Од производите на Дав најзадоволна сум од сапуните, ги користам за лице и сум презадоволна, со секојдневна употреба наутро и навечер и се исчисти лицето. Со гаранција гаранција го препорачувам на сите.
@Amaris да тие се, не се наменети за лице само. Јас да ти кажам за мрсна кожа можеби се ок, ама за сува никако никаков сапун.
Според мене најдобри шампони имаат Dove.Јас со години ги користам и кога и да сакам да сменам некој пак се враќам на нив.Маската исто е феноменална. Е сега со цени мислам дека сегде се скоро различно.Јас сум го купувала и по 170, 180 ден, но сегде се мислам различни цени.
I Истите се како тие за раце ама мене многу ми помогнаа за лице, ми се исчисти лицето па сеа за кој како
До martinuska, уопште да не се мислиш и најбрзо шо можеш купи го,јас го користам пред недела ипол го купив,после миенје со него си се осеќам како бебче го обожавам едноставно. Иначе презадоволна сум и од геловите за туширање,а дезедоранс уште не сум пробала,да ја дотрошам рексонава и ќе го купам
Од сите тракатанци од оваа колекција единствено овој сапун не ми ја суши кожата. Има убав нежен мирис и бидејќи има некое си уље во него навистина после бањање чувствувам хидрирана кожа па понекогаш и не мора да се мачкам со млеко за тело. Топло го препорачувам и земам од оние што се по 2 пакувања за 110 ден или 4 за 210ден
долго време ги користам шампоните на Dove, и без конкуренција можам да кажам дека имаат најдолготраен мирис. миризбата трае до наредното миење.
Луѓе незнаете што ми се деси!!! Си купив крема од Dove и викам леле што убаво мириса,и сега се истуширав кога цела црвена станав!!!! Златен бекутан!!!!
Го користам само обичниот сапун. Од тој од краставица се исфрлам. Ама обичниот ми е предобар. Од него ми се исчисти лицето и не ми се влошува состојбата на "кокошкината кожа" на рацете.
Секогаш сакам да имам некоја "обична" крема на дофат, која ја користам за се и сешто, за раце, понекогаш за делови на лице, тело, итн. Обично избирам помеѓу Нивеа во лимената кутија или Дав, конкретно оваа, најобичната.
Сум ги испробала сите сапуни на дав за лице и гелот за туширање. Сапуните убаво го прават лицето ама се топат одма, мислам дека в рака ќе ми се радпаднат. А гелот за туширање не е лош, ама не е ни нешто посебно, јас го користев овој, преубаво мириса, ама не долго
Дали некој го има сретнато Dove дезодорансот од лимон? Порано го имаше и го користев, одличен мирис и заштита. Но во последно време не го забележувам во маркетите..
Производите на Dove се преубави, имам доста специфична кожа но сите прозводи на Dove ептен ми се погодени Моментално користам Dove сапунче и дезадоранс и сум презадоволна
Здрaвo. Имaм ,,мимички брчки/линии,, нa челoтo и пoкрaј устaтa нa oбрaзите. Дaли имa некoј крем зa 20-23 гoдишни?