Downton Abbey (2010)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 13 јануари 2013.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.015
    Допаѓања:
    48.099
    Пол:
    Женски
    Од кога и се токмам на серијава да отворам тема, па ете, ме поттикна Дузи со постот. :)
    Не знаев дали некој ја гледа воопшто, јас ги изгледав сите сезони пред некое време и серијава ми е дефинитивно на прво место. Добро, го дели со Фринџ. :lol:
    [​IMG]
    Британска серија која го прикажува животот на семејството Crawley и нивните слуги во годините пред војната, почетокот на војната и други настани. Интересно е да се види како живелее во тој период, има некоја страшна топлина серијава. :)
    Начинот на кој слугите се грижат за семејството ми е фасцинантен, како внимаваат се да биде совршено до детаљ, а и како се грижат едни за други. Ми се допаѓа и кастингот, како омилен лик морам да ја издвојам [​IMG]
    Прекрасна е, нема проблем што не може да го реши или нешто што не може да си каже.
    Во Америка моментално се прикажува третата сезона, а обновена е и за 4та која едвај ја чекам. :)
     
    На tessie, imelda, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    9.060
    И јас многу пати помислив да ја отворам темава ама секогаш си мислев: зарем има некој освен мене што ја гледа :) и баталувам.
    И сега сум ептен среќна што има некој што ја гледа.

    Јас ги изгледав 3те сезони, само ми остана оваа последната, екстра епизода што е, Christmas Special. Излезе на 24ти декември, и трае околу 2 часа ама не сум седнала уште да ја гледам. Сакам на раат да си ја изгледам, нешто се сум со брзање.

    Серијава е благо кажано совршенство. Секој сегмент од серијава си е на место, актерска екипа, музика, сценаристи, режисери....ма се е идеално.
    Незнам како успеале толку врвни актери да соберат на едно место.

    Омилени ликови покарај Вилоет ми се Лејди Мери и мистер Бејтс. Во првата сезона какви чувства ми е изнудувал човекот, на моменти сожалување, на моменти сила и упорност...премногу ми е мил. Исто и Ана.
    Лејди Мери е чудо од жена, цврста и одлучна. И секогаш го добива тоа што го сака, што е бааги чудно за девојка која живее во Британија во 18ти век.
    Го сакам и Роберт, душа човек, колку и да се прикажува остар и ладнокрвен никако неможе да ја прикрие добрината во него, колку ги обожава жената и ќерките. Сама едно нешто воопшто не ми се свиѓаше во врска со неговиот лик, а тоа го сметам и за најголема грешка во серијава воопшто.
    Швалерисувањето со слугината, мислам стварно беше непортебно, никогаш не го прикажаа ко несреќно оженет или дека не ми е грижа за семејството. Ниту пак слугината не беше неодолива. Не им требаше ова.
    Метју на почетокот ми беше ко некое жалче, појма немаше шо се дешава на имањето. Ама сега види го, порасна :D сакал да го води. Баш ми е мило што го спаси, иако знаев дека на крај Мери ќе го убеди да ги вложи парите. Немаше шанси серијата Downton Abbey да продолжи да се одвива на друго место :)

    Од долениот дел во куќата наинтересни ми се мисис Патмор заедно со Дејзи, многу ми се смешни во комбинација. И во последнава сезона Дејзи како е љубоморна на новата девојка :D кутрата никако да прикрие емоции. Вилиам го сакав многу, а Томас антипатичниот ме нервираше како му правеше сплетки.

    Најмила од сите некако ми е лејди Сибил. Во првата сеозна немаше многу удел, ама затоа за време на војната беше во прв план. Се спротистави на сите само за да помага на болните. Ќе речеш мирна и тивка, мила ама всушност таа се спротистави на сите титули и обврски кои и беа доделени во домаќинството. Си тераше по својот пак. И се омажи за Брансон покрај се.
    Нејзината смрт ми е најболниот момент во серијава ;( Незнам дали требало или не, ама многу ќе ми фали.

    Третава сезона некако многу мирно ми заврши, ама едвај чекам да ја гледам дополниелната епизода. Знам дека ќе има турбуленции.
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.015
    Допаѓања:
    48.099
    Пол:
    Женски
    Не да ќе има турбуленции во спешлот, да ја гледаш побрзо. :)
    Мене па моментот
    со слугинката баш ми беше на место. Некако го прикажаа Роберт во почовечко светло, дека не е толку совршен, дека има слабости. Сите ги погоди војната на некој начин, жена му се зафати со други работи, па затоа веројатно се случи тоа. Ама сепак успеа да се воздржи и си остана лојален на себе. :)
    Јас си плачев кога умре Сибил. Преубава ми беше, какво лице имаше.... На почетокот не ми се свиѓаше Брансон, ама после се покажа како достоен.
    И Ана дефинитивно ми е предобар лик. Колку се истрпи за да биде со Бејтс, колку е мила и секогаш е спремна да помогне.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    783
    Jас чекам на HRT да почнат со трета сезона.
     
  5. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    9.060
    И ептен ме бендиса што го крстија девојчето Сибил :)
    А големата Сибил стварно какво лице, природна убавина, нежнотија.
    [​IMG]

    Царица!
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На tessie и imelda им се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Карсон. Авторитет, страв и трепет за слугите ако не си ја вршат работата. Донекаде не го сакав овој карактер, и не му ни обрќав внимание. Откако не го видов во ова издание на крисмас спешл.

    http://www.youtube.com/watch?v=gkyNUZ3S6eg&sns=em
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.015
    Допаѓања:
    48.099
    Пол:
    Женски
    Мене па Карсон баш ми се допаѓа како лик. Авторитет е да, ама и секогаш бил тука за сите да им помогне и многу е праведен.
    Колку се секираше за Mrs. Hughes кога мислеа дека има рак, срце беше, има многу мека страна. А и колку ја сака Мери, нема нешто што не би направил за неа. :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Закон е женава дефинитивно. :rofl:
     
    На tessie, teddybear и imelda им се допаѓа ова.
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    9.060
    ^ И како пееше коа кажа она дека се излечила.... :D
    Ќе почнам пак од почеток да ја гледам :) вака коа се присеќам, сакам пак.
     
    На teddybear и RainBow им се допаѓа ова.
  9. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    9.060
    Ја изгледав последната.
    Why God, why? Обилно ова? И сега треба да чекаме ние до кој знае кога и да се надеваме? ;( ќе си умрам, се соживеав со серијава и ликовите ептен. После лејди Сибил неможе ова да е така. :worried:ilent:
    А си мислев ама убаво и среќно заврши
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.015
    Допаѓања:
    48.099
    Пол:
    Женски
    Јас кога видов на крај... :x Не ми се веруваше, ама после прочитав дека актерот решил да ја напушти серијата, па морале да го умрат. Ама не знам како ќе ја тераат серијава натаму. и пак ќе има плачење и погреби...
     
  11. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    9.060
    Зашто некој би решил да ја напушти серијава? не ми се верува, па тоа ќе му биде врв во кариерата, тапчо. Подобро да го сменеа глумецот, со некој што си личи, ко шо правеа во шпанските серии :)
    Стварно не е фер, ептен на трагедија удрија, и Мери како сеа, па не заслужи. Метју беше еден од водечките ликови.
     
  12. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    9.060
    Best Supporting Actress in a TV Series, Mini-Series or Motion Picture Made for Television: Maggie Smith for "Downton Abbey" :party:
     
    На Doozy и teddybear им се допаѓа ова.
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    58.599
    Ќе ве стасам до крајот на неделава со трета сезона, па на раат ќе напишам. ]:)

    Дејзи е срцка, во пакет со Ана и Мр Бејтс. :D Сега читав дали ќе завршат овие двајца заедно, морав да се намирам и да дознаам што ќе се случи, иначе ќе требаше до утре сите да ги изгледам. :rofl:

    Предобра серија, на сите ја препорачав. :clap:
     
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Само што завршив со последната, Christmas special. Си реков додека не ја погледнам таа епизода нема да пишувам во темава, иако знаев што ќе се случи, не ме држеше г*от да не ги отворам сите спојлери. :D

    Навистина не очекував така да се одвиваат настаните, и не знам каква им е замислата за понатаму ама останува да видиме.

    Јас порано кога почнав да ја гледам серијава бев сигурна дека никој не ја гледа, исто како и повеќето од вас, инаку го обожавам начинот на кој зборуваат, како се облекуваат, како се однесуваат, куќите им се прекрасни оф да гледаш и да си уживаш и да си замислуваш дека си некоја лејди таму :lol:

    Се изнаплакав епизодата кога Сибил умре, ја обожавав, навистина не знам зошто, немаше потреба да ја тргнат, предобра беше а и преубава. Ми беше многу жал и Вилијам кога умре, ама неговата смрт полесно ја преболев.

    Омилен лик ми е дефинитивно Карсон, човекот е строг, ама секоја постапка му е на место, и секогаш е праведен и реален. (моментот кога пееше во епизодата кога Мис Хјус ги доби резултатите ептен ми беше онака мил). После него секако следуваат Ана и Мр.Бејтс. Да бидам искрена кога го пикнаа во затвор и јас како Дузи го посетив пријател гугл, и ако не се вратеше Бејтс ќе прекинев да ја гледам серијата :lol: Мис.Патмор и Дејзи се тотално откачени, смешки живи се. Ја обожавам и Лејди Виолет, и како актерка и улогата и ја обожавам. Заради неа најмногу се смеев во еден момент кога го помеша Роберт со келнер :D (не можам да најдам слика). За Едит ептен ми е жал, пустата никако да се скраси да си најде некој што ќе и одговара.

    Актерската екипа ептен е погодена, значи ниту еден нема онака да отскокнува, да има улога што не му одговара. До сега се е некако на место, се е кликнато како што треба, само се надевам дека понатаму нема да ја расипат.

    Би сакала да се случи и некој пресврт да не умре метју, ама мислам дека џабе се надевам
    :)
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    58.599
    Објасни ми зошто ги отворив сите спојлери и зошто баш името на сите го прочитав, плус и дејствието што се случува со нив. :rofl:

    Фала Мечко, фала. :!:

    Сега ја довршувам втора сезона, или учам или јадам или серијава ја гледам.

    Крисмас Спешл на крај да ја гледам после втора сезона или...?? :sweat:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.015
    Допаѓања:
    48.099
    Пол:
    Женски
    ^^
    Џабе се надеваш, актерот ја напуштил актерската екипа, нема враќање.
    Doozy, има една крисмс спешл после втора сезона, има една после трета сезона. :)
     
    На Doozy и teddybear им се допаѓа ова.
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Се извинувам Дузи :lol: Се надевам ќе ми простиш :sweat:

    Знам Виножитке дека џабе се надевам,
    ајде барем синот си го виде ако ништо друго.

    Да ви кажам сега криво ми е што ја изгледав епизодата, требаше уште малку да одолговекувам, ама немав веќе што да гледам и дојде редот и неа, 500 серии и 500 испити, човек главата да не знае кај му е :D

    А заборавив горе да пишам, јас мислев Дејзи ќе отиде да ја води фармата, за тоа ништо не се ни спомна повторно. Со Алфред мислев ќе одат заедно, ќе си готват тортички :D

    А знаете ли кога ќе излезе наредна сезона? :)
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.015
    Допаѓања:
    48.099
    Пол:
    Женски
    Најверојатно ќе биде на есен. Во САД сега се емитува третата сезона, а 4тата би требало во Британија да почне со емитување дури на есен. Кој ќе чека до тогаш...
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.654
    Допаѓања:
    58.599
    Малку да се насмееме, дефинитивно бабава е закон. Плус од Хари Потер ми влече корени, не можеш да не ја сакаш. Не знам како успева толку многу фаци да прави. :D

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    Омилени цитати... Се изнасмеав кога праша што е викенд. :D

    А нешто награда зела деновиве за серијата, за најдобра споредна улога, заслужено дефинитивно. :D

    Едит - Алиса пишала, малку ослепев од толку зјапање во монитор. :tmi:
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.015
    Допаѓања:
    48.099
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Еве ја сликата Теди. Како сум се изнасмеала на ова. :rofl:
    [​IMG]
    :rofl:
     
    На teddybear и imelda им се допаѓа ова.