До сега многу пати сум купувала Dove производи и не сум била задоволна. Очигледно не си одговараат со мојата кожа.
Јас пред некое време го земав 71 ден. од зегин, ама имаат и два сапуни заедно спакувани, 110 денари мислам дека беа двата. И сакав да земам ама немаше такви спакувани од краставица и викам ај дајте ми еден само
Дове со пилинг ефект е ефикасен за проблематична и масна кожа, додека работев во козметички салон ги препорачувавме за чистење на лицето пред нанесување на соодветната крема спрема типот на кожа пс. помага за исфрлување на изумрените клетки.
Од оваа марка до сега сум најзадоволна. Сапунот е закон - едвај го исплавувам бидејки е квалитетен, и по миење кожата ми е мека и хидритирана... Исто многу ми се допадна и ролонот и антиперспирантот, а имам и многу сенки кои се навистина добри.
Па прилично сум задоволна. Посебно од шампонот-ја прави косата мека и лесно се расчешлува. И гелот за туширање - прекрасен мирис кој долго се задржува
Најдобри се сапунчињата, ја прават кожата многу миризлива и мека. Инаку не правам разлика дали да бидат од краставица или од нешто друго, сите се прекрасни и преубаво мирисаат.
и јас сум задоволна од сапунчињата ептен се добри , шампон имам исто користено ама не ми е оставил некој впечаток .
јас редовно ги користам геловите за туширање. сега си купив и шампон. мене косата како сено ми е многу ми е крута а од овај шампон ми е преубава, нема шанси да го сменам повеќе.
Јас редовно си го мијам лицето со Дове плавиот сапун. И кожата ми е многу помека и почиста за разлика од порано
Јас сум презадоволна од целата колекција на Dove, од дезодоранси, сапуни, гел за туширање до млеко за тело. Особено дезодорансите ми го прават кефот во летен период,на жештините си немам гајле, по цел ден ми трае . Само малку се поскапи од другите, но вредат за цената
Долго време користам производи на Dove..... Абе прекрасност Ова е моето најново откритие, сапунот го имам веќе 2 недели, планирам да го набавам и остатокот од колекцијава, баш сеа видов им извадиле реклама А како само мирисаааааат.... фантазија..
Сите производи им се супер... Особено дезадорансите- штитат од потење, а не мирисаат специфично, така да можеш да ставиш и парфем (што не е случај со другите дезадоранси)... Моментално ја користам оваа колекција, мирисот е преубав...
Не сум воопшто задоволна од кремата . Но, задоволна сум од антипреспирантот . Веќе имам пишувано дека сум задоволна од сапунчињата.