Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Doc Martens (Мартинки)

Дискусија во 'Мода и стил' започната од LadyStyle, 15 март 2011.

  1. Marijasp

    Marijasp Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2014
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Само овие ми се допаѓаат. Не сум некој голем љубител на мартинките.
     

    Прикачени фајлови:

    • 2.jpg
      2.jpg
      Големина на фајлот:
      19 KB
      Прегледи:
      121
  2. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Ахххх ги обожавам :inlove: :inlove:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На FridaodaMk, senza.parole и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  3. Pipaa

    Pipaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Не сум баш љубител бидејќи незнам колку би ги носела, иако потајно посакувам едни црни најобични класични.
     
  4. mackica1

    mackica1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    1.721
    Пол:
    Женски
    Имам црни со челик и тоа од старите модели, сега не сум видела такви на продажба чак што више и на официјалната на доктор мартинс нема такви баш проверував :D а новите модели уопште не ми се свиѓаат.

    Одамна ги немам облечено но ги имам носено на неколку концерти, не се удобни и тешки се, мислам дека повеќе се за израување на некаков стил отколку да се чуствуваш удобно во нив, порано многу ги сакав сега сеедно ми е и мн ретко ги носам.
     
    На Mrs. Lovett и Kukla994 им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.740
    Пол:
    Женски
    Сон ми е да купам едни вакви.
     
  6. skinnylove

    skinnylove Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    463
    Си купив пред некој ден мартинки 1460. Обично носам 40ка број на обувки, некогаш и 41 но за секој случај купив 41. Ги пробав, се супер. Читав дека многу тешко се разодуваат, ги наполнив со весник и ги оставив да отстојат така преку ноќ. И кога станав, ги пробав, и се прошетав низ куќата максимум 5 минути. Абе нозете ме болат, умирам од болка. Мислев дека сум изодела километри со нив. Над тетивата ме стега тоа кожиштето дебело и одам како патка со нив. Само јас ли сум со овие маки?
     
  7. Catherayn

    Catherayn Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    ^^ Ке ги поносиш и ке омекнат..:)
     
  8. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.408
    Допаѓања:
    9.353
    Пол:
    Женски
    Да имам носено убави се, ама некако не ми се по кејф :wasntme::wasntme:
     
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Какви се мартинкиве за на снег? Зборувам за оригиналните Dr. Martens.
     
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мојов одговор не е баш конкретен, само знам од искуство на сите пријатели кои ги имаат дека се презадоволни. Ги носат со години, преку 6-7 години...
    А, од мое искуство, сите кожни чевли на зима ми држат ладно (а, баш мислев дека ќе држат топло). Освен превртена антилопа, таков вид на кожа ми држи топло.
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Fauhxy

    Fauhxy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2016
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    2.130
    Пол:
    Женски
    За на снег се океј, ама малце да подзамрзни ептен се лизгаат.
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Имам едни вакви, бордо. Сакам и црни, само џабе ќе ги купувам колку да имам, работата е да се носат, а засега сум снабдена со обувки.


    Можат да изгледаат грубо и лошо кај кој не знае да ги комбинира, инаку се убави.
     
  13. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Да се пофалам дека си купив мартинки. Имаше 20% попуст во Arthur's, па прилично брзо се решив и се подновив. Ги одбрав овие, all black верзија на класичната црна мартинка. Ми се свиѓаа и белите, но затоа што овие ми се први мартинки, играв на сигурно со црно.

    Очекував да се потешки и понеудобни, но пријатно ме изненадија. Мене воопшто не ми се тешки, можеби затоа што и претходно носев погломазни чизми од типот на Timberland и слични. Ги разгазив за 4-5 дена (со едната прилично се помачив), но сега ми се топ. Ги носам постојано, ги комбинирам најразлично и тврдам дека нема подобра чизма за на дожд. Лесно се чистат и колку повеќе се износени - подобро изгледаат.

    Бонус е што додаваат некој badass фактор. Периодов не ми е нај и кога и да ги облечам се чувствувам посамоуверено.
     
    На senza.parole, marta993 и do-re-mi им се допаѓа ова.
  14. IvanaJenner

    IvanaJenner Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2017
    Пораки:
    443
    Допаѓања:
    555
    Пол:
    Женски
    Не сум ги имала никогаш.
     
  15. puffla

    puffla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    52
    Каде можам да најдам машки мартинки за поклон до 4000 денари
     
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Види во Артурс ако имаат некои попусти, а мислам имаат, таму ти се оригинал.
     
  17. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    @puffla
    Немаат општ попуст моментално во Артурс, редовни цени се 10-15 илјади, само неколку пара се на попуст и чинат околy 8 илјади, пред некој ден гледав.
    За таа цена (до 4000), само копии можеш да најдеш по други продавници.
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Мислев имаа некои по 6000 и нешто на редовна. Ама може и грешка сум :) Сепак ѕирни на сајтот.
     
  19. puffla

    puffla Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    52
    а фејк кај можам да најдам дали знаете?
     
  20. Waverly Raven

    Waverly Raven Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2017
    Пораки:
    3.353
    Допаѓања:
    12.559
    Пол:
    Машки
    Освен во Arthurs се наоѓаат ли некаде мартинки во Скопје или можеби од интернет да се нарача..?

    Пред неколку години си купив од таму чизми, а сега меркам ниски-чевли, ама страшно ги зголемиле цените. Тогаш ниски чевли беа околу 100 евра, а сега се колку шо тогаш јас ги купив чизмите. :worried:
    А пак на страната на Dr. Martens чевлите се уште се околу 100е.