https://www.imdb.com/title/tt10731256/ Конечно излезе филмов на стрим, едвај го чекав. Во едно совршено соседство како од 1950тите години живеат Алис и Џек, млад брачен пар. Животот им е совршен, Џек оди на работа на некаков проект, Алис е домаќинка, имаат нон стоп забави, уживаат, што може повеќе да се посака? Филмов не беше лош, ама, за жал, крајот малку ме разочара, плус имаше доста дупки во приказната. Сепак, темата сама по себе е навистина интересена, а и имаше доста контроверзи околу филмов. Режиран е од Оливија Вајлд која изјави дека ликот на Френк е базиран на Џордан Питерсон кој е херој на инцелите. Дали го гледавте филмов?
Да го гледав, пишав и кратка рецензија во другата тема. Мене ми се допадна филмот и ми остави впечаток што ми траеше со денови. Го гледав со син ми и после тоа моравме да дискутираме за него зошто син ми почна да ми поставува прашања. Мислам дека треба да се сфати метафорично, а не буквално филмов. Мене дупките во приказната ми се чинат намерни. Односно ги сфаќам симболично. Затоа не ми се дупки. На пример црвениот авион е навидум недоискажана приказна ама црвениот авион е само симбол за нешто друго. И како гледач имам слобода да го интерпретирам како што јас мислам и сфаќам. Доброто уметничко дело е баш такво-остава простор да си мозгаш и остава различен впечаток кај различен гледач.
Meне многу ми се допадна, исто така ме држеше впечатокот неколку дена, наидов на негативни коментари и пораки кога го споделив на инстаграм дека бил глуп, немал смисла, не се сфаќал, но јас мислам дека не обрнале доволно внимание, да можеше повеќе да се прикажи на крајот ,но сепак филмот е и психолошки и може "дупките" да ги интерпретираш како што ти размислуваш.
И јас исто мислам. Многу негативни критики доби филмов, мислам дека поголем дел од луѓето не го ни изгледале ко што треба ама дека сите викаат дека е лош па ај и они да не останат покуси. Може не е за чиста 10ка, ама не е воопшто толку лош. Мене многу ми се допадна, најмногу тоа што опфаќа еден сериозен денешен социјален проблем(да не пишуван спојлери, зборувам за мизогинистичките радикални идеи кои се раѓаат на интернет и од ден на ден сѐ повеќе го прошируваат влијанието). А и од визуелен аспект се гледа дека многу се вложило, да ти е мерак да ги гледаш сцените со сите костими, бои итн.
Па, не е добар филм. Прво, овие теми за симулирана реалност се исцрпени и треба многу труд за да излезе нешто солидно. Второ, има цел кратер во приказната. Трето, ликот на Стајлс ги романтизира инцелите и сличните кои потпаѓаат под влијанието на интернет-шовинизмот. Божем не се тие толку лоши колку што се жртви на системот, не можат доволно да придонесат во домот, инаку си ги сакаат жените, нејќат сопругите да им остануваат без сон преработувајќи се и во поинакво општество имаат потенцијал за совршени сопрузи. Ова се е далеку од нивната реална природа на злобни човечиња. Со право филмов го прогласувале за најлош во 2022. (без ограничувања во временска рамка, има полоши филмови) Глумата и сценографијата беа ОК.
Поинтересна ми беше драмата што се случуваше на премиерата на филмот и сите скандали поврани околу снимањето од самата содржина на филмот