1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Don't trust the b*tch in apartment 23

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од potterholic, 2 октомври 2012.

  1. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Бидејќи со се преводот на македонски целиот наслов беше предолг и не ми даваше така да го зачувам го напишав само на англиски.
    Во серијава се работи за девојка по име Џун која се преселува во Њу Јорк за да ја работи својата професија од соништата. Но, на првиот работен ден на компанијата во која работи Џун, доаѓа до проблеми и компанијата се затвара а Џун е избркана од својот стан. Таа почнува да живее со една девојка по име Клои која обожава да се забавува. Од почетокот, Џун и Клои воопшто не се сложуваат. Кога Клои ќе се обиде да и го загорчи животот на Џун, тие завршуваат како најдобри пријателки.

    Мислам дека од денес почнаа да ја емитуваат на Фокс Лајф. Јас ја фатив некаде на средината и ме воодушеви. Кога ја видов на рекламата мислев дека нема да ми е по кејф но сум се излажала.
     

    Прикачени фајлови:

  2. curlygirl

    curlygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    680
    Допаѓања:
    521
    Пол:
    Женски
    Кога се емитува на фокс лајф?
     
  3. Cinderella11

    Cinderella11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    51
    И јас ја видов на реклама и ми изгледа навистина интересна,но ја пропуштив денешната епизода?
    Може некој да ми каже кога игра и во колку часот? :)
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Многу ми се допадна серијава, преинтересна е, едвај ги чекам следните 2 епизоди.
    Инаку игра во недела мислам после New Girl околу 21:30.
     
  5. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Незнам кога се емитува. Воопшто не забележав на рекламата.
    Интрото ми е многу интересно. За жал нема цела песна туку само тоа. Барав, барав, не ја најдов.

    http://www.youtube.com/watch?v=I7qzhYNZkzU
     
  6. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Серијава ми е баш интересна, ќе се обидам да направам место з ауште една серија +
     
  7. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Ја изгледав првата сезона пред некој месец. Добра е серијата, за тепање време.
    Едната цура е неодговорна, себична, размазена, другата амбициозна, малце контрол фрик, грижлива, па конфликти на два различни карактери. Меѓу нив и еден ванаби фејмоус актер, кој со своите постапки наликува на геј. Ептен вирд ми беше епизодата со татко и на Клои :^)
    Најдобар лик, дефинитивно комшијата воајер, манијак.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Ама недостасува развивање на некоја посебна приказна, нешто што ќе те тера да ги пратиш епизодите
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Ич да не се секирате, ја продолжија за уште една сезона, така да втора сезона сигурно ќе гледаме.
    Како што вика тефтерот, почнува баш утре.
    Така да, да видиме дали време да се гледа и понатака,
    Првата сезона не ме воодушеви ништо посебно.
    Клои ми е интересна, ама па од друга страна Џун мие ептен мајка тереза.
    И да некои епизоди беа тотално неарелани, таа со таткото на Коли коа ќе се сплетка со Џун, па и раскинувањето на Џун со дечко и, и целата таа фрка со Клои некако неможам да ја сварам.
    Џејмс ми е гејче искрено. Не ме густа баш.
    Нови ликови сезонва и подбри интеракција меѓу ликовиве.
    Вака ептен делува сувопарно и набрзо досадано!

    _
    И дефинитвно новава сезона е малку поинтересна него првата.
    Ми се допадна втората епизода, првата воопшто.
    Дали тоа Клои се заљуби?
    Интересено беше да се види за прв пат, она да биде зафрната и изиграна.
    Повеќе би ми се допаднало настаните да ги движат у тој правец
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    И јас ја загледав серијава, прилично е кратка, па најдов простор. Не сум нешто воодушевна, само за онака, за тепање време. Џун посебно некако ме нервира, во фацата ко пекинезер ми е.
    Клои е симпатична, иако не ја сфаќам баш фамата околу неа и зошто е она it girl.
    Се на се, ништо посебно.
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Толку беше од серијава, м? Па немаше правец воопшто, само куп глупости нафрлани во една епизода.
    Има уште осум до крајот, ама ја повлекле од ABC и не се знае дали воопшто ќе се емитуваат. Ништо страшно и да не ги дадат, нема да жалиме.