Јас ја пробав лани, и искрено не сум задоволна. Дали нешто не беше во ред со конкретното шишенце не знам, ама пудрава не се нанесуваше добро, некако неизедначено делуваше, покривноста не е висока (така и си пишуваше, за ова не им замерувам), и ко за цената, воопшто не ми остави впечаток. И со прајмер, и без прајмер, ист ефект. Пробај прво со тестер пред да земеш.
Имаат од време на време попусти низ аптеките, кога како се начекува, ама има. Зимоска имаа во Зегин фин попуст.
@koritsaki сеуште не ја купив пастата од бадеми за чистење, ама следна ми е на листа. Ме интересира начинот на користење, ако знаеш, бидејќи претпоставувам е густа паста, и малку поразлично можеби е од типично чистење со гел/пена. Исто така друга опција ми е млекото за чистење на лице, тоа се измива така? Се двоумам меѓу овие две, сакам убаво да ми го измива лицето, да отстранува можни остатоци од шминка, да не ми ја иритира кожата. Исто така имам прашање за тоникот, бидејќи е како спреј, дали само се прска на лицето, или можам со тупфери да го поминам после тоа за да го исчисти лицето убаво? Благодарам однапред
Пастата е прекрасна, мајка ми ја користи со години и редовно и крадам. Густа е и има мелени бадеми текстура. Ставаш малку, сосема малку на прсти и на влажно лице ја масираш. Прави блага екфолијација и иако е релативно нежна, мене искрено не ми е за секој ден, за преку еден ден во ред е. Валјда како втор чекор за чистење на лице би била во ред, само таа не знам колку ќе ти го исчити лицето, посебно од шминка.
Се нанесува со тапкање на лицето , многу убаво мириса , само за измивање на шминка од лице не е, нема да ти го исчисти убаво лицето. Јас го користев кога немав шминка на лицето претходно т.е. сабајле кога ќе станев од спиење. За млекото за чистење , убаво го чисти лицето ако користиш минимална шминка , имам приметено дека маскарата некогаш убаво не ја вади. За лицето е ок.
Јас секако прво би користела нешто за вадење на шминката, па потоа пастата или млекото. Така да верувам би требало да се ок. Благодарам девојки. Уште не се решив но кога ќе купувам ќе земам некој од овие два. @tigerlady
Девојки, како се однесува оваа козметика на комбинирана кожа со масна т зона? Дали ја нормализира или дополнителноја масти? Читав дека е за секој тип на кожа, но да слушнам ваши искуства
Јас сакам да почнам со detox soap od natura siberica, млекото за чистење лице и тонерот за масна кожа од хаушка. Имам приметено од креми многу брзо ми се замастува кожата (користев неколку од bioderma, fleurance). Дали ги имаш користено тонерот и млекото?
Да да, ги имам користено. Тонерот е супер , млекото за чистење шминка е добро за онака да ја избришеш пудрата од лицето , а за да чистиш темелно шминка не препорачувам. Не ја вади убаво маскарата. И детокс сапунот го имам користено на Н.С ама не бев нешто задоволна, ми го затегаше лицето ептен.
Не е за тука прашањево, ама веќе кога почнавме ајде хаха Дали сапунот од натура сиберика ги намалува порите и митисерите?
Здраво девојки, Почнав со користење на Др. Хаушка производите, кремот за чистење и дневната крема мелиса засега, ама после чистење со кремот сеуште го чувствувам некако недоволно чисто лицето. Можеби е поради тоа што досега користев гел за миење кој доста ми ја затегаше кожата, па не сум навикната на ефектот кој го дава кремата. Дали и кај вас е така? Може да ми препорачате некој тоник за дополнително чистење помеѓу кремата за чистење и дневен крем, за комбинирана кожа? Тоникот на Др. Хаушка ми се чини скап за мене.
Ако го чистиш лицето со кремава додека имаш шминка на лицето, со сигурност нема да ти се исчисти убаво. Јас средството за чистење лице го користев само кога немав шминка на лицето (кога ќе станев наутро од спиење или кога ќе треба да си легнам да спијам) За тоник , овие два би ти ги препорачала https://www.bellina.mk/p/638/moisturizing--hidratanten-tonik-za-lice-za-site-tipovi-na-koza--100-ml https://www.lush.com.mk/Tea-Tree-Water-Тоник-за-лице