Дел од песните ги имам слушнато и дел од нив ми се на repeat, специфична е. Но ретко ги слушам новите песни од некој што не го следам толку. П.с Мене ми е поубава со кафеава коса
Не ми е јасно шо и е поентата. Нема стапнато во Албанија, или на Балканот, ама важно ќе соли памет и ќе подгрева ситуација од далечина. Очигледно и се здосадило од карантинов.
Најверојатно ја платиле дебело да подгрева меѓуетничка нетолеранција. Е сега, не е тешко да се погоди на која партија им оди тоа во прилог во оваа постизборнава состојба кога се прават договорите за коалиции и формирање на влада.
Овие албанците збеснати сите бре за територијата како во 19 век сите се борат економски и изградби технологии туризам да напредуваат овие ... амн беке со таа голема албанија несакам дури ни со голема буква да ја пишувам, скиснаа
Јас пак никогаш не сум била нејзин фан или да и ги обожавам песните, далеку од тоа дека нема добра песна ама не сум до толку за неа. Ова што го објавила ваљда си бара внимание некое, дека сега карантини па мора од нешто да се почне. Таа ниту знае албански, ниту има запеано албански, ниту знае како изгледа Албанија, мудрува. Само што со ова си прави лош маркетинг, губење на фанови, богами и со други очи и соработници би ја гледале...
Дуа Липа, а сега гледам и други светско познати пејачки од Косово, се нешто како нашиве во дијаспора. Се разочарав, толку добра кариера а ваков кикс да направи..
Е де де, Нема Дуа пари па требаат да и плаќаат за да објавува. Една од најпознатите пеачки во светот. Билионски прегледи на песни И Не е само Косово и Палестина е тргната од мапата на Гугл. Голем број Албански пеачи ја поддржаа. Ете си ја брани родната земја. И не гледам никаков проблем во тоа. Додека пак Српските ја бранат Србија??? Не сфатив што им е баш проблемот но ни не влегувам во тоа, гледам само се препуцаваат по постови. Едит; Не мислев на постот со Голема Албанија, само нека сонува за тоа . Мислев за тоа што Гугл ја извадил Палестина и Косово од мапата!
Ја брани државата како? Со створање етнички тензии во Србија, Македонија, Бугарија и Грција? Пошто на поставената мапа има делови од сите овие држави вклучително пола Македонија. Не е то борење за државата. Али ај. Ко шо му е лесно на нашите од Австралија да сакаат Голема Македонија од далеку, така и оваа со Голема Албанија. Ние тука шо сме да не запалиш чкорче сме, да не се убиеме, али то помалку важно.
Да, иначе не мислев на постот со знамето кај што промовира Голема Албанија туку за постот што Гугл ја извадил Палестина и Косово од мапата Баш кажав дека не ни сфаќам зошто се караат со србите сега видов на гугл, проста работа...Не и требаше тоа
Да го врати Косово гугл на мапа, и мапа ставена со делови од Македонија, Србија. Така да тоа што реагираат, не е проста работа воопшто.
Не збори за сликата со Голема Албанија не се разбирате, друга дешавка е тоа. Гугл мапс го тргнал Косово и Палестина од мапите затоа беше фрката.