Производиве се топ, но сапунот како да е за после 30, ми ја растегнува кожата после миење, а имам прекрасна кожа, рано ми е за тоа, па го користам за раце, безпрекорно добар е.
Последно си купив млеко за тело со светки ,не ми мириса убаво ,ама затоа кожата ја прави свиленкаста и остава нежни ,суптилни светкавци .
DOVE ми се едни од поомилените производи,барем за некоја нијанса и поквалитетни од Нивеа. Уште од поодамна,користев стандард -млеко за тело,гел за туширање и дезодоранс од оние основните Dove со плаво капаче Преубави,без зборови.Единствено од шампонот -сменив два,и истата приказна-воопшто не сум задоволна.Секако,ова е Мкд,па спорно е да се зборува за квалитет,со оглед на споредбата на шампоните купени од кај нас и од странство-енормна разлика Денес не можам без дездорансот од краставичка(го сменив плавиот),овој е посвеж и држи исто добро. Ми се допаѓа и гелов за туширање од бадем,следно ќе го пробам тој последниот shea putter. Гледам на страната имаат и други гелови за туширање,јас не сум ги приметила кај нас Сум го користела и млекото за самопотемнување,ама не ми се допадна воопшто .
Од Dove имам едно преубаво лесно млеко за тело со многу освежителен мирис што баш ми одговара. Го имам пробано и шампонот за коса што опаѓа, ефект баш не забележав ама многу убава ми ја направи косата...само што си е скапичок. Од друга страна, сите ги фалат сапуните а мене нешто не ми оставија впечаток. Користев некое време ассо дерм, па сега за промена го земав од дав, тој за сензитивна кожа...и некако не ми пени, премн. лесно се измива, како да не сум ставила сапун Ми го нема ефектот на кожата како да си се измила стварно ќе го користам уште некое време, чисто да видам дали има некоја функција, иако во искушение сум да си се вратам веднаш на ассо
Користам производи на Dove шампони,крем за коса,сапуни,дезодоранси и од сите нив сум задоволна,козметика со прилично добар квалитет.
Производите од Dove ми се допаѓаат, ги имам користено, посебно сапуните преубаво ми мирисаат Убави им се производите, немам некоја замерка за истите.
Задоволна сум од маската за коса, од сите гелови за туширање, од сите сапуни и најмногу од Dove silky nourishment кремата за тело Спојлер Еве оваа: Единствено не сум задоволна од шампоните. own:
Од Dove производите што ги имам користено, единствено не сум задоволна од кремата за лице, многу ми е мрсна и не се размачкува убаво. Инаку најмногу имам користено сапуни, значи преубави се и за лице и за тело, геловите за туширање, а долго време и шампоните ги користев. Наредно што ќе пробам ќе биде некој дезодоранс.
Моментално користам сапун, го користам за миење на лице во комбинација со кремот за лице, и навистина се забележуваат ефекти на подобро. Сега планирам да си купам и маска за коса..
Презадоволна сум од сапуните со години ги користам, исто маската за сува коса, а шампоните не ми прават кеиф баш.
Од сапунов сум презадоволна Ем убаво мириса,ем кожата мека ти е прави абре убавини. И плус мирисот трае повеќе време одкога ќе се измиеш.
Ги обожавам Дав, сапунчињата, млеката за тело, млеката за туширање, универзалната крема, дезодоранските абе се им е преубаво. Сапунот не го користам за лице затоа што ми ја суши кожата ама затоа за тело ми е неизбежен, сите ми се убави. Од Дав едниствено што немам пробано се шампоните и маските, а бидејќи несакам да експериментирам со косата нема ни да ги пробам изгледа
Сапуните им се ОК, ама шампоните не ми пријаат на мојата коса. Сапуните се екстра, ама малку скапичка ценава
За млекото за тело немам коментар, навистина сум задоволна, a и сапуните им се прав погодок, ама од кремата за лице не. Дали е до моето лице или до самата крема, не знам, ама премногу ми ја мрси кожата и допринесува да премногу се потам.