И јас одамна барам вакво,ај ако најде некој да ми каже локација на продавница или тезга Сама да го направам,сигурно ни естетски,ни магиски нема да го погодам
Dreamcatcher има и кај оние продавачи кои рачно изработуваат накит,проверете.Обично се низ плоштад јас пред половина година си купив но не многу големо Исто пред 3-4 месеци т.е пред да биде наредена новогодишната роба во Џамбо купив од таму со школки но многу интересно изгледаше а и ефтино го зедов 170 или 200 денари беше а е средна големина и многу убаво изгледа. Голем љубител сум на dreamcatcher и јас и често налетувам на нив. Има и на фб страни каде што изработуваат по нарачка во каква големина сакате вие. Не сте побарале убаво затоа и не сте нашле Познавам девојче од Куманово кое изработува па ако некој сака пишете ми Лп ќе ви дадам контакт од нејзе
Доколку некој сака да си купи,да знаете има во Индиската продавница што е во Лептокарија.Има мали и големи и се преубави.За цената,не сум сигурна.
И покрај тоа што е естетски убаво, мене ми е многу интересен овој обичај и верување.Долг период барав dreamcatcher, и сосем случајно на одмор во Грција пред две години го најдов за 2 евра.Средна големина е, личи на оние оргиналните, убаво е и од тогаш ми стои над кревет.Е сега колку штити од лоши соништа, не знам, и онака ретко сонувам лоши сонови
Во Сева на Рекорд, пред месец дена гледав. Во повеќе бои, 2 големини. Цената беше до 200 ден. секако. Интересен ми е како додаток за над креветот и би сакала да имам во повеќе бои, големини. Таман цел ѕид да си го средам.
Јас си купев рачно изработен од една жена на саем за книга,имаше во разни бои,тоа таквото не е круг но во вид на срце,не е многу големо ама баш е убаво. Често налетував во Грција на dreamcatchers ама 7 евра средна големина не ми се даваше.
Грција имаше 15 евра беше.Во продавницата карши куќата кај што бевме сместени. Неколку дуќани подолу беше 10 евра. Ама што за еден Dreamcatcher, јас да давам 10 евра. Немам друга работа.
Исто и мене ми се допаѓа ова, прво заради тоа што е индијанско, потоа ради естетски причини, некако ми е интересно.Ако не се лажам, нели имаше нешто вакво слично, што тропка или само станува збор за друга верзија на истово? Барем, мислам дека едно време, порано се продаваа такви, а ги имаше доста.
Не ги памтам како се викаа тие Горде и мислам дека општо беа за растерување на злите духови (произведуваа звук како ѕвончиња ако не се лажам), но и од таквите имаше и за украс и наменски.
Да, таков звук произведуваат, имам приметено, некои имаат такви, обично над врата ставаат, ни мене не ми текнува како се викаа.Инаку, би си земала вакво, индијансково, само ќе видам колку чини.
Eве погоре пишуваат некој земал за 200денари од кинеско/индиско/сева/мева, некој пишал во Грчка дека ги нашол за 7 евра, друг за 2.
Има Бт на неколку локации низ Широк Сокак, на тезгите за рачни изработки. Деновиве видов дечко ми кој точно го бендиса па ако не успеам до годишнина да му направам еден покрај тоа што ќе му купам, барем уште еден Dreamcatcher добро ќе му дојди, ама многу, многу сака. Е сега мн ретко голем и раскошен можи да се најди, обично се средна големина и има мали, ама нема гајле битно му се допаѓа.
http://daily.mk/zabava/modni-dodatoci-proteruvanje-loshi-sonishta https://www.facebook.com/3piPossitive/?pnref=lhc
А дали сериозно мислите дека ова ќе ви ги лови лошите сништа? Сериозно? Уште и сами ако си го направите? )))))))))))
Што бара прашањето овде? стави и го ова над кревет и сама ќе си замине, верувај испробано... П. С. Ве молам кажете ми дека се зезате за ова, ваљда не верувате во овие глупости... Па уште 15 евра да давам и кога мислиш дека се си видел...
Не мислам дека членкиве на темава што изработиле, купиле или сакаат да купат дримкечерче - сериозно веруваат во изворното мистично значење на ова. Јас барем не дека баш верувам (иако и таа приказна и индијанското верување ми се интересни), туку како мотив за цртање и фотографија ми е прекрасен од тоа што сум гледала по tumblr, а и како декоративен предмет одамна се мислам да побарам и да купам од некаде. @Ginger^ и @Umbrella22, ептен се симпатични вашиве.
И јас имам напраено ама не е за на слика Чисто зошто уште пердуви немам купено така да ЕДЕН ДЕН ако решам да го завршам ќе го поставам (а во друга тема можи и го ставив, неможи да се знај). Супер декорација ми е за собата, дечко ми си нарача од интернет еден предобар ама некако поќе си го сакам мојот ако неговиот е х10 подобар од мојот, ама некако ме тера и мене натаму, да си купам еден таков.