јас од докторс до сега ги имам користено ацетонот и сапунот против акни...ацетонот ми беше супер ,од кој било друг ацетом ми побелуваше козата околу ноктите ...., а од сапунот одимав уште повеќе бубулици..
Најдобрите производи за против акни се на докторс, јас лично подолго време околу 1-2 години ги користам лосионот и кремата против акни.
Јас ја имам кремата против акни од камилица. Мајка ми ми ја купи пред година дена и повеќе може, ама многу малце ја користев. Ептен лошо ми мирисаше и по многу кратко време се откажав. Ама тогаш не ни имав некој проблем со акни, прилично чисто ми беше лицето па не ни сакав да си го мачам со препарати. Ама затоа сега, пред да добијам обавезно некое крокодилче ми излегува И бидејќи моментално имам три крокодилчиња, и тоа на чело, завчера се разбуричкав по кремите и се решив да и дадам втора шанса. Сега за сега како што гледам добро ми делува, па за некој ден ќе ви кажам дали ми помогнала.
Кај можам да најдам од тој крем што е за лице со база на морков беше.Односно кај има на DOCTORS да не лутам по продавници .
Инес, Докторс има низ сите аптеки, провери во Зегин или Еурофарм. Веќе ги има и низ маркетите, често ги забележувам.
Најзадоволна сум од медицинскиот сапун со биоактивен сулфур и природен боров катран, кога имав проблеми со акни многу ми помогна (во комбинација со Леа лосионот од Фитофарм). Инаку сакам да пробам некое од кремчињата. Баш фино ми изгледаат. http://businesshouse.com.mk/doctorsprod ... &Itemid=75
јас имав земено уште пред 1год. каландонт од Doctor's ептен одвратно мирисе не се става вуста уште така ми стои не искористен.. (за др производи незнам после тоа и не би пробала)
Пред 2 години користев пудра за избелување на забите од Doctor's и многу бев задоволна,стварно имаше ефект.Се надевам сеуште ја има,а и колку што се сеќавам не беше скапа воопшто.Само тоа сум користела.
Ги користев лосионот за акни во комбинација со сапунот за акни со зелено шо е лицето стакло ми се направи
Пилингот за лице од докторс е прекрасен! Ефтин, помага, убаво мириса. За други производи не ми текнува у моментов дали сум користела...
Од млеко за сончање 50 фактор Докторс ми излезе алергија на кожа уште не излезена на сонце, други производи немам пробано, а и нема ни да пробам од страв. Алергијава е ужасно нешто
имав еден крем против црнки ..не го биваше за ништо..што и што на база на камилица..и еден сапун за интима
истото ми се случи, не бев сигурна од што е, ама еве сега ми се потврди Инаку, задоволна сум од малата крема за акни во кутивче