Ја користам веќе 3 недели и можам да кажам дека сум презадоволна. Одлично влијае на мојата комбинирана кожа, ми дава соодветна хидратација без да станам мрсна на т-зоната како што ми се случувало со останатите креми за лице што сум ги користела. Има одлични состојки, а мирисот и е прекрасен. Препорачувам, вреди за секој денар.
Која е цената? Дали матира? Додека не користев креми светев како маслосана, сега користам и пак светам .
Мене ми е супер, лесно се впива и не ми свети. Сепак ќе кажам, зависи до кожата, јас имам комбинирана кожа на лице. Цената е околу 1100 и нешто, не се сеќавам точно.
Не светиш со Мелиса, баш ги хидрира сувите образи и мрсната т-зона без да блештиш отпосле. Ама Мелиса е баш за комбинирана кожа. Ако ти е целата мрсна, веројатно треба друга крема да земеш.
Имаат често попусти на кремава во Зегин и Еурофарм можеш да се информираш од нивната страна а толку е да околу 1100 ден. Не е мат инаку, јас имав масно лице и не светев , убаво се впива и лесна е.
Женски, да ми препорачате некој производ за секојдневно миење на лице, за осетлива нормална-сува кожа? Исто така и нешто за ноќна нега, некој серум или слично? До сега сум ја користела само Мелиса кремата, за лето ми е супер, за комбинирана кожа. Затоа би сакала да пробам и други производи кои би одговарале на мојава сува и осетлива состојба на кожата.
@Luminary , за миење на лицето пастата од бадеми, плус за сува кожа е одличен овој производ. За ноќна нега, серумот ноќен , и тој го имам користено и добар ми беше. Антиејџ состојки не знам дали содржи , ќе ја тагнам @Biodevojka