Здраво драга јас имам комбинирана кожа и можеби ќе може да ти помогнам. За масна кожа имаш едно масло кое го нормализира себумот од оваа колекција и го имам пробано навистина е многу убаво. Иако јас за овој периос би ти ја препорачала кремата од дуња. Затоа што е за комбинирана кожа, меѓутоа сега доаѓа зимски период па на кожата без разлика на тоа што е масна ќе и треба хидратација и заштита од студот. Овој крем е идеален. Инаку од тониците земи го обичниот има еден специал така се вика ама подобар е според мене стандардниот. Кремот за чистење е одличен јас моментално го користам. Поздрав.
Moze li da postiras eden osnoven basic set so koj moze da se proba, a pritoa da se vidi nekoj efekt. Zainteresirana sum za supper suva koza. Mozebi ova sum te prasala ama verojatno nemozam da go najdam. Da ne zaboravam, setot da vklucuva i krem za okolu oci. Blagodaram
Основен сет за сува кожа има, и јас сум го користела пред да се одлучам даминвестирам во нормални паковања, но во него нема и крема за околу очи. Има млеко и крема за чистење на лице, тоник и три други креми. Вака изгледа Најчесто сум купувала директно од нивните штандови и неколку пати ми повториле дека крема за околу очи не е нешто што се мора. Дека кремата од роза ја врши сосема солидно истата функција. Инаку има две креми за околу очи. Првата ја имам пробано и искрено не осетив голема разлика од периодот кога нанесував само розе крема. Има уште една, за зрела јожа, ама немам искуство со истата.
Да. Така ми беше препорачано и така ја имам и користено. Јас имам екстремно осетлива кожа која реагира со црвенила или иритации. Кога ја нанесував не беше тоа случај ниту со кожата(сеедно околу око или останат дел од лице) ниту пак имаше реакција на очите.
Слободно користи ја за околу очи. Структурата и формулата на кремот се така направени да според мене одлично ја негува кожата околу очите. Овој ми изгледа универзален крем. Поздрав.
Јас го имам користено и можам да кажам дека е убав. Кај мене на блог имаш комплетна рецензија за истиот. Поздрав.
Еве скоро еден месец ги користам кремот за чистење и тоникот ,секое сабајле и секоја вечер,но од тогаш лицево многу ми се нафрла со бубулички,не дека и пред тоа немав ама волку не сум имала до сеаа баш се радував дека си ги купив,мислев ке ми се нормализира лицево без пори без нз што.. @Biodevojka можно ли е од козметикава,да не сум алергична на некоја состојка си викам,што да правам дали и понатаму да ги користам,да сменам тоник,порано си користев вода со ет.масло од чајно дрво и сто пати боље ми беше,а сега баш пред свадба лицево катастрофа ми се направи
Здраво мила, баш ми е жал што слушам ова. Не знам што да ти кажам кај мене одлично делува оваа козметика меѓутоа сите сме различни. Можеби си алергична на некоја од состојките, меѓутоа можно е доколку си користела претходно традиционална козметика лицето да ти се чисти од сите неубави работи. Доколку е така, дај време, во спротивно смени ја затоа што сигурно не ти одговара. Јас на пример си направив крем со салицилна која чисти. Првите 3 дена ми излегоа поткожни бубуљички кои воопшто ги немав, ама бев подготвена на вакво нешто затоа што во прво време салицилната вади сѐ што е од внатре и што можеби не се гледа затоа што го чисти лицето. Потоа состојбата се подобри. Моментално мојот крем го тестира една моја другарка која има проблематична кожа и ми рече дека постоечките бубуљици се сушат и повлекуваат *што е одлично), додека на некои места и излегле нови. Ова е чистење на кожата. Тоа што е внатре и што не се гледа прави да го исфрли надвор. Некој вид на козметика го има ова дејство. Меѓутоа како што реков индивидуално е и секако доколку едно нешто не ти одговара нема потреба да го користиш. Поздрав.
@Biodevojka ја купив Dr. Hauschka маската од глина за длабинско чистење на лицето. Маскава е предобра, резултат има од првата употреба. Сега ме интересира глината кога ја соединувам со вода, дали водата треба да биде ладна или млака (јас денес користев ладна вода) или тоа не е важно? Дали поголем ефект ако пред да ја нанесам маската, лицето прво го држам на пареа за да ми се отворат порите? Благодарам однапред
Се согласувам за маската , многу е добра јас ставив млака вода. двапати неделно , пред да нанесам маска ставам две лажички во зовриена вода од производот , ставам крпа на глава и седам така 15 мин (во упатството пишува тие што имаат мрсна кожа 10-15 мин седат на пареа)
Ја користев кремата со рози за сува кожа, верувам дека е квалитетна ама мене не ми се допадна. Имам сува кожа, а текстурата на кремата ми е толку густа што едвај ја размачкував. Исто и кремот ми е премногу бел, и бидејќи е густ и го правеше лицето за една нијанса посветло и не ми изгледаше воопшто природно. Бидејќи имам чисто лице најчесто не користам пудра ептен ми сметаше побелувањето. Како позитивна работа од кремот е што ниту еднаш додека го користев не ми се појави црвенило или чешање, а го имав овој проблем со чувствителна кожа. Сепак, не би го купила пак Можеби би пробала друг, да ми препорачате
Здраво драга топлата вода за цел има подобро да ја спои глината, во смисла да добиеш хомогена смеса без грутки. Инаку да, пожелно е претходно да направиш парење на лицето за да ги отвориш порите и маската подобро да делува. Ти препорачувам еднаш неделно не повеќе. Парење на лицето се прави најдобро на секои две недели. Може слободно да ја нанесеш на пример после туширање. И онака порите благо се отвораат под дејство на топлината на водата, така да истуширај се, нанеси ја маската (претходно подготви ја) и додека да се намачкап со крем и да се облечеш таа ќе делува. Само не ја оставај комплетно да се исуши туку кога ќе почне да затега значи дека веќе глината го направила своето. Поздрав.
@koritsaki зошто ми го покажа овој производ сега и него ќе треба да го купам Производиве на Хаушка се фантастични, од се што пробав сум задоволна
Хахах , не е неопходно да го земеш и обична вода ќе ти заврши работа. Јас го имам во мало пакување - тестер, го немам нормалното пакување . Но 2 пати што го пробав ми се допадна. И јас сум презадоволна од се досрга што имам. Кажи ми го имаш пробано дневното масло за масна кожа?
Јас земав една кесичка за една употреба. Аптекарката ми рече дека во една кутија имаат по 10 кесички, па за проба земав само еден. Сега ќе ја купам целата кутијата, а за нормално пакување не ми спомна Го немам пробано дневното масло за масна кожа. Добро ли е?
Да да , супер е само што не ми е јасна баш употребата. Јас нанесувам малку на навлажнета кожа , одма се впива и навистина не ми ја масти кожата. А од декември па до ден денес ја користам и кремата Мелиса и прекрасна е многу сум задоволна