Го користам тој од краставица и го обожавам тоа што го прави со мојата кожа.А и прекрасно мириса, ме освежува посебно насабајле.Едно големо ДА и од мене.
Од колекцијата на Dove јас користам: гел за туширање, млеко за тело, рол-он, сапун за лице. Презадоволна сум од сите нив и ќе продолжам истите да си ги користам и понатаму.
Во принцип, цената никогаш не ми е меродавна за квалитетот, но Дав држи една цена цело време.. и според мене со право. Од се на Дав шо сум користела сум задоволна и ми прираснало за срце
Од оние што сум ги користела,шампоните не ми одговараат,ниту маските за коса.Ги сакам антиперспирантите и сапуните.
dove крем за лице Тешко се справувам со бубалициве по лицево. Ако не користам некој лосион веднаш ми испаѓаат акни. Користам хлорамфеникол и ептен ми помага, ми ги суши акните. Но, не користам никаква крема.. па сакам да прашам дали некој користи dove крема и какви се резултатите? Бидејќи сакам да ми е мазна и мека кожата.
Јас ја користам кремата за лице и мене искрено преубава ми е. Не ја осеќам тешка на лицето, мазно ми е, сјајно.. Еве веќе 3то паковање трошам, од мене само пофални зборови. Читав коментари од други феминки дека не им одговарала на некои така да веројатно пак зависи од лицето, од мене пак ќе кажам позитивни критики само, јас би ти ја препорачала
Цената на сапуните е 70 и нешто денари што е навистина скапо во споредба со другите слични производи. Дупло поскапо. Па земи 2 Нивеа сапуни и ќе ти искочи како 1 Дав и да видиш исто дека нема да ги потрошиш за 1 месец
Навистина сапунот е поскап, ама е незаменлив. Јас си го расипав лицето со крема од авон, а го оправив со сапунот и кремата за лице на Дав. Го имам и млекото за тело, навистина прекрасни се
Имам една колекција од сапун и гел за туширање, сум заборавила дека и воопшто ја имам. Ќе ги испробам, тоа сигурно .
Имам крема ама некако не ми одговара на кожата , а другарка ми ја користи истата и презадоволна е. Инаку сапунот од краставица го користам моментално и преубаво мириса и онака ок ми е и да не ставам крема не ми е затегната кожата...
Па што знам, нормална до комбинирана.. Јас кремава ја користам и супер ми е, не ми ја мрси дполнително и што е најважно не ми е тешка, како некои мислам дека цел ден ги осеќам на лице Инаку извини што малце касно враќам, дури сега гледам
Дефинитивно шампоните им се нешто најдобро што и се случило на мојава коса иако е поприлично оштетена, бидејќи цело време ја фарбам. Полека полека почнува да не ми личи веќе како слама.