Dr.Hauscha козметика девојки , чекав , чекав ..нема одговори и денес си ја купив кремата од хаушка со мелиса...за масна комбинирана кожа. аптекарката ми рече дека е идеална за кожа како мојава, со изразена т зона !!! си ставив и како за прв пат прекрасна е!! природна без силикони, бои и такви некои ствари. инаку аптекарката ми рече дека за зима подобро било да се става некое нормализирачко масло..ама тоа на зима!!!!! ке видиме како што кремава па после масло !
Dr.Hauscha козметика да не е Dr.Hauschka грешка имаш инаку јас ја имам користено Rose day cream за сува кожа е, добра е кремата ептен
Dr.Hauscha козметика Dr.Hauschka козметика Сертифицирана природна и органска козметика Dr.Hauschka козметика – е име синоним кој се поврзува со био-динамички, сертифицирани органски состојки, грижливо селектирани растенија, кои со ритмички процес се внесени и спакувани во уникатни козметички производи кои ги зајакнуваат здравите процеси и ритмови на самата кожа и ја заштитуваат кожата од надворешни влијанија. Помогнети и на кожата за да може самата да си помогне . Оваа основна идеја го објаснува пристапот за нега на Dr.Hauschka козметика. Природната и органска козметика Dr.Hauschka има холистички пристап на нега на кожата, ги почитува нејзините природни ритмови и ги поттикнува нејзините природни функции. Секоја убава кожа не е здрава кожа но секоја здрава кожа е убава. Јас користам Dr. Hauschka скоро четири години и сум многу задоволна. Ви ја препорачувам на сите оваа козметика.
Dr.Hauscha козметика во кои аптеки ја има оваа козметика? ја има во зегин? мене очајно ми треба некоја добра крема за сува кожа оти не можam да си погодаm никако
ја имаш во сите аптеки на еурофарм , рекорд, рамстор, новото веро. најдобра за сува кожа ти е кремата од рози !!!!! дефинитивно е најдобра !!! другарка ми што ли не ставаше само од таа крема и се среди лицето и не е нешто мнооогу скапа околу 1100 1200 е мислам , ама дефинитивно вреди за секој денар !
само внимавај, немој да ставаш големи количини бидејки тоа е 100% природна козметика има цисти екстракти и ако многу се "шлакаш" може да ти се вцрви лицето, не естрашно само е знак дека премногу си ставила (ова сум го читала на германски форуми )
имам пријателка која цела козметика (од глава до пети) и е од Др.Хаушка и е презадоволна од се. Јас лично немам пробано нешто, но би сакала, посебно ме интересира `атиперспирантот`(т.е. дезодорансот), ако некоја го има користено нека подели искуство. иако се поскапи, битно се природни, дури и да нема некој посебен ефект, барем да не ставам хемија на мене.
дезодорансот (како рол он е ) го меркам цело лето и никако да го купам инаку е 100% природен и најбитно од се е што не ги затвара жлездите а тоа е многу битно бидејки многу од дезодорансите сум слушнала дека на тој начин се штетни и може да влијае на добивање рак на дојките
антиперспирантите се со алуминиум хлорохидрат, кој е навистина штетен. ако некои маици ми се обелени, оштетени, замисли каква штета има на кожата. овој од др. хаушка е околу 600ден (75мл) (два вида има), малку прејак мирис има за мој вкус (јас сакам скоро и да не се осеќа мирисот), можеби не е 100% природен, ама 95% би требало да е. само ме интересира дали заштитува добро?? имав јас скроз природен од друга фирма, ама не ми делуваше. ме изневери два-три пати (додека бев на кафе, на сончево време), иако јас не се потам многу, и го фрлив одма!
јас мислам дека ако е 100% природен како што е овој од хауска дека не заштитува така добро акко оние со алуминиум . Нивеа фреш нема алуминиум и е доста послаб од другите видови
Почуствував потреба од серум за ревитализација на кожата. Дерматологот ми го препорача Regenerating Serum на Dr. Hauschka. Серумот е за зрела кожа но бидејки е природен, може да се користи и за чуствителна кожа како мојата на порана возраст. Го купив во аптеката во Космо пред неколку дена па ке пишам резултати кога ке го потрошам
Конечно го купив Дезодорант Фреш. Има 50мл., чини 650 ден. Мирисот не е јак, не е цветен, некако билков е (нели етерични масла содржи). Издржлив е (по природа не се потам многу), т.е. еднаш дневно го ставам, си ги правам сите активности, не ме изневерил досега. Би го купила пак, само скапичок ми е... Еве слика:
Ја купив цела линија на Др. Хаушка за комбинирана кожа, значи крем за чистење, тоник специјал. нормализирачкото масло и мелиса дневната крема, и лицето ми стана полошо од било кога, ми се исфрли цело и сега едвај не знам како ќе го управам. Значи не ја препорачувам, иако јас тргнав по неа со фактот оти е природна и не е штетна, а си наштетив уште толку.
вака.....тоа може да ти се случи од која било 100% природна козметика бидејки е од природни состојки етерицните масла знаат да направат такви проблеми (сестра ми имасе од маслото) ама најчесто е од преголема количина ....пробај после 2 3 дена пак стави си ама помала количина и ке видиш дека ке се смири, не смее да се става како нормалната козметика на тони ...значи ако пишува капка , ке ставиш капка а не 2 или 5 капки ! верувај ми од тоа е сестра ми го имаше истиот проблем
Благодарам за советот, ама кај мене не е тоа проблемот. Значи направив пауза од еден месец, не ја употребував козметиката, ми се смири колку толку лицето, потоа почнав пак со мали количини(прочитав и јас порано на форумот дека треба мала количина) и пак иста лоша ситуација, и од тогаш не ми текнува да ја употребувам повторно. Знам и за еден друг исти таков случај како мене, и тоа девојче прекина да ја употребува....
Ја користам кремата за лице за сува кожа ама искрено и не сум кој знае колку задоволна,па за тие пари мислам дека има и подобри,барем во мојов слуцај,,,сто знам
Брат ми ја користи козметиката премногу е задоволен, јас користам "cleansing creme" како пилинг за лице после употребата лицето ми е мазно и најважно е што не ми е суво, баш напротив исто како крема да имам ставано. Поздрав
Имам користено тоник, крема за чистење на лице, крем за вадeње шминка сите се се за масна кожа и немам никакви ефекти. Амбалажата е прекрасна, цените им се високи, козметиката е на природна база и кај мене немаше никакво подобрување. Повеќе би ги препорачала клиник и авен, од производите со слични цени и квалитет.