Девојки, производите на Doctor's ги споменувате во некои теми, но јас сакав да направам тема само за нив. Ме интересира колку сте задоволни од нив,од кремовите,тониците,сапуните,медицинските креми,од се.......јас имам еднаш купено крем од Веро и кога го отворив беше пола потрошен , и бидејќи се многу ефтини немам некое позитивно мислење за нив, но гледам дека некои од вас ги фалите.Па ајде пишете на темава кои нивни производи ги користите,колку сте задоволни и сл.
Mаја јас сум задоволна од кремчето на докторс од магдонос што е за пеги башка кога ставам од него не мора да ставам пудра а и ако е ефтино не значи дека не е квалитетно. сапун немам користено од докторс само мерима сапун користам
разгледувајќи го сајтов ке ја пробам кремата со краставица,пиши дека е баш како за мојава кожа,па ке видиме,ќе пишам како е,а инаку во право си дека чим се ефтини не значи дека не се квалитетни,имам купувано многу поскапи производи но без никаков резултат,разочарана сум дури
Јас го користам кремот за лице Doctor's Protection и морам да ви признам дека многу помага при воспаление на лицето, на пример после третман на лице, отстрануванје на црнки.Не го користам секогаш, обично се мачкам навечер пред спиење.Добар е за комбинирана кожа и не е тежок крем, затоа што му дава на кожата да "диши".Купете си и пробајте не е скап нема што да изгубите
Може ли да ми пишиш колку пари го купуваш кремот и од каде,а инаку имам користено шампон и не сум задоволна многу првут ми се јави
Jaс од Докторс ги имам користено шампонот со Силикон кој не правеше пена и на крај го фрливме, антицелулитниот гел кој беше ужас , сапунот против акни на времето- кој не ми помогна воопшто , детската витаминска крема која е невозможно да ја намачкаш, така што, после толку упорност да им дадам шанса, бев принудена да се откажам од нив За мене Докторс е синоним за неквалитет
хехехе се сложувам со тебе за производите кои ги наведе, навистина е реткост да најдиш нешто со убав квалитет од докторс, но како погоре што кажав едниствено нешто за кое не се надевав на некој посебен ефект имаше докторс протекшн
Ништо не ми се допаднало од докторс,сум го користела шампонот и лосионот з акни и воопшто не ми се убави
јас ја имам купено колекцијата против акни и со еден збор ќе ја опишам како ужас...прво го користев кремот со лосионот, ама кремот за брзо го оставив, ужасно мрзен беше и се чувствував како сијаличка се до следното миење на лицето(без разлика колку време поминало) лосионот немаше ефект, па го заменав со гелот, од кој заедно течниот сапун добив спротивен ефект (од лице со по некоја ситна мозолка излезе крставица ) Спојлер не е смешно добрата страна е што откако прекинав да ги користам по некое време ми изчезнаа Спојлер добро сепак јас се нафрлувам и од еден куп други производи ама сепак не ми текна друг пат да купам нешто од нив Спојлер ваков беше кремот, а гелот, лосионот и сапунот вакви беа
Јас го земав пред некоја недела ова кремче за сува и дехдрирана кожа и добро е, дава голема влажност. Го користам чат пат. Како и да е не сум запознаена со фирмава, освен што читам од крајност во крајност, дека некои ептен се задоволни од некои производи или некои што воопшто не се задоволни, средина јок
дали сте користеле докторс шампон прополис за забрзување на растот на косата и како сте задоволни од него?
Јас имам користено лабело од DOCTOR'S ( не можев да најдам слика да постирам), демек од ментол беше, ама смрдеше на сушена трева и кога ќе се намачкав почнуваше да пече, ми ја направи устава како шмиргла . Буквално ваква бев во устата, не ни чудно што излегува оваа слика кога на гугл ќе напишам doctor's lip balm. Спојлер Оттогаш повеќе не ми има текнато да купам нешто од DOCTOR'S.
Морав да ве цитирам двете Го имам кремов и мене само ли ми мириса некако чудно ? Прво со сапунот анитакне, па лосионот и ко ќе ставам од кремов после некое време ми замирисува лицево на белка од јајце не знам зошто или така ми се чини? Ко почна да ми мириса кремов, почнав да се разочарувам и некое време не го користев и не го користам ама нема некој негативен ефект барем. Колку толку добри се, ама сепак ќе продолжам да ги користам уште некое време пред да кажам дали сум вистина задоволна, други производи освен антиакне од докторс немам користено, а да една маст лута со ментол за болки во мускулите ја имам користено лути и добра си е лади.
јас ја користам кремата против акни што е, и искрено задоволна сум многу, само кај мене се појавува еден негативен ефект од тоа за жал. На местото кај што имам акна од коа ке ставам од кремата, ми поминува ама после ми се праи лишај и страшно ме нервира, па го мачкам со кремче и за 1 ден и него го снемува , но некогаш и подолго трае, и коа ке ставам пудра на лицето, изгледа како да ми се лупи кожата тамо. Е само тоа ми е замерка, а може и не е до производот може и до мојата кожа да е
да да потврда за овај производ што го спомна, го користев пред 2 години и стварно е супер, убаво мириса и на самата паковка пишува whitening, за побел тен и белеење на флеки. Сум користела и многу други производи на докторс, од производите за лице најзадоволна сум од ова кремче со магдонос и од пилингот за лице со праска, исто многу убаво ми е млекото за чистење на шминка, многу убаво мириса и на паковката има слика од растение ( не можам да се сетам како се викаше ). Имам користено и силиконски капки од докторс, но не ми се нешто посебно, исто така и балсам за коса со пантенол, и од него не сум задоволна. Значи заклучок според мене - имаат и добри и не толку добри производи