Абе деца јас сапун за лице не сум користела Користам гел за миење на лице , и случајно го земав овој сапунот за нежен пилинг си викам дај ќе пробам ако не го бива ќе послужи за раце ,преубав е подобар од гелот .. А се колнев дека нема да користам сапун за лице.
Голем лајка за сапунот Дав смоква баш е фреш ми доаѓа да го гризнам сакав да ве прашам за сапунот на Авене каде го има и колку е?
^ Го има во Зегин 100%, го видов пред некој ден на полиците, ама не ми текнува колку беше. Мислам дека е малку поскап од другите сапуни.
Од секогаш сум ги сметала за едни од подобрите и поквалитетни производи на пазарот. https://fbcdn-sphotos-h-a.akamaihd.net/ ... 8979_n.png Но после ова би можеле повторно да ги купувате нивните производи со чиста совест и да ги употребувате? Не знаев до сега дека тестираат козметика врз животни, каква иронија, денес купив крема зошто ја немав користено подолго време а ми одговара и прво уклучување на интернет се појави сликата пред мене. Бев решена да купам повеќе Dove производи и да се префрлам на нив, али ништо од планот, сепак ќе си барам друго решение....
Можам да замислам дека те вознемирило ова, но знаеш колку од козметичките средства се тестираат врз животни ? Речиси сите од нив, и тоа оние најпознатите кои ги купуваме во маркетите.
Знам, за тоа и се разочарав...не очекував дека и производите на Dove се на истата листа За тоа периодов се префрлив на производите на Балеа и Алверде, не тестираат производи на животни и изгледа на нив и ќе останам....а штета, зошто Dove имаат стварно добри производи. Знам дека може звучи смешно и претерано, ама некако шубе ми е после тоа што го видов да ги користам...некако ќе имам грижа на совест
Презадоволна сум од производите на Дав.Пред 2-3 години имав некои проблеми со кожата на рацете-дланките,многу ми беше сува и тогаш првпат почнав да ги користам дав кремата-обичната и обичниот сапун.Многу ми помогнаа и затоа од тогаш постојано ја користам кремата(не можам да живеам без барем најмалку 5-6 пати во денот да ставам крема на рацете и еднаш на лицето ).Користам и некои сапуни,еве моментално од краставица. :up:
Јас само сапуните на Dove ги користам зошто само од нив не ми се иритира кожата. Во последно време многу почна да ми се суши кожата на рацете па сега ја купив обичната крема, па да видиме како ќе се покаже
Додека бев средно го користев овој сапун и бев многу задоволна. Со него го миев лицето и после секое миење лицето ми беше мазно. Тогаш го користев заради проблеми со кожата.
Презадоволна сум од производите на Дав. Користев дезодоранси и гелови за туширање и навистина немаат конкуренција во квалитетот со ниедна друга компанија.
Последно што земав е овој дезодоранс, убаво мириса, остава пријатно чувство на свежина, дефинитивно пак ќе го земам.
Лосионите за тело преубаво мирисаат ама се многу мрсни и тешко се размачкуваат, а сапунот го користам за лице скоро секој ден пошто од гелови и пилинзи ми се вцрвенува кожата многу посебно окоу носот...
Моментално од Dove користам лосион за тело и гел за туширање и сум задоволна. Се мислам дали да земам еден од дезодорансите.
Го имам користено овој антиперспирант. ДОбар е, има убав мирис на калинка, свежо и летно(каткотраен мирис). Доста е траен, не дозволува да се испотам, и што е најважно не остава бели траги под пазувите и облеката. Тоа што не ме бендиса кај него е што после неколу минути од нанесувањето мирисот исчезнува и со подигање на раката не се чувствува мирисот повеќе, а ефектот е тука. Па затоа би му дала 4/5.
Немој воопшто да се мислиш, земи. Мене класичниот Dove антиперспирант со плаво капаче ми е all time favourite. Мислам дека поубав мирис не постои. Убав е и тој со екстракт од краставичка, но класичниот барем мене ми е понежен.
Dove сапунот го користам уште од средно за миење на лице. Порано и шампоните ги користев, сега само сапунот и гелот за туширање.