7.5/10 за целата замисла и начинот на кој беше пренесена истата. За мој вкус и покрај површноста која сакаа да ја претстават, онаму каде требаше емоциите не беа најдобро пренесени. Претпоставувам затоа и толкав рејтинг има, овие теми најчесто од друг аспект сме ги гледале, земајќи ја во предвид тежината на настаните. Исто, некои сцени би рекла можеле слободно да се изостават. Спојлер Во 21 век, така лесно простување на неверство. Кој среќник Randall, и покрај се пак седна на маса со семејството, без грам срам. Барем на крај му текна што има, и колку вредат луѓето околу него. Воопшто не ми се допадна ликот на Лео. Како и да е, никако не беше од значење тој дел во приказната, освен фактот дека најлошите постапки кај луѓето во целост сакале да ни ги прикажат. И дека и тие се опростуваат, за жал. Kate беше поиздржана, поборбена, но сепак јасно ни е дека таквите не го добиваат spotlight-от и веднаш се замолчуваат. Површност, алчност, профитирање и од најкатастрофална ситуација, сигурно биле инспирирани од Ковид. И на крај, поука за сите нас: уште еднаш сите да размислат пред безрезервно како марионети да веруваат на медиумски извори, особено реномирани, тие највисоките.
Не знам што е пострашно да знаеш дека ќе умреш и да сториш се да не дојде до тоа или да преживееш и да бидеш изедена од некоја џиновска птица? 8/10
Спојлер За делот од спојлерот, мислам дека е намерно така прикажан ликот на Дикаприо, како момент дека луѓето многу лесно ги понесува славата. Само тоа што на крај сепак се врати дома да ги помине последните минути со семејството и најблиските соработници ми беше малку пре Холивудски. Ќе беше по сурово реално да ја прифатеше поканата на претседателката да замине со нив, да ја покаже себичноста на човекот до крај Инаку се на се одличен филм
Го изгледав и јас да не бидам покуса. Оценка 6.5/10 не ми беше нешто глумата баш најдобра, но имаше добра поента. Како ги доловиле последниве две години што ги живееме, во целост. Едно големо браво. Се надевам за 10 години дека нема да не удри некоја комета . Се плашам кога ќе излезе некој ваков филм.
Иако филмот го сметаат за провакцинален, кога веќе се споредува кометата со Ковид, може да се повлече и комплетно спротивна паралела. Како и во филмот, научниците се тргнати на страна, цензурирани од тв, од власт, од луѓето, неможејќи да ја кажат вистината. А, тогаш, кога имаат шанса јасно да говорат за вистината, се исклучени од научната фела, обезвреднети од општеството и дискредитирани им се научните знаења и дипломи. Нешто слично како што се случува со сите оние кои зборуваат за нус-ефектите од вакцините. Во филмот имаме и човек кој поседува корпорација, научници, медиуми, за ширење на пропагандата и регулирање на пласирање на информациите во јавност. Толку моќни што дури и Претседател(ката) им се покорува. Претставени како спасител(и) на човештвото (фајзер), од кометата(ковид), додека во позадина наместо од морални причини, го прави од финансиски бенифит и моќ над светот. Имаме научници кои им се покоруваат на властите и се дел од пропагандата која треба да го увери народот дека решението (лекот) е најден и сите ќе се спасиме од кометата (вирусот), иако и самите се против тоа. Од друга страна имаме научници кои го креваат гласот против за да ја откријат цела фарса и правиот мотив на корпорациите, и поради цензура гледаат да се обратат на народот преку underground интернет канали, но одма им е вршена пропаганда за да се дискредитираат, исмејуваат, да им прават мемиња, да им лепат "епитети" на "умоболни", "неписмени", "невротични" итн. итн. итн. Крајот е јасен. На крај, Кејт, дигајќи раце ќе рече: "The truth is way more depressing. They are not even smart enough to be as evil as you're giving them credit for." Планот не делува да ја спречи кометата (ковид) и сите умираат (се заразуваат). Светот кој го знаеме повеќе го нема. А луѓето одат во нов свет, со нови правила кои ги одредуваат тие кои ги водат корпорациите. Интересно е овака за филозофирање.
И мене многу ми изгледаше дека вирусот бил голема инспирација. Иако некаде читав и дека глобалното затоплување првично било мотив. Ама сепак, fun fact: The Covid-19 pandemic began before McKay filmed Don’t Look Up. He said the public and political reaction to the pandemic was wilder than his initial drafts. So, he was inspired to make the film “15 percent crazier.” Филмот е тотална бизарна отслика на целата crazy ситуација со вирусот. Во пандемијата нов левел на лудост постигнавме. Ете толку сме лесни за манипулација.
Ние сме оние на митинзите, глупите, што гласаат за оној богаташот да си игра со нашите животи за пари. Цела корона се караме дали фајзер е подобра, плаќаме приватни тестови и се за они да се богатат.
Сигурно ќе не удри некоја комета. Освен ако...не се случи нешто што ќе го прекине овој начин на функционирање и контрола Немам појма што би било тоа
Само што веќе цела година има вакцини, имаме јасна слика кои се и колку се нус-ефекти од сите вакцини, а кои и какви се последиците од ковид. Ако веќе се прави паралела со филмот, антиваксерите и докторите против вакцините се оние кои се дерат Don't look up, сите други научници се игнорирани од нивна страна. Во меѓувреме се испушти шансата за постигнување колективен имунитет, не се почитуваа мерки од "борците за човекови права да не носат маски", а вирусот /кометата си го направи своето. @Cka не знам кои се они, точно е дека некои многу се збогатија, но јас сѐ што платив приватно беше во интерес на моето здравје. Имав избор и да не платам, нели, ама пак јас ќе бев жртва ако чекав на јавното здравство кое ми следува и патем некои со години се богатат и преку него.
Сигурно не мислев на малиите профитери Авицена, Систина, Венко Филипче и Заев. Они само милиони изедоа, ние сме навикнати на тоа. Зборувам за задолжителната на фајзер, кога има и други вакцини, а посебно сега со омикронот за кој фајзерот е џабе. Тие се вистинските искористувачи на ситуацијата и оние кои на наша сметка се богатат реално. Сега фајзер викаат, мора нашата, ја одбиваат помошта од Кина и Русија, не важат нивните вакцини, а ние се делиме у : фајзер треба!!! Не, може и со спутник!!! Викаме ние по митинзите, а господата од фајзер диплат кеш
Да, факт беше дека е инспириран од Глобалното затоплување. Од таму и изборот на Лео за главен лик и "промотер" на филмот. Ама ете се чепна и Ковид и цел хаос кој што владее. Само некако луѓето не ја сфатија правата порака на филмот. Ова со колективен имунитет е толку стара вест, што дури и самите ја напуштија и веќе не ја пласираат во етерот. И што ќе рече Кејт, не се ниту толку паметни за да успеат да спроведат глобална имунизација. Како што и видовме на самиот почеток, вакцините беа делени не преку морално-етичка линија, туку по линија на "заштити си го прво својот газ", па потоа по линија на профитерство. Да им беше толку гајле за населението, колективни имунитети, ќе го тргнеа патентот од вакцините за да може сите да го произведат. Исто и за докторите/научниците некако не држи вода паралелава. Јас не сум видел на CNN, Fox и другите американски телевезии да излезе доктор кој е против вакцините, напротив, банирани се дури и од Твитер, Фб, Јутјуб и дискредитирани. На ТВ може само да се слушаат од оние докторчиња кои пропагираат како решението за крај на пандемијата е најдено од страна на пресветиот Фајзер и сите ќе се спасиме. Фаст форвард, 1 година од кога излегоа вакцините, земји кои масовно извакцинираа 99% население се пак таму некаде, на почеток. А и се помалку се зборува дека вакцините ќе го спречат вирусот, а се повеќе дека ќе прерасне како сезонски грип каде, кхм, секоја година ќе треба да си земаме по едно фајзер бустерче. Иначе, интересно е, како и во филмот каде ја уништија конкуренцијата од НАСА, Русија, Кина... За, единствен спасител да биде тој главниот на корпорацијата. Исто како што ги дискредитираа сите останати вакцини. Иначе, не, немаме слика за нус-појавите на вакцините, кај колку случаи се појавиле, колку од нив имаат фатални последици, а колку доживотни оштетувања. Тек тук некој ќе се јави во јавност да каже некој збор за тоа и е експресно задушен.
Не е само за Ковидот, туку за сите теории на заговор кои се промовираат со цел да се дискредитираат научниците. Рамна земја Слетувањето на Месечината Гравитација Климатските промени
Филмот за интересен и смешен, е. Ама сека можам да го поистоветувам со реалност, не баш. Кога премногу една поента се форсира во филмот, баш ми се губи таа поента. Исто како оние хорор филмови каде што цел филм е jumpscares и навидум е страшен, ама уствари е само исфорсирано да биде.
Океј е пораката во филмот, но нешто не ми штимаше, некако исфорсиран ми е. Филмов се труди да биде циничен, односно е, но на многу аматерски начин. Глумата на Лео е ептен лоша, прв пат ме разочарува ко глумец. Џенифер растури, баш и' лежи улогава. Боље глејте го Idiocracy.
Are U sure? Си ја утнала поентата? Јас никаде не сум сретнала медиумска кампања за Рамна земја, месечина, гравитација итн... како што сега се води против „антиваксерите„ научниците и експертите кои мислат исто како нив. Поентата на филмов е токму таа, масмедиумско лудило, цензура, лична дискредитација на експерти итн... и се заради профит Се што сега го живееме, а кое лани беше „теорија на заговор„ ама, ако сакате да останете слепи... go for it Иначе... многу добар филм 8/10
Разликата што на рамно-земјашите не им се дава значење и уште поголем буст со тоа е бидејќи не штетат никому. Си веруваат во тоа, нивен проблем, иако си гледаме сеир со нив би било многу подруго кога би убедиле некој дека опасен вирус не постои, не треба да се лечиш во болница затоа што е обичен грип, да одбиваш третмани, да убедуваш дека вакцините се поштетни од самиот вирус и сл.
Само што го изгледав филмот, ми остави впечаток. Мене подобра паралела ми е глобалното затоплување отколку Ковид, вистина е дека ја жртвуваме планетава за богатите да станат уште побогати. Инаку мене филмов ми беше пресмешен, скроз мој тип на хумор. А на крајот се расплакав, не знам зошто ме погоди, ама тешко ми падна да гледам како седат и знаат дека нема спас, тоа е тоа. Политичката ситуација во Америка, беше реалистично преставена, што да се каже.