Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Downton Abbey (2010)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 13 јануари 2013.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.815
    Пол:
    Женски
    Aaaand they're back! Конечно новата сезона.
    Беше малку бавна, ама мило ми е што беше после 6 месеци од смртта, а не гледавме погреби и плачење. Мери ама беше изгубена сиромашката... И онаа дадилкана како ме изнервира со обраќањето кон девојчето, една добра работа од Томас. А која е оваа ново-старава слугинка, мене не ми текнува или не беше спомнато? Сум заборавила многу работи.
     
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    И мене не ми текнува која е оваа старата/новата. Јас ги гледав сите од година на година па ептен сум бавна некогаш да ми текне што било. Се сомневав, ама морав да ја изгуглам за сигурно. Едно време нели Лорд Грантам малку се како наклони кон афера, помладо мевце, и набрзина се оттараси од неа. Таа е.
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Ама таа со која Лорд Грантам имаше некоја платонска афера беше Џејн со синчето и беше сосема друга личност.
    Оваа е Една и еве ја приказната за неа.
    http://downtonabbey.wikia.com/wiki/Edna_Braithwaite
    Во 2012 Christmas Special ја имало изгледа дешавката, ама токму тие јас не ги гледав, а претпоставувам и многумина други ги испуштиле, па се сега збунети. :)
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Ахааа, ете јас колку не знам да гуглам :D Јас ја имам гледано серијата и пак се збунив,не па на негледано. Ќе мора да ги прават паузите меѓу серии пократки за да останеме сите во тек... или јас да си ги барам за поклони за да ги гледам турбо за рефреш пред секоја сезона, оваа тиква толку има капацитет за нови информации да собира веќе :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.815
    Пол:
    Женски
    Да, ми текна мене на неа во оваа епизода. И ете, пак истата приказна, игледа се врати да си ја доврши работата.
    Уф, ми се раскина срцето за Ана, многу ми беше жал. :( Како ќе се оправи од ова којзнае.
    Интересна беше епизодава.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Многу добра сезона ^_^ јас искрено не го забележав отсуството на Метју, што знам...
    добри ми се овие додворувачиве и Тони и Блејк, баш ќе видиме дали Мери ќе одбере некого, иако некако натежнува накај Блејк, за да на крај испадне навистина „кој се тепа, тој се сака“.
    :D

    А оваа Едит, па можно ли е женава да е толку малерозна, па навистина, дај приредете и` некој убав настан, аман.

    И многу ми е жал за Ана, греота женава, заедно со Бејтс. :(

    Дали некој навива Хјуз и Карсон да станат пар?
    ;) :D
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Мене ме интересира колку е старо кучето Ајзис :^)
    Го имаше во првите епизоди 1912. Сега се во 30тите години, и пак е бааги младолик Лабрадор, и за најмалку 18 годишно кутре.

    Дупки наоѓам :D Да ги измрчам, оти им се лутам што последната епизода е во Недела :(
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ^ Кучето се подмладува, наместо да старее. :D
    Стварно многу брзо помина сезонава, додека да трепнеш.
    Вајолет и Изабел станаа другарки. :clap: Како играа карти, срцки бе.
    Дали овој Моузли (вака ли се пишува човеков :?: ) и` се припуштава на новата слугинка, што ја донесе Томас да шпионира? Се` некако до неа се гузи. :D

    И многу е убава девојкава. Лејди Роуз. И чоколатце си најде момето. :D
    [​IMG][​IMG]
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.815
    Пол:
    Женски
    Аууу што зборите, дојде веќе крај на сезоната? :(
    Пак ли цела година да чекаме, па не е фер стварно.
    Да, не се осети отсуството на Метју, многу нови мажи нафрлаа. :rofl:
    Стварно е греота Едит, ајде нека ја опраат веќе, огрдува само сиромашката.
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    И` се пушта, аааа. :rofl:
    Немаше некоја специјална завршница, освен убиството на Мистер Грин, одвратниот силеџија.
    Вајолет и` мести дечко на Изабел, хахаха.
    Бакнежот помеѓу Кора и Лорд Грантам - прајслес. Се стопив, крај. :mm: ^_^
    Многу лесно го решија проблемов со Едит.
    И дај Мери одлучи се, помина цела сезона, ти уште си немаш симпатија за озбилно.
    Добра сезона, останува да видиме дали Бејтс има нешто со убиството на Мистер Грин и што ќе се случи со Мери и Едит... а Роуз навистина е непромислено каприциозна... бунтовник БЕЗ ПРИЧИНА.
    Новата пуштачка на Бренсон (учителката) не ми се допаѓа воопшто. Наперната бајаги и напорна со принципите нејзини. |(

    Добра сезона. Indeed. ;)
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Толку ли беше?
    :(

    ПАК до септември треба да чекам? :devil:

    Во одјавата имаше нешто за Крисмас спешл, ама после тоа? :?:
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.815
    Пол:
    Женски
    Излезе Божиќната епизода. :)
    Интересна беше, ама во саат ипол некако немаше многу случувања. Можеле малку да ги размрдаат работите, барем со мажите на Мери, ко што ги рече старата. :rofl:
    Во следната сезона мора да има некоја дешавка, инаку ќе затапат.
     
  13. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    325
    Пол:
    Женски
    Јас ја гледав божиќната епизода и некако во последно време не се случува ништо посебно. Не е како на почетокот или 2 сезона, ама некако почнаа да тапкаат во место па баш ме интересира што ќе се деси во нареднава сезона што сеуште ја снимаат тек декември 2014 ќе бидне.
     
  14. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.815
    Пол:
    Женски
    Излезе нова епизода конечно.
    Не беше лоша, мислам дека ќе се вратат во колосек со сезонава, се насетуваат многу промени.
    Само оној Томас уф, колку ми е одвратен, зашто не го избркаа веќе еднаш. Пак херој е. |(
    Двете старки шармантни како и секогаш. :lol:
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  16. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Ја обожавам серијава, денес случајно открив дека започнала новата сезона. Еве ја спуштам новата епизода. Пресреќна сум :D Иначе омилена ми е Лејди Мери :)
    откако умре Ледји Сибил ;(
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Јас ја снимав па дури синоќа ја изгледав. Пак златниот лабрадор се разврте низ дома, истиот е пак а толку години поминаа? :^) Чекам да слушнам да го викнат по име :D
    Да не ставам спојлер во спојлер, не ја коментирам првата епизода, ќе ги изгледам сите па тогаш ќе се бунам што не е фер :wasntme:
     
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.815
    Пол:
    Женски
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.493
    I'm a Downtowncholic too and I like it. :hai:

    Ги изгледав 3те први епизоди од 5та сезона и мислам дека пак се враќаат во колосек, станува возбудливо и жешкоо.

    Лејди Мери замина во Ливерпул со лордот Гилингам и се плеснаа нАли :D , и као нели она се одлучи за него и се врати дома и на Бренсон му кажува дека не е сигурна баш во одлуката. |(
    Случајот со убиството на слугата на грофот се разбранува, доаѓа веќе 2 пати агент во Даунтаун да истражува за случајот бидејќи се јавила една девојка како сведок на самата улица каде што е убиството и Бејтс го испрашуваат за тоа каде бил тој ден, со оглед на тоа дека мртвиот бездушник го спомнал неговото име на пријателите и како тоа Бејтс баш не го сакал него. Не сакам Бејтс да го откријат, стварно се изнастрадаа со Ана. Абе у оваа сезона само се флертува, очигледно е дека настапува нова, не така заостаната ера како порано, а на која најмалку можат да се навикнат лордот и кутриот Карсон. Не само што снаата Мери има двајца кои ја кружат, ами и свекрвата има исто така :D Кора исто флертува со некој си таму сликар ли е што ли е ( е не , само лордот ќе ја стиска слугинката :D ). А и бабево матело нешто у Русија додека било, ептен ме скокотка да откријам што тоа она правела таму, нели оти е најголем критичар за сите она и она све знае. :) Едит жална, не знам што да кажам, се изнамачи... и додека почна да го гледа девојчето, пак сега не смее, оти жената на овој што работи за нив и што го гледаат девојчето е љубоморна...
    И да, моментот со радиото кога го слушаат говорот на Кралот сите собрани на куп и слуги и лордот со фамилијата и г-ѓа Патмор во нејзин стил и истекнува нешто оригинално, па ја прашува Хјуз- А КРАЛОТ НЕ МОЖЕ ДА НЕ СЛУШНЕ НАС, НЕЛИ? :D

    Се на се, јас мислам ни следува уште една супер сезоничка на нас кои си го гледаме сериичево.

    *Инаку, и покрај тоа што прочитав дека на повеќето Лејди Мери им е ок, мене не ми е и ми тежеше да си кажам. :D Прво, воопшто не поминува време со детето и нели од мноогу депресивна по смртта на Метју, одеднаш живна и се разудри ептен да си го среди љубовниот живот. :^) Самобендисана, ладнокрвна, остра на зборови, ич не ја сакам.
    А за Томас одвратниот не сакам ни да зборувам, ем Бејтс му го спаси газето да остане во куќата, ем сака пак да намириса што е работата со него и да му наштети. Ѓубре!
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.437
    Допаѓања:
    96.493
    Јас сама си коментирам на темата, блазе си ми. :D
    Оо, колку ми го стоплија срцето изјавите на љубов на Лордот и неговата брачна понуда за Изабел. Сакам да прифати, заслужува да биде среќна оваа жена, само на другарка и баш некако не и одговара. :D Кора претера со овој трговецов, историчар, штоидае. Па и на нешто да личеше човеков барем, мене ми е многу педерастичен некако.