А дали знаеш отприлика колку чинат во Converse?? Мислам дека има и во New York во Веро Центар, ама не сум сигурна и не знам колку чинат... Сакам да си купам црни, знам дека за нив смрт нема, јаки се!
Не ми се ништо посебно. Да ги гледам на друг - океј ,ако му е во склад со стилот ,а не само онака наврени колку да се речи дека човекот имал Мартинки ,ама ни под разно не можам да се замислам да имам вакво чудо на мене ,прегруби и премашкудански ми изгледаат.
5990 до 10.990( оние што ми се допаѓаат мене) , она класика отприлика 6990 или 7690. Што се однесува до оргиналноста само конверс има лиценца да ги носи она оргиналите мартинс бар јас таква имам информација. Сега најново има и тимберланд во конверс и штикли во кој ептен се заљубив се знае мартинс се
Колку чинат и каде ги виде? Ве молам луѓе кажувајте колку пари се и каде сте ги виделе, пошо планирам да си купам, ок!?
епа ги има скоро секаде (низ цела македонија ) најчесто кај продавниците за чевли јас ги видов во една продавница само незнам како се викаше ... А незнам колку чинат зашо од далеку ги погледнав
За секаде, низ цела македонија, нема баш. Јас зборам за оригиналот, ги има само во конверс и над 100 евра се некаде најефтините, јас имам црни ама не се од државичкава наша, ги немаше оригиналот тогаш тука кога барав, пред едно 2 години ги купив, сега почнав дури да ги носам, и баш им се радувам црни си ги комбинирам за мераци, мене ептен ми се по ќејф.
Јас имам зелени премногу ги сакам и со се ги комбинирам а па дека се зелени уште поинтересно стои! Иначе не сум видела скоро во Конверс да има мартинки али ќе побарам деновиве иако нема шанси да ми ги купат за жал овие ми ги даде братучетками она не ги носеше повеќе па ми ги даде а скоро 10 години ги носеше сега има црвени и двата пара си ги купи пред околу 10 години од Конверс
Имитации на мартинки видов низ повеќе продавници во скопјево, како и низ чаршија. Оргиналните ми се допаѓаат најмногу ама гломазни се и воопшто не ми стојат, како мачорот во чизми сум! Имам едни кафеави од Н&М така да кој ќе оди до Cолун во брзо време нека провери, имаше различни и во други бои. Иначе си купив вчера едни чизмички џоа мартинки од чаршија за 1200.
Тотално исти вакви имав. Ги купив преку еден другар, оригиналки од Лондон. Ги носев во средно, во сите можни комбинации. Пред некој месец, кога чистев во подрум, ги најдов, позеленеле од мувла пустите Ама тоа е, кожа, а непроветрена, и ги фрлив. Доста изодеа, сепак.
Во Конверс, во ГТЦ. Овие што ги зедов се 6700 затоа што имаат челик. Морав да земам со челик затоа што немаше 36 без челик Ако носиш над 38 ке има и се 6500
Не ми фаќаат окце ич,не би носела,не ни носам Али вака на други да видам што носат,океј ми се,океј стојат,ама за мене не се дефинитивно,како паторче ќе бидам