1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Domino's Pizza (Сега и во Македонија)

Дискусија во 'Храна и пијалаци' започната од sunfemina, 5 октомври 2012.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Направија сефте, првата пицерија Domino's кај нас ја отворија спроти гимназија ЈБТ во Скопје. Се очекува и втората во City Mall-от, а планирани се уште 2 во Скопје (вкупно 4) и една во Охрид.
    Како што знаете (или не знаете :) ) се работи за американски бренд за испорака на пици распространет низ целиот свет присутен на 73 меѓународни пазари. Доставата се врши бесплатно, а храната ја ставаат во Heat Wawe торби за да биде топла и свежа додека ја донесат.
    Користат свежи и квалитетни состојки произведени специјално за Domino's, тестото се прави рачно и отстојува 24 часа за да добие уникатна арома.

    Јас чекам малку да стивнат еуфориите околу ваквите новитети кај нас, па после да пробам и да видам дали ќе ми се допадне вкусот.
    Во Domino's не се нудат типови на пици што се стандард присутни кај нас како капричиоза, везувио, наполитана и слични (освен маргарита). Има и некои други јадења т.е. предјадења и салати.
    На страната го разгледав составот на пиците и одбрав нешто што би сакала да пробам. Имам пробано Пица Хат ама не ми се свиѓаше..за Domino's ќе видиме.
    Е пред некој ден до мене застана на семафори еден дечко и почна да ми мириса на манџурија со тешка запршка..се свртев накај него и видов дека миризбата се шири од неговата ќеса со пици oд Domino's.
    Вчера пак поминав покрај Domino's и осетив како мирис на ќебапи.
    Сакам да кажам дека ареата не ме потсетуваше на пица :D па малку и ме одби, но сепак ќе дојде ред да пробам.

    Се дискутира доста за цените, биле исти како во Њујорк, поефтино било во Бугарија итн.
    Според мене не отскокнуваат многу од цените во пицериите познати по добрите пици кај нас (пр. Балила,511,Енрико,Костарика и др.).
    Значи најефтините медиум пици имаат цени од 240 ден. до 300 ден.. Бидејќи не сум пробала сеуште не знам дали големината на тие пици е доволна за да е исплатлива за цената :) , но наводно најмаливе тежат околу 500 грама.

    Друга работа, отварањето им беше фијаско и страната на facebook им ја преполнија со негативни коментари.
    Не можеа да се сносат со целата таа навала на незадоволни муштерии, па се разбира страната експресно ја деактивираа за да "спасат" жива глава.
    Прво најавено било отварање во саботата ама не било за секој, туку за нивни луѓе или да не речам ВИП. Не го нагласиле тоа, па луѓето што дошле со намера да јадат пица "пољубиле врата", а патем не им било дозволено ни да поминат покрај пицеријата зошто целиот простор пред неа заедно со тротоарот бил заграден (ова се муабети од луѓе, дали било стварно така не знам).
    После тоа во неделата (првиот ден за неВИП :rofl: ) им се случил БУМ на нарачки од луѓе што решиле уште првиот ден да јадат Domino's пица.
    Од Domino's биле во тотален хаос, не знаеле до каде точно вршат достава, доцнеле нарачките по 2-3 саати и више, некои нарачки воопшто не стигнале, од Domino's сами си ги откажувале без да известат, не се јавувале на телефон или не дозволувале да се нарача поради пребукираност.
    На тоа се однесуваа критиките од луѓето на фб кои беа навистина многу револтирани поради како што пишуваа Domino's покажале непрофесионалност и неспремност.
    Инаку демек ако не ја добиете нарачката за 30 мин. ви следува бесплатно :lol: .

    Епа ги очекувам вашите импресии и коментари во врска со Domino's како новитет кај нас!
    Пробавте ли од пиците (какви беа? ви се допаднаа ли?), сакате ли да пробате или немате воопшто желба да пробате?
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.965
    Колкав вовед :o :clap: :D
    Другарка ми ја пробала, се што ми рече беше -Убава е, ама скапичка-.
    Штом нема wow ефект, немам некоја посебна желба да пробам. Јас сум си фан на домашно подготвена храна :)

    Извинете за "исцрпниот" одговор :wasntme:
     
    На zhap4e и slavica999 им се допаѓа ова.
  3. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Мене воопшто не ми се допаѓа Dominos Pizza, кога дојдов овде во Австралија сите ми ја фалеа колку е добра, а кога ги пробав пиците ми се слоши. За мене се многу тешки и некои работи им ставаат на пиците што јас не би ги ставила в пица. :?: И ме чуди што таму се скапи, не би требало да се :^)
     
  4. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    А може линк од страната?
     
  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Eве линк до страната.
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Во Австралија се 3 за $15 (720-750 денари), што во однос на платите е беспари :)

    Не ми се допаѓаат којзнае колку, јас си правам поубави :D
    Некогаш кога ме мрзи да готвам или мм со другарите кога гледаат спортски натпревари нарачуваме, тоа се случува неколку пати во годината и за цената се задоволителни.
     
  7. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Кога-тогаш ќе пробам :wasntme:
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Фан страната на фејсбук на Domino's е повторно активирана (лошите коментари се тргнати :D ).

    Информација од нивната фб страна:
    А ресторанот во сити молот ќе се отварал наредната недела.
     
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Ние два пати до сега имаме порачано и пробавме се од менито :D Пиците оние што се со кранч тесто не ми се допаѓаат,а другиве се добри.Пеперони пицата мене ми беше многу тешка ,а и поприлично лута па се префрлив на најобична маргарита само со моцарела и домат (не знам како им се вика ,ама таа е стартер за секоја друга). Од останатото мени не сум многу одушевена.Крилцата се многу малку во порција ,а и барбикју сосот е некако многу редок,јас лично го сакам појак.Чикен стриперс не ми беа нешто посебно ,но како новина и не беа лоши.Гарлик бредот ми се допадна премногу :* Пилешките прсти им беа вкусни ,но не се крцкави што лично не ми се допаѓа,а и сосот е слатко-кисел ,па и лут и многу редок како вода. Пилешките нагетси им се отров лути ,односно похот и кај нив недостасува крцкавост,ама па кај овие сосот е убав . Се на се во иднина можеби би порачувале пици,а другиве работи од менито не. И да не биде дека се не ми е по ќеиф,да им ја пофалам веб страната и испораката,одлично функционираат и навистина за 30-35 минути пристигнуваат ,а имаат и он лајн следење на нарачката. Единствено што не ми се допаѓа е тоа што на кутиите има налепници со име,адреса и телефонски број ,што мислам дека не е во ред затоа што тоа не нуди заштита на лични податоци. :?:
     
  10. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Секој ден врвам од таму и кога и да поминам таму има луѓе, еднаш редици чекаа.
    Сабајлево поминав и надвор имаше моторчиња за разнесување значи прават и порачки до дома што ми се допаѓа и тоа.
    Планираме некој ден да ја пробаме пицата, па ќе пишам како ми се бендисала..
     
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Нормално дека првиот ден е хаос.
    Со менталитет каков што имаме, кога има нешто ново, навала правиме. Па каков сака бренд нека е, прв во достава во светот, нема шанси да се услужат 200 илјади луѓе во еден ден!
    Доминос во Центар не врши достава до Аеродром, само до Железничка. Во Аеродром ќе има Доминос тек во Март месец, за тие што ве интересира. А тоа што е во СитиМол не знам до каде се до достава.

    Бидејќи ми беше во спат, баш денот после отварање, со дечко ми нарачавме пица на лице место. Ја почекавме 15-тина минути и си ја однесовме дома да ја јадеме.
    Пицата е вкусна, рака на срце, има специфичен шмек и не штедат на состојки. Ние јадевме голема, што може личи на средна пица во обем, ама е доволна за двајца.
    Цените се малку повисоки од вообичаено, но ако се земе во предвид дека пиците се мерат според грамажа а не според големина, има смисла.
    Дека наскоро пак ќе јадам, не верувам. Имам доста пицерии околку мене, поефтини, доволно вкусни. А и не планирам да стојам на Железничка и да чекам пица.
     
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.523
    Пол:
    Женски
    Не вршат достава секаде, само во Центар :!: Ние во саботата нарачавме, ни беше кажано дека сега за сега достава имаат само за централно подрачје, а за понатаму не се знае. Моравме да одиме да ги земеме.

    Точно на време беа готови пиците-за 15 минути, како што ни кажаа при нарачката. Точно е дека не штеделе на состојки, баш имаше по многу од се :D
    Не знам точно кои пици ги јадевме, не ги запамтив имињата :wasntme: Знам дека дечко ми некоја лута јадеше, и многу му се погодила :D Мојата беше нешто слично на капричиоза, само наместо шунка имаше сланина. И вкусни беа прилично :mm: Јадевме средни пици, со големина на мали во други пицерии :^) Цените беа за нијанса повисоки од некои други пицерии каде што сме оделе.

    Сигурно ќе нарачам некогаш пак. Не јадам пица често, ама дефинитивно ќе нарачам пак во следна прилика, ми се допадна и сакам пак. :)
     
  13. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Може се малку поскапи ама дефинитивно знаеш дека јадеш ПИЦА.
    Не е штедено на состојки, тестото ем меко - ем убаво испечено, кечапот повеќе личи на пире за разлика од водестите кечапи по други пицерии. Пицата е стварно вкусна и сочна, а дргите производи сеуште не сум ги пробала.

    Во Сити Мол може да се купи и на парче за некои 100 денари.
    Во услугата се професионални и многу љубезни што е уште еден плус.
    Од мене браво за Доминос, очекувам да останат со истиот квалитет.
     
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.272
    Допаѓања:
    8.904
    Пиците им се фантастични. Многу се вкусни. Особено Македонска пица и Ham special ми се допаѓаат. За сега сум презадоволна од услугата. Имам пробано и едни како благи топчиња како крофинички што им се и тие не се лоши,само се преблаги за мој вкус.
     
  15. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Абе,пиците се вкусни,се,ама мноооооооооооооооогу се тешки.Барем за мене.Повеќе не би пробала.
    :shake:
     
  16. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Денес е Domino's роденден (глобален ден) и има 50% попуст за онлајн нарачки со внес на код, па зошто толку ми е чергичето решив конечно да ја пробам пицава на доминос :D .
    Однапред знаев дека ќе има зае*анции, бидејќи ќе има навала и така бидна...
    Сајтот некое време не функционираше за нарачки (профункционира, па пак моментално не работи...и онака не може да помине без проблем) и отворив да видам на фан пејџот што се случува.
    Секако бројни коментари за доцнење, нефункционалност на сајтот и нешто што ми падна во очи т.е. испорачаните пици биле сиромашни.
    Претходно слушав дека пиците им се богати со зајре, но бирајќи пица сфатив што е работата :D Domino's баш "ко за инат" денес за роденденот немаат доволна количина на состојки :lol: :rofl: .
    На пример јас сакав да земам пица со чедар кашкавал (Cheddar Melt или Ham & Bacon Classic), но не сакам некои од состојките во нив и отворив да ја изменам пицата. И гледам нема чедар кашкавал, нема доматен сос...главните состојки на тие пици :^) .
    Значи на пицата ќе ги има само состојките што ги имаат во моментот без чедарот и сосот. Цената не е пониска поради тоа што ги немаат сите состојки на пиците, а сигурно нема ни за сметка на тоа да се зголеми количината на моцарелата на пример (ако си додадете сами ќе платите и доста поскапо). И затоа пиците излегуваат сиромашни :P :P :P .
    Епа колку пари толку музика, а они нема да бидат во загуба со денешниот попуст секако :D зошто нема да имаат потрошувачка на скапи состојки.

    За да не платам цена за чедар пица, а притоа да добијам нешто што не содржи чедар и всушност нема ни Ч од таа пица, склопив пица по сопствен избор, па ја очекувам за 1 час да видам што ќе добијам за упола цена :?: .
     
  17. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.139
    Допаѓања:
    138.318
    Не дека се богзнае што, ама сепак ние ги утепавме од јадење пициве. Особено со друштво, сите ги сакаат :D. Кај нас доставуваат, што се разбира дека е главна причина поради која нарачуваме - ако треба да отидам до таму, сигурно не би ги купувала. Инаку не сме баш во централно градско подрачје.

    Мене највкусна ми е Пармезана, пармиџна, како ли се викаше таа со босилок, домати и кашкавал. Мекото тесто е поубаво, главно тоа го нарачуваме заради децата, ама и крцкавото е вкусно.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Леле бе, Cheddar Melt, пармезана и Flambee нарачавме ние, ама уште од сабајле, за сега во 17:30 да се готови :doh: Демек некои состојки воопшто ги немаат денес?? Каде го прочита тоа??
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Сама видов дека ги немаат состојките, откако отворив да ја изменам пицата :) Jaс сакав да ја нарачам таа ама кога видов дека ги нема состојките се откажав. Подоцна ми потврдија и од доминос фб дека немаат чедар, очекувале да добијат ама денес тешко..
    Еве ако не сум во право, баш ме интересира дали ќе добиете пица со Cheddar кашкавал. Доматниот сос го има скоро во сите пици, а исто така го немаат.
    Сега на пат е мојата..не знам ни што одбрав.

    [Едит: Како што реков така испадна, сега откако ја добив потврдувам дека мојата пица нема доматен сос, иако е наведен во основниот состав.]
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Потврдувам и јас дека немаше ни Ч од чедарот |(