Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Doritos Sauce

Дискусија во 'Рецепти' започната од Mb34, 6 февруари 2012.

  1. Mb34

    Mb34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    3
    Дали знаете рецепт за приготвување на сос за доритос чипси, како што е со кечап или со сирење..њааам не можам да му одолеам..
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_0388.JPG
      IMG_0388.JPG
      Големина на фајлот:
      176 KB
      Прегледи:
      1.604
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Наједноставна варијанта ти е следнава:

    Истураш во голема рамна чинија Доритос зелениот. Рендаш тврд кашкавал врз него, попрскуваш со оригано и во микробранова 2 минути. По желба можеш и да додадеш кечап пред да загреваш.

    Друга опција ти е со гвакамоле.
    Ти треба 1 плод авокадо, 1 свеж домат, капка маслиново масло и три четири капки табаско сос. Сево ова во блендер, да стане кремаво, и се служи со Доритосот.

    Трета опција ти е со сос од павлака.
    1 павлака ја миксаш со оригано, 1 лажица сенф, кари, рузмарин и сушен магдонос. Најдобро оди со Доритосот од сирење, портокаловиот.
     
    На Ne znam koj, joy1, Mb34 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
    Веќе го прашав прашањето во друга тема ама како што гледам не ми одговорил никој. Знае некој освен во Веро (или пак Рамстор, ако има) каде го има ова и колку чини?
     

    Прикачени фајлови:

    На Mb34 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Гледав баш вакви сосови (во иста тегличка) ама не ми текнува дали беа Доритос, не приметив, ама мислам дека на нив пишуваше Начос, имаше со вкус на кашкавал, скара и салса, и беа околу 50-60 денари.
    Во Рамстор значи со сигурност ги гледав пред некој ден затоа што сакав да купам, ама не можев да се одлучам кој вкус, па си реков , следен пат . :lol:
     
    На Mb34 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Jас го имам јадено ова, вкусно е, ко топен кашкавал крем-сир нешто

    ама не знам дали го има кај нас :)

    Mислам дека можеш да си го направиш со оние тост кашкавали што се, во најлонче.. во микро растопи ги ;) па нешто слично ќе добиеш
     

    Прикачени фајлови:

    • doritossssss.jpg
      doritossssss.jpg
      Големина на фајлот:
      35,7 KB
      Прегледи:
      1.525
    На Mb34 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159

    Епа мислам дека е скроз исто тоа во Рамстор :)
     
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    инаку јас да ви кажам еден рецепт...
    се става млеко да се стопли, не кој знае колку ама од око ќе си видите, и се додава од овој кашкавал што ви зборам, со најлон, тост кашкавал(откако млекото ќе зоврие) и сечкана сланина, предходно пропржена, ама на мааали коцкички
    се меша се тоа, треба да биде течно, како каша :inlove: :inlove: :inlove: со пржени компири иде феноменално, мене дечко ми секогаш ми готви :)
    вака треба да излезе ко на сликава, а ние сланината на коцкички од горе си ја ставаме!
     

    Прикачени фајлови:

    На Neytiri, Mrs.Bass, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Fibia

    Fibia Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    22
    Јас имам еден универзален рецепт за црвен сос..Оди баш со се (месо, чипс, тестенини...)
    И многу едноставно се подготвува, ви треба
    Домата (или доматен сок) јас си користам од зимницата :P
    1 чаша бело вино
    1 лажичка шеќер
    1 лажичка сенф и 1 лажичка кечап
    и зачини ( јас ставам кари, црн бибер,вегета оригано и мааалку чили)
    Ја ставате доматата во тавче на рингла и ја мешате за да испари т.е да остане само месестиот дел кога ке испари додавате кечапот сенфот и шеќерот мешате таман се спои смесата му го додавате и виното и го намалвате шпоретот ...пред да го тргнете од оган додајте ги сите зачини и најдобро е да го почекате да се олади за да дозгусни
     
    На sunfemina и Mb34 им се допаѓа ова.
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Дури и 10 пати поубаво е од доритос сирењето што го јадев. зависно колку сакаш, ќе си ставиш млеко, кога ќе зоврие, едно по едно од овој тост кашкавал ќе ставаш и ќе мешаш дур не се растопи.и после ново парче и се така ;) земи си 2 паќетчиња вакви! многу е убаво со пржени компири, абре мераци :)
     
  10. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Ме погоди темава :P , обично се давам во начос со ваков cheese сос во мексикански ресторан и многу често си правам дома.
    Порано мислев дека се прави со топење на кашкавалот директно во рерна со се чипсот, но така чипсот загоруваше додека да се стопи убаво кашкавалот и после одма ќе се излади, ќе се здрви и ништо од специјалитетот. Сепак поентата била во топењето на кашкавалот во млекце за да се добие баш тоа што треба, јас го сакам погуст па му додавам и една лажица брашно (убаво се меша со загреаното млеко) пред да го додадам кашкавалот. Кога ќе се стопи кашкавалот..спремно е за поливање или мацкање кој како сака 8)
    Не сум пробала со пржени компири до сега, се настрвив за утре :) :) мммм...

    [​IMG] [​IMG]
     
    На Mb34 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Колку млеко на колку кашкавал?
     
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    зависи колку сакаш да направиш.. пробај со една чаша прво, еве и брашни можело да се стави, јас не знаев.
    и после ќе си мешаш од кашкавалов :) Hе ми текнува искрено мерката, ама не беше кој знае колку млеко, нема шанса да го утнеш, зашто треба да се става кашкавал се додека не стане кашасто :)
     
  13. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Eдна шоља млеко, една лажица брашно и едно пакетче од 120 гр. кашкавал и по желба сол.
    Кога ќе се загрее млекото се става брашното, се меша и малку се згуснува. После тоа парче по парче се додава кашкавалот и се меша додека не се стопи.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.922
    Допаѓања:
    81.199
    Пол:
    Женски
    А може да се направи со обичен кашкавал, кравји на пример, можеби ајдамер или мора со оној тост-кашкавал што го има спомнато Лудото некоја страничка поназад?
    Ми изгледа вкусно, морам да пробам.
     
  15. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    По рецептите на интернет сум сретнала дека се спомнува чедар кашкавал, а единствено така спакуван во кесички сум го сретнала. Како и да е треба да е помек кашкавал, а тие тост кашкавалчињата се најмеки.
     
    На didisi и Mishela им се допаѓа ова.
  16. linija

    linija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    19
    Јас денес го пробав рецептот, одличен беше, јас го правев од око, една чаша млеко, и 2 пакетчиња цели од малечките тост кашкавали, ми излеле многу, ама 4 персони бевме :D :D се утепавме од јадење
    Закон е!!!! :swear:
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Лелелелеле ми се јадеееее! Одамна сакав нешто вакво да пробам, секад гледав вакви ствари јадат на американскиве шоуа и јас си викав што е толку интересно. Верувајте, сега е касно, али утре дефинитивно ќе направамм!! :D
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    ЈАс да кажам дека не мора кашкавалот да е баш таков тост во најлончиња што е. Јас го правев и со Ајдамер (оној со дупчињата што е) и убаво ми излезе.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    A некое рецептче вака набрзински со кечап? :) Ова изгледа превкусно!
     
    На didisi му/ѝ се допаѓа ова.
  20. BlackSwan070

    BlackSwan070 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    3
    Не знам експериментирај O:)
    Можеш само кечам да му ставиш..
    а мислам има и со домата некој рецепт ако знае некој нека кажи :)