Искрено, грди ми се ептен и по никоја цена не би ги носела. Не ми се вклопуваат ни малку во стилот, и освен тоа делуваат многу грубо.
Порано како помала наследив едни од братучедка ми црни и си ги носев! Сега воопшто не би ги носела многу ми се гломазни некако ми немаат елеганција грди ми се,али коа си мал не се замараш што носиш така да...
Јас да ве известам дека дојдоа оригинални Doc Martens-и во Converse во центар..ги има на излог и само црни се мислам,но ги има и ниски и високи
Да, има во Конверс мартинки и има црни и виолетови, а има како зебра со такви линии (виолетово со црно и бело со црно) Највисоките што се скоро до колена се околу 11 ијлади, помалите се 7 ил., и најниските не видов колку се, ама тие не ми се нешто посебно. Многуууу ми се свигаат, посебно тие највисоките , ама за жал многу се скапи и нема шанси да ми ги купат.
Најниските, црни се 6500 скапо е, да но за кожа се ислпати Татко на една другарки има црни ги носел над 10 год. и уште се како нови! Многу се тврди и си правени со железо, унисекс се и со сигурност доолго време ќе ги носите
Прво сакам да прашам дали мора да биде конецот жолт за да се бројат за Мартинки? А друго си имам дома едни високи се до под колена,црни по боја...но само конецот наместо да им е жолт од мачкање со боја сигурно се напраил црн xD Во зима убави ми се за носење,но ретко ги носам,оти кога ќе ги облечам ме глееат ко да сум од МАРС падната.Мене ми одговараат искрено на мојот вкус па сеа... Иначе глеам девојки прашувате колку пари се Јас моите пред едно 3 години ги платив 2000 денари,и уште се живи и здрави Можат да се носат
Баш се израдував што читам дека донеле... едно време ги немаше.... Си имав јас мартинки пред едно... 12 години... душата им ја извадив... кога отидов со моите да си ги купам, мајка ми се запрепасти... ама после кога виде колку ги носев, се исплатеа парите... моите траеа 5-6 години и тотално ги уништив... (да потенцирам дека за мене 5-6 годнини се еквивалентни на 10 години на човек што не оди како коњ)). Па си купував врвки во боја, па шарени... абе детска радост.... Е, стварно се израдував.....
Глупости бе, да му се присере на човек од овоа глупава мода! Се да се искомерцијализира по ѓаволите! Што ги направиле цветни? Па и тоа во Винтиџ стил, Господ да чува Така и конверсот се искомерцијализира, џабе ги имам сега кога ги има и цел град
Ги носев порано кога бев помала и тоа не оригинал, од проста причина што оригиналните ми беа скапи, многу ми се свиѓаа и со денови сонував за нив и ден денешен ми се убави, но бидејќи се одвикнав да носам ниски обувки би го избрала овој модел и тоа доколку има црни одма ги купувам.
Па ова не ми изгледа на мартинка.. Инаку, ми се допаѓаат ама не сум баш сигурна дали би носела. Можеби, доколку најдам некои што навистина ќе ми се допаднат и воедно убаво ќе ми стојат.
класична мартинка не, но некоја варијација на мартинка, http://www.dmusastore.com/images/product/medium/12640220.png истата фирма ги произведува.
Уф, првите вакви ги добив кога тргнав да одам на забавиште. Најгрозните обувки кои сум ги имала некогаш во животов, значи погрди немало и нема да има. Па кафени беа со црвени врвки - да ми одговараат на палтото, ајде де. Ич не ми се допаѓаа, ама си мислев дека ако кажам - не ми се допаѓаат - ќе се налутат моите и нема ни да ми купат (која логика!), па трај бабо. Никогаш повеќе не би облекла, ич не ми се по вкус, а и многу ми се неженствени некако.
Ако е точно дека конечно ги има во Конверс следната недела одма одам да си ги купам, и да, сакам црни или кафени. Има?!
Абе, ако гледаш така, истата фирма и сандали произведува... http://www.dmusastore.com/c-12-sandals.aspx
да ги има и се топ и има од петокот плус уште модели да дека се скапи али се топ и квалитетни и се исплати за цената мои фаворит е
Мартинка се знае, не може фенсерка да носи, не се губете. И самите мартинки и конците на нив си имаат своја симболика, ама на кого да му објасниш, Овдека ни “М“ од мартинка нема. Е многу ме вади од патики кога нешто епик, нешто што било со генерации уназад и било аусајдерско и си имало своја убавина е превземено од холивудскине пуфли и е уништено со пример, цветни дезени. Мартинки? Цветови? Please.
Мене ми се како шлапатарки, ко кловновски во тоа напред делот.. Ќе речам браво, навистина, ама на тој што знае како да ги носи - панк-рок-метал или нз каков стил, важно да се вклопува со гардеробата. И арни се само еднобојните, посебно црни или кафеави. А оние со шарки и дезени ко за шмизли демек се правени ама пфф шмизла никогаш не би облекла нешто онакво.