1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Don't Look Up (2021)

Дискусија во 'Филмови' започната од WildMk, 2 јануари 2022.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Истите емоции ги имав.
    Прво ми беше смешно... кринџи, на крај му ја дувнав гајдата...
    Постирав поназад

     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Го изгледав конечно.
    Го знаете филингот што го буди откако ќе го изгледате? Истото го имав и после филмот Меланхолија, ако го памтите...Епа такво чуство имам скоро секој ден, со години, за загадувањето и еколошките проблеми. Знам, значи не претпоставувам, туку знам, дека нашите деца и внуци ќе страдаат заради тоа колку ја уништивме природата. Кога бев средно мислевме дека климатските промени ќе се случат во наредната генерација најрано, а тие се случуваат во нашиот животен век. Не очекував дека ќе видам во својот живот топење на пермафрост и полови до овој степен на пример. Значи пратев како моделите кои предвидуваа климатски промени се менуваа низ годините. Пратев како земјите се договараа и потпишуваа договори и мерки, а после не исполнуваа. Пратев како Трамп и неговите истомисленици, кои се цело едно движење, ја исмеваа идејата дека воопшто постојат климатски промени и глобално затоплување. Пратам како ги извитоперуваат и осудуваат напорите на екологистите како Грета. Имам ужасно чувство на глобална пропаст и крај на човечкиот вид кое ме демне цело време и си испливува на површина одвреме навреме. Филмов само го екранизираше и го стави на филмска лента она што добро го знам и го знаеме сите ние за нас. И ништо не научивме досега, џабе и филмов и секаков друг начин да се освестиме зашто само за профит се секира човекот. Алчни сме по природа и во просек. Сврти се околу себе, во својата населба и општина, види што се прави, каков е односот кон средината и кон живиот свет и ќе ти биде јасно дека и обичниот народ така размислува не само водачите и политичарите. Многу тажно навистина, за некој што се смета напреден и супериорен вид на планетава. Знам дека може да се повлечат и други паралели меѓу филмов со разни аспекти од нашиот живот, не само екологијата, туку и со вакцините, вирусот, вселената, политиката и сл. па секој може да си го сфати филмот како што му одговара во таа смисла и да си ги поврзе работите. Тоа е зошто убаво ја доловил нашата природа како човечки вид воопшто, убаво не критикува, и тоа на начин што нам како предмет на критика ќе ни е забавен и смешен и нема да реагираме од старт со одбивност, туку со интерес до крај ќе го изгледаме и можда дури и малку ќе не натера да подразмислиме. Во фаца ни кажува колку сме глупи и себични и ние се смееме на тоа.
    Така да, општиот впечаток, не ми беше дека ме расположи, туку уште повеќе ме растажи.
     
    На angelina1, Guns N` Roses, RainBow и 2 други им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Одличен осврт (y)
    И јас се чувствувам тажна.
    Маж ми ми вели дека не мора да го носам цел свет на грб, а останатите не веруваат дека можеш да патиш за нешто што сеуште се нема случени и за луѓе кои во иднина ќе постојат и не ги ни знаеш.

    -------------------
    Од видеово дознав дека МеКеј го напишал сценариото, пред пандемијата.
    Ја живеевме реалноста на лаги и искривени вредности и претходно, само со ковидот ептен дојдоа до израз сите недостатоци кои ги имаме како глобално општество
    Profit driven economy is not sustainable.

     
    На Hija.de.la.luna и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  4. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    А ја дочекавте ли баш, баш последната сцена од преживеаниот на Земјата? :nod:
    Добра вест за едноклеточните - тие сепак имаат најголеми изгледи да преживеат и удар од комета. :bug:
     
    На Cosmic Girl и WildMk им се допаѓа ова.
  5. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.362
    Допаѓања:
    9.324
    Пол:
    Женски
    Добро видеово. Не знаев дека било напишано пред пандемијата, ама ете супер може да се пренесе и на оваа ситуација со вирусот. Се повеќе е јасно дека стварно ковидот беше глобален настан кој не помина како филтер цел човечки вид...Реално филмов е метафоричен, ама ако сакаш да одиш во детаљи ќе најдеш „грешки“ во приказната како оваа што ја посочува на видеото. Баш коментиравме дома кога заврши филмот за тоа не беше точен алгоритамот дека докторот (лео) ќе умре сам. Во видеово ја објаснија со тоа дека алгоритамот бил прилагоден на тоа дека ќе одбере статус пред семејство, ама јас го сфаќам поинаку: Дека и покрај сета предвиливост на нашето однесување (до степен да може еден прост алгоритам да го предвиди), сепак во природа на човекот е и да излезе повремено од шемата и шаблонот и да биде и спонтан како прво, а како второ колку и да сме слични нема две исти индивидуи на цела планета, па така секогаш ќе има некој за кој алгоритамот нема да пасува. Втора нелогичност ми беше дека претседателката додека леташе со авион го понуди докторот да избега со нив, и тој ако прифатеше ќе требаше да се приземјат за да го соберат. После се сети дека го заборави син и, ама за него веќе немаше време да го земат (или не и беше грижа). Трета работа што приметив е дека не ги спомнаа во филмот луѓето кои ќе поверуваа во крајот на светот, кои цел живот го чекаат судниот ден и сега ќе беа во право.. ниту пак ги имаше оние што се спремаат цел живот да преживеат катаклизма т.н. preppers. Tакви еден куп ги има, дури и документарци има за нив. Имаат скривници под земја, во планини надвор од населени места полнат храна, пијалоци, машини, генератори за струја...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.300
    Многу ми е интересно тоа однесување.
    Мислам дека многу се должи на студената војна.
    Неколку пати имаа 'закани' дека ќе ги бомбардира СССР.
    И навикнати се на идејата дека еден ден, глобална катастрофа ќе се случи.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.943
    Допаѓања:
    9.701
    Пол:
    Женски
    Од филмов не дознав ништо ново, но добро е склопен за да ги поттикне оние кои се помали да сфатат каков е светот и како функционира. Малку повеќе е насочен кон тин-публика, искрено.

    Се насмеав два пати, кога ликот на Леонардо го прогласија за AILF и секс-симбол, а тој кутриот каков беше гревен целиот :rofl: и пред тоа, на "why don't you mind your own business, you old fuck" репликата, кога се обидуваше да биде friendly со Аријана и таа практично го закопа. А крајот со Мерил, особено баш-крајот со Џона, детски некако и нереално.
     
    Последна измена: 6 февруари 2022