мислам за на снег. Не ми се свиѓаат нешто многу, а и не ми е јасно како издржуваат во нив тие што ги носат и во лето. Мене ми се секад нозете мраз ама во лето мислам не би издржала во вакво нешто
Да ви кажам право мене ми се страшни,ме потсетуваат на еден страшен лик во еден цртан не ми текнува како се викаше како помала од страв од него само во вц не одев така да никогаш не би ги носела