1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Dua Lipa (Дуа Липа)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Ketchup, 27 март 2020.

  1. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    39.651
    Како што верувам дека веќе знаете, Дуа Липа е пејачка и текстописец од Британија, со потекло од Косово.
    Родена е на 22 август, 1995 година. Пред да започне со музичката кариера, Дуа работела како модел.

    Поголемиот дел Дуа ја знаат по хитовите New Rules и IDGAF, кои доживеаа огромен успех низ цел свет. Двата хита се наоѓаат на нејзиниот прв студиски албум, наречен Dua Lipa. Албумот не го доживува истиот светски успех, како и двата сингла, најверојатно бидејќи Дуа сѐ уште не е толку позната на публиката, со оглед на тоа што најголемите хитови од него се објавени по неговата реализација.

    На 27 март, т. е. денес, Дуа го објавува својот втор студиски албум, наречен Future Nostalgia. Првиот сингл, Don't Start Now, објавен на 1 ноември, 2019, се искачи на второто место на Billboard Hot 100 листата и се прогнозира со реализацијата на новиот албум, да се искачи на број 1. Иако оваа недела песната се спушти на број 3, поради реализацијата на новиот албум на The Weeknd, се надевам дека Дуа ќе го има првиот број еден хит во Америка, бидејќи навистина заслужува.
    Покрај Don't Start Now, Дуа како промоција за албумот ги објави и песните Future Nostalgia, Physical и Break My Heart.









    За Дуа Липа знам речиси од самиот почеток. Be The One, ептен се пушташе низ дискотеки и плажи летото 2016 година. Имаше голем број ремикси и не можеше да остане незабележана од моја страна. Потоа продолжив да ѝ ја следам музиката, голем фан бев на Hotter than Hell и Blow Your Mind. Албумот ми се допадна, но не бев многу опседнат со него. Кога излезе спотот на New Rules, се сеќавам одма го објавив некаде низ темиве на Фемина, затоа што и до ден денес мислам дека е еден од подобрите спотови за минатата декада. Но, како што стигна до сечии уши и немаше човек што не ја слушаше и пееше New Rules, некако ми се смачи и за IDGAF не бев нешто многу excited.

    Don't Start Now е една од песните кои ми ја одбележаа 2019, сѐ уште ја слушам и ми се нема здосадено. Future Nostalgia на почетокот не ми се допаѓаше, но со тек на време ритамот ти влевува во глава. Уствари, целиот албум е таков, на почеток ти е океј, ама како поминува време, се опседнуваш со речиси секоја песна. Со Physycal бев опседнат уште првиот момент кога ја чув. Break My Heart ми се допаѓа, но не ми е омилена од албумот. Не би можел да одвојам од останатите песни неколку омилени, бидејќи сите се уникатни на свој начин. Но, ви препорачувам да го чуете.
     
    На gjoker4e, Stephen Amell, Blue.Sky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. @ster@

    @ster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    2.981
    Пол:
    Женски
    Don't Strat Now најлесно останува во меморија.
    Можам да ја пуштам пак и пак и мислам нема никогаш да ми се здосади.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    3.712
    Јас првпат слушнав за Дуа Липа преку New Rules и ми беше онака, ништо посебно од прво слушање. Но како поминуваше времето сè повеќе и повеќе ми се допаѓаше и почнав да се интересирам за неа. Дефинитивно можам да кажам дека за дел од песните се чувствувам како @Ketchup (исто и за Future Nostalgia!), првпат кога ќе ги слушнам ми се онака, по неколку пати слушање ептен почнуваат да ми се допаѓаат :drunk:.

    Во глобала, Дуа Липа како изведувач ми се допаѓа многу, пред сè, бидејќи мислам дека има уникатен стил на музика и спотовите, особено поновите, навистина делат од просекот. Многу ми се допаѓа што е приземјена, скромна и природна, не се форсира да биде кул или нешто слично, баш изгледа многу approachable, како секој да може да ѝ е другар :inlove:. Од мене за тоа има оценка 1000000+. Се гледа и дека иако на почетокот беше доста постегната, сега се опушти и повеќе ѝ лежи шоу-бизнисот отколку порано.

    Тешко ми е да издвојам песни, бидејќи има премногу добри (некои од попознатите и ми се преслушани, па затоа ги нема на листата, ги имам преисцрпено :lol:), ама ајде ќе пробам:



    (Премногу ми се допаѓа песната, особено по вториот рефрен :inlove::inlove:)


    (Дали Крис Мартин пее со неа? :?:)


    https://www.youtube.com/watch?v=9K7OdsyxW3E&list=PLNrotoZZ8Baoy7UXzs7DOAV17ciPSpXGg&index=12

    https://www.youtube.com/watch?v=kHpvj1g25XI&list=PLNrotoZZ8Baoy7UXzs7DOAV17ciPSpXGg&index=14

    https://www.youtube.com/watch?v=gBqikOpuc-4&list=PLNrotoZZ8Baoy7UXzs7DOAV17ciPSpXGg&index=17
    (Со оваа песна почнав да ја сакам Дуа :inlove:.)

    На крај испадна да ставам по пола од двата албуми

    ....

    Oh well :rofl:

    Патем, како го карактеризирате нејзиниот стил, диско поп, електроник поп?



    П.С. Иако и мене Break My Heart не ми е омилена, спотот ѝ е топ!
     
    На Blue.Sky, @ster@ и Ketchup им се допаѓа ова.
  4. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    39.651
    Минатата година Дуа многу еволуираше како артист. На почетокот иако имаше добри песни, не се двоеше многу од толпата, ама сега ми е скроз уникатна.
    Иначе, музиката би ѝ ја опишал ко funky pop, некои се dance и disco-pop, ама воглавно скоро секоја песна има некој funky beat.

    Иначе, плава, или кафеава Дуа? :lol:
    Мене плава ко што ѝ е сега многу ми се допаѓа.
     
    На @ster@ и pdb123 им се допаѓа ова.
  5. smile:)

    smile:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Прв пат кога ја видов плава, ама воопшто не ми се допадна незнам зошто, сега и така и така ми е убава, ама сепак мислам дека сега и на мене плава ми е поубава
     
    На @ster@ и Ketchup им се допаѓа ова.
  6. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    3.712
    Секако ми е убава, можеби малку повеќе како кафеава, само затоа што таква ја навикнав на почетокот, а и општо не сум многу фан на ваква боја на руса коса (not great, but not terrible :P), преферирам „поприродна“ боја, со ретки исклучоци :D.
     
    На @ster@, Ketchup и smile:) им се допаѓа ова.
  7. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    3.712
  8. smile:)

    smile:) Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    Благодарам, корегирано
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    18.524
    Zua la Peeps.
    Женава има тело гром значи :wasntme:.
    И е фабрика за добра музика. Прв пат ја забележав со овие песни:


    Има добри хитчиња. Фаворит ми е Don't start now и Electricity.
    Мене со секаква боја на коса ми е убава. Едно време танцувањето и беше... Секакви мимови имаше. Сега е подобра, се забележува и тука:

    Една од ретките кои во живо подобро звучат отколку студиски.
     
    На Mr. Right, Blue.Sky, candy.cane и 3 други им се допаѓа ова.
  10. @ster@

    @ster@ Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    2.981
    Пол:
    Женски
    Плава:rock:
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.358
    Кафеава, природно си е природно.

    Инаку името во превод би и било Љубинка?
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    8.965
    Пол:
    Женски
    И на мене кафеава ми е поубава. Не ми се допаѓа плавово на неа.

    И јас како @GirlRose со I could be the one прв пат чув за неа а и од тогаш навака си ја слушам и ми немала утка.
     
  13. ☆°Night°☆

    ☆°Night°☆ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2019
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Јас ја знам од Be the one и сеуште мислам дека му е најдобра песна.
     
  14. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.406
    Пол:
    Женски
    Дуа Липа за прв пат ја забележав од песната Be the One и искрена да бидам на почеток ми беше catchy песната, па сега ми е здосадена. Ама кога и излезе Hotter than Hell почна повеќе да ми се допаѓа, а со Blow your mind готово......ме освои:rofl:.
    Од новиов албум нема песна која не и е добра.
    Топ фаворити ми се Physical и Future Nostalgia:l:.

    А во однос на бојата на косата, не ми се допаѓа ни кафеава, ни плава. :?::wasntme: Кафеава ми е премногу обична, а плава не и одговара на ликот. Но сепак ова е според мојот вкус. Мислам дека некој нијанса измеѓу кафеава и плава би и стоело многу добро.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.509
    Допаѓања:
    71.246
    Пол:
    Машки
    Првпат ја приметив со New Rules и ми беше иритантна (песната). Така да не и ни обрнував внимание. После тоа ја најдов Be The One и ми се засвиѓа песната и ја слушав.
    Од новиве само Physical ми се свиѓа.

    За бојата на косата ни таа ни оваа. Оваа моментално што ја има изгледа ко пржлосана.
     
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    5.948
    Пол:
    Женски
    Од се слушнато од неа само Be The One ми се допаѓа и оттогаш ја знам, ама сето останато и е разочарувачки за мене, преценето.
     
  17. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    3.712


    Од сите нови песни на албумот има Lyric видеа.
     
    На Ketchup му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    5.550
    Допаѓања:
    39.651
    Првата недела Future Nostalgia беше на четврто место на Билборд 200.
    Искрено, најмалку второ очекував. Не ми е чудно The Weeknd трета недела да е на прво, ама некој непознат рапер?
     
  19. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.151
    Пол:
    Женски
    Ја обожавав new rules, а моментално новата don't start now ми е на репеат, али брзо губам интерес.

    Типична поп музика ми е, ја слушам ретко и во мали дози.
     
  20. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    2.869
    Допаѓања:
    5.948
    Пол:
    Женски
    Сега ја слушам.

    Многу од нејзината музика подобро звучи во инструментална верзија.