Од производите на DOCTOR'S имам користено само крема антиакне со состојки од камилица! Првичните резултати од употребата на кремата не ми се допаднаа и затоа веднаш ја исфрлив од употреба! Други производи од оваа козметика немам користено а одамна си мислам да го купам сапучето за кое имам слушнато доста пофални зборови!
Да, навистина различни коментари, од кои најмногу преовладува придавката ужас Како и да е, секој си го познава лицето/телото најдобро. Јас од кремот против акни ставам само на акната и оставам да отстои повеќе време (освен ако сум го избришала незнаејќи). Така правам 2-3 дена и веќе акната ја нема, а лишаи не ми се прават како што спомна една членка. Во врска со мирисот, јас кремов го користам 2 години сигурно, па не ми мириса лошо. Цимерката сега пред некое време го купи бидејќи виде дека има ефект, и единствено се пожали за мирисот.
Јас едно време го користев шампонот за сува коса со силиконски капки али едвај сапуница пушташе. Не знам по колку пати ставав за да се распени. Ама косата ми беше преубава. Исто користам крем антисептик од камилица, а пилингот премногу ми се свиѓа пробајте го него.
имам користено крема за лице од камилица против акни мн.ми помогна пробајтеа а и шампоните не се лоши само маските за коса ми е очај незнам др.дали има пробано
И кремата и прашокот со состојки од камилица против акни се заникаде. НО Најверојатно на секоја кожа исто не делуваат.
Од Докторс производите имаме користено само млеко за сончање, фактор 50 и бевме задоволни, го препорачувам, не изгоревме.
И јас ја зедов кремата за да пробам да избелам една флека што ја имам. Ама што знам, брзо е ваљда само 1 недела се мачкам а и да си признам дека понекогаш и заборавам да се намачкам. Ајде ќе ви кажам за некој месец дали има некаков резултат за белење
јас ја имам оваа крема од докторс, ја користев една недела, не е лоша ама не е тоа тоа, ја земав поради точкиците кои ги имам под очи, бидејќи вика антирид и антивринкл, а под тоа јас подразбирам против брчки и точкици, но не ми е исчистија, можеби кремава повеќе е наменета за брчки отколку за точкици.
Ги имам користено кремата и лосионот од камилица што се антиакне ама ич не сум задоволна. Од лосионот немаше никакви ефекти, а кремата уште повеќе ми ја мрсеше кожата и предизвикуваше појавување на нови акни.
кремата за избелување на пеги како ја користите? ставате на цело лице или само онаму каде што имате пеги? и после колку време да очекувам да исчезнат пегиве?
Јас го имав истиот проблем со кремата. Ја ставав само навечер пред спиење, и кога станував наутро цела кожа ми сјаеше (а не ми е до толку мрсна, никогаш не ми сјае). И ми се појавуваа нови брунчиња на челото, па ја баталив. Задоволна сум од пилингот за лице, порано ми се лупеше кожата на носот, ама со тој пилинг ја средив. Добри се и силиконските капки за коса.
Од Doctors го користам само сапунот против акни. Го мијам лицето наутро и навечер со него и задоволна сум. Кремата за избелување на пеги ја користеше другарка ми и воопшто не е задоволна! Ставаше навечер пред спиење и лицето и се нафрла со ситни мозолчиња што дотогаш воопшто ги немаше. Не знам, можеби влијае различно на секој тип кожа ама повеќето гледам не се задоволни од неа...
Jaс сум најзадоволна од пастите за заби Ја користам и некогаш антисептик кремата со камилица (од толку креми за лице, не можам од лани да ја истрошам )и не е лоша. Исто и антибактерискиот сапун. Ама ништо за паѓање во несвест Ефтини се, и не се лоши А од кога се мислам да си земам пилинг од Доктор’с, ги пофаливте и порано, баш ќе барам деновиве, и ќе апдејтувам тука
Па има стварно некои добри производи али се зависи од типот на кожата и како таа реагира на препаратот. Мене лично лицето ми се направи лом од кремот за акни а на другарка ми мн и помогна ептен го фалеше. Сега го користам медицинскиот сапун и мислам дека никогаш нема да го сменам зашто ептен ми се погоди а добар е и тој за флеки ...
И јас сум презадоволна од овој сапун имам комбинирана-мрсна кожа и многу ми помага за мрснотијата ма т-зоната. Го користам сабјле и навечер, а од кога ќе се измијам ставам обавезно Бекутан кремче и сепер ми е. Топло го препорачувам.
Мојата другарка, имаше значи еден куп бубулици на челото, и си стаи од Doctor's losion camilia (или камилица не ја разбрав баш убаво) абе значи одма и се разчисти челото, онака мислам не ми се веруваше.