Јас денес ги загледав Dove сапуните во Стокомак, дефинитивно таму се најевтини, по 38 денари се. Е сега немаше многу голем избор, јас си го земав тој со гранули зашто тој го користам обично, а го видов и обичниот плав. Можеби ќе донесат и други. Па ете поминав во темава да ве известам Да не го купувате од аптеки или други маркети кај што знае да биде и над 70 денари.
Девојки има ли Дав декоративна козметика? Мајка ми има еден кармин Дав оддамна е. Јас до сега кај нас не сум видела Моментално не сум дома ама баш ќе го сликнам и ќе постирам. Иначе периодов го користам гелот за туширање со шеа путер и супер ми е сега за сега, планирам да земам и млеко за тело од Дав за сува кожа, па препорака..мн сува кожа имам
Јас дав сапунот со гранули го користам откако знам за себе. Колку и да се туширам кожата никогаш не ми испукала од сувост како што знае да пука и да се перути од сите останати сапуни. Мирисот и влажноста на кожата остануваат колку и да се тушираш, за мене е неминовен. И да, го земам по 39 денари, што е дека солидно за тој квалитет.
Има, но само на Бит-пазар. Барем низ Скопје единствено таму имам приметено кармини и по некоја палета со сенки. Јас пред едно десетина години си имам купено мини палета со сенки и навистина беа прекрасни - доволно пигментирани, трајни и мирисаа на оној класичен Дав мирис.
Дали има колекции гел за туширање+млеко за тело+дезодоранс? И какви мириси имаат, дали се трајни? Дали имаат нешто за пресува кожа што би ја хидратирало?
Иако бев скептик за нив, сепак се одлични. Земав крема за лице и рол он, морам да кажам дека се супер за тие пари. Посебно за рол он, земав против потенje, засега е супер.
Обожавав dove,имав се од нив и баш ми одговараа..Ама сеа во последно време не сум земала ради не убавиот состав.На тоа поле не можат баш да се пофалат,се надевам ќе ѓи подобрат.
Дав сапунот oil е многу убав,исто како со гел за туширање да се имам измиено плус има убав мирис,така појак. Шампоните,геловите за туширање им се добри,ама лосионите и кремите не ми се допаѓаат многу.Кремот за лице ме поти,а на лосионите не ми се допаѓа мирисот,освен оној од калинка.Сакав да го купам тој од краставица и зелен чај,ама многу ми е јак мирисот,сличен со еден пилинг за лице на Гарниер што го имам користено. Кремот за тело што го пробав,ми беше катастрофа заради тоа што остава грд мирис.Дездорансите се добри,штитат,исто и ролоните. Од новите стикови го користев тој со круша,остава жолти траги.
Течните сапуни за раце нон стоп ги користам.Чат пат знам и тврд да земам,тој со краставица за лице. Геловите за туширање ми се одлични,по мој вкус многу кремасти и со силн мирис. Антиперспирантите исто така ОК. Се гледа дека содржат производите хидратантна крема. Одлични.
Сапуните ги користам, преубави ми се, особено оној со гранули. Ми се допаѓаат и дезодорансите исто така.
Во Зегин Dove кремите се по 99 денари. Не знам дали баш оваа ја има, но како што видов беа неколку видови. Разгледај таму.
Дали може да се најде овој, БАШ ОВОЈ, Dove сапун? Исто и другите производи од SENSITIVE skin линијата? Мене скапите face wash производи искрено прашина ми собираат, спасот одамна го најдов во сапуните на Dove.
Сапуниите на дав ми се допаѓаат многу ми ги прават рацете меки и нежни , само такви користам за раце затоа што имам сува кожа. И преубаво мирисаат сите