Мх, мх, најубава им е таа. Јас у глобала ги сакам американскиве пици. Доминос не се лоши, но да признаам мене Пица Хат од американскиве ланци ми е ненадминлива. Малку ми е збунета таа цурата што ги прима нарачките, или мене тогаш ми се погоди таква...да не знаеш каде е католичка ми е малку чудно. Ако ништо друго ене ти ја мапата на Скопје, не е тешко, проучи ја за саат - два кога веќе имаш таква работа. Ама ајде, и простивме затоа што брзо ни ја донесоа пицата, момакот беше екстремно фин и секако, пицата беше превкусна. Туку, доставава со скутери, би можеле со тек на време да ги школуваат типците да прават финти на скутери како во Франција - ко у филмот Такси ако сте го гледале. Еднаш доживеав еден лудак, со до даска пуштен хип хоп, да прави осмици, па да се качи на скутерот и да прави шоу за луѓето Па ако успеат и така некако да прават достава, не би било лошо. Повеќе забава низ скопските улици.
Доцна попладнето ги отстранија од менито пиците со чедар, а требаше тоа да го сторат многу порано ама за превара нема проблем.. Симтоматично, но денес само еден ден потоа имаат чедар кашкавал и се друго што фалеше вчера (поради што пиците беа сиромашни) и истите се вратени на мени. Што се однесува до вкусот, низ нашиве пицерии имам јадено далеку подобри изданија на пици. Да имаа светски ланци, глобално ќе ги шиеја и хат и доминос . Средната пица од Domino's ме прејаде ама само поради дебелото тесто кое ми беше тешко за јадење, а не ми беше посебно вкусна.
Пред малку ги пробав Моцарела стапчињата и превкусни се. Нешто како похована моцарела му доаѓаат со лукче и зачини,само што не се пржени туку печени без масло. Ненормално се вкусни. Само што има 4-5 во кутија максимум,а малечки се. Тој сосот со вкус на скара ми е одвратен,ми мириса како тие `миризливите`сликички од албумот со Симпсонови ако ги памтите.
Јас ја јадев пред некој ден капричиозата, и бев “фасцинирана“ од вкусот! И морам да ја пофалам питата со нутела! Прекрасна! Најадува со еден гриз, и не штедат на нутела како сите A компирите во рерна, не ми се свиѓаа..Немаа некој убав вкус
Капричиоза во Domino's? Speechless некоја друга пица била најверојатно . Патем денес има женски попуст од 20% по повод празникот.
Не сум нешто посебно одушевена од пициве,не се ништо посебно,колку што ги фалеа. Вкусни се,ама има и многу повкусни во некои други пицерии. И плус доставата им е ужас. 100 пати да им ѕвониш за д апрашаш до кај е пицата?
Имав презентација за на факултет за Доминос,наликува на воведот во темава. Иначе пицата не е лоша. А за достава немало потреба, сама сум ја земала.
Лaни јa прoбaв, кaтaстрoфa, убедливo нaјлoшaтa пицa, a сo oние цени и грaтис дa ми јa дaвaaт не јa земaм шo се викa
Таква пица баба ми правеше, оти беше растена у војна и немале шо да јадат, ( битно да се најдеш ). Два прста леб и се врти горе некое мастрафче... Да не правиме муабет за цените.
Meni se dopadaju njihove pizze.Favorite mi je peperoni i italian passion pizza...uglavnom ih uzimam onim danom kada je popust...
Имаат специјална октомвриска промоција... било која Голема пица + лименка Red Bull за само 499 денари Понудата важи само за преземање.
Да не чекав последно два+ сати за да стигни... Ќе ги фалев. Пицата беше супер. Ама bread twists мислам беа пишани на страната беа совршени. Лепчиња со лук и зачин накратко. А и да. Апсолутно сегде ќе се жалам дека предолго чекав.