1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Dua Lipa (Дуа Липа)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Ketchup, 27 март 2020.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Браво, секоја чест. Не се срами од државата, си ја сака и поштува, така и се изборија за држава. Настрана твитот голема албанија, ако одделно го гледаме видеото, нема ништо спорно. Тоа што македонец се срами од Мк и го излажаа и убедија дека почитта кон себе и своето е тежок национализам и карактеристика на небањат вемеровец |( е наш проблем. Ние сме за потсмевање, не Дуа Липа на видеата.
     
    На SURF, Angie1432, mssuniquee и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.062
    Не знам бе Бриџо. Мислам може да ја сака државата Косово, колку што ќерка ми (а веројатно и твоето дете) може да ја сака Македонија, родени и пораснати во странство. Дали ќе играат пајдушко или штознам какво оро, и ќе веат знаме на некоја туѓа држава? Зависи од тоа, дали и колку ќе ги индроктринираш во некоја имагинарна кауза, оти реално е имагинарна, нити ја засега ниту ќе ја засега. Башка јас пајдушко по дома не играм, верувам и ти, и тоа кажува нешто за нашите погледи кон светот.
    Друго, она во УК е Албанка или Енглескиња? Мислам дека баш нема таму тој луксуз да се пишеш како ќе ти текне, како што си во УСА американец ако имаш државјанство, и крај на програмата. Мислам, може да се бори за Албанија до Англија, ако толку ја засега, нели?
    Се согласувам апсолутно со болдираното, ама ние ваљда немаме право на глас пошто сме избеглици|(.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Се е во ред да си ја сакаш државата и да си ја браниш и да се бунтуваш што ја нема на мапа на Ејпл ама не е во ред да ставаш слика од држава која зафаќа територии од две други држави и да подгреваш ситуации.
    Како рекле нели “после е*ење нема каење” така да после лижи колку сакаш пак нема да е исто.
     
    На SURF, najjacha и mssuniquee им се допаѓа ова.
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Реков за голема албанија не зборам иако знам дека од мали се учат, туку ако збориме одделно за видеото.
    За да ги индоктринираат треба да ја имаат таа страст кон својата земја како ретко кој Македонец ја има. Ние се срамиме од нашето, бегаме од наши луѓе во странство, се потсмеваме на Австралијанци што организирале македонска вечер и завртиле некое оро, плукаме по иселеници, отфрлуваме обичаи, култура и традиција и да се влегуваше во Еу со овие карактеристики први ќе бевме. Ама не, не се влегувало така, требало нешто друго да се среди, не пајдушко да се отфрли и зурлите и тапаните па се до...знаеме што. Ќе научиме ама мислам дека касно ќе е.
     
    На SURF и Biljarkata им се допаѓа ова.
  5. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Србите биле и останале агресори, не ми правдајте геноцид и на сила земено, молим лепо.
    @Bratot не се ситам, ич уво не ме боли кој што им земал.
     
    На ZAHRA и mssuniquee им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Не викам дека не направиле геноцид, но тие живееле низ цела БиХ со векови, и биле мнозинство во одреден период. Сите големи градови биле населени со Срби, во Сараево предавале Срби професори, имале секаков удел, биле најмоќна заедница во таа држава. Сараево било српски град порано, а денес има само неколку илјади Срби. Република Српска секако им припаѓала и припаѓа без геноцид или со него. Не оправдувам никакви маскари, убиства, а богами таму сите си ги окрвавија рацете.

    Не е баш на сила земено. Таму се со векови.

    Некој може да каже дека Тетово е албански град, да е, денес, но пред 80 години Албанците биле малцинство. Тоа е освојување територии со наталитет. Слично било и на Косово. Сите српски градови станале албански, со насталитет, а потоа и терор. Србите во БиХ не раѓале по 10 деца за да ја заземат БиХ, едноставно биле таму, и нив им дојде неприродно да се одвојат од Југославија, и Алија да им биде претседател, со поддршка од мнозинството Бошњаци ( не сите) и дел Хрвати, а без волјата на Србите. Не им се паѓаше од коњ на магаре, беа можни и направија пуздер. Склоп на околности.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.684
    Допаѓања:
    52.101
    Пол:
    Женски
    Може и двете страни си ги окрвиле рацете, ама Босанците ниту силувале деца и жени, ниту убивале туку родени бебиња а ниту ги ределе мажите во строј па ги стрелале. За тоа никој нема право да збори. Само босанскиот народ знае што пателе од србите. Само изгледај ја турската серија Mavi Kelebekler или Плави лептири направена за масакрот во Босна ја има со превод и ќе видиш :)
     
    На ZAHRA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Знам. Имам гледано доста на таа тема. Јас мислам дека Србите имаа само поголема логистика и затоа со одврзани раце вршеа злосторства. Но, Хрватите го извршија масакрот во село кај Травник, каде убија цело село од бебиња до старци. И нивните раце се крвави. Алија донесе муџахедини кои сечеа глави од се што не е муслиманско, така што немаат правод да се бунат, и сите се во право и сите се виновни.

    Бошњаците настрадаа најмногу, но беа слаба алка. Едвај 50% на 30% територија. Поддршка од никој. Силувале и тие, само нивните злосторства се помалку. Азра Башиќ заклала 40 Срби во логор.

    БиХ, Косово, Македонија се три различни случаи. За мене тука не може да има споредба.

    Поентата му е дека и без насилства, Србите денес ќе држеа исто или можеби повеќе територија во БиХ. Едноставно ги има со векови, не раѓале по 10 деца за да заземаат територии. Таму се и си го бараат своето, но требало се да се реши мирно.
     
    На Kitten и Bratot им се допаѓа ова.
  9. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Тебе те цитирам, ама имаше и други слично што пишаа. Палестина никогаш не била на мапата на гоогле, бараат да се стави. А Косово е на мапата на гоогле, проверете на мапс, никогаш не бил тргнат.
    Сликата која шири, малку дезинформација. Некои видов тагнале apple, така да може на друга карта го немало.
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ја нема на Ејпл еве ти скрин од мојот телефон
    6307B3F9-2201-492F-ABF0-5BC572C1B691.png
     
    На ZAHRA и mssuniquee им се допаѓа ова.
  11. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    Според ова што гледам, технички има ознака за граници, само е бледа, веројатно дека Косово не е признаено од многу држави.

    Борбата е всушност границата да е со појака боја, како кај другите држави :D.
     
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Не, не си ги окрвавија рацете сите. Бишњаците се бранеа, а Србите убиваа и силуваа!
    Каде има Србинки кои се силувани? Каде има србски деца од 0-18 год убиени? Каде се?
    За мислимански можам да ти кажам каде се, доволно е да ги видиш гробиштата вп Сребреница, а да не збориме за цела БиХ.
    Па ај нека ти влезе некој дома да те силува и убие, ти ќе го бациш во чело и ќе го погалиш?
    А за Хрватите и нивните злосторства, и тука не ги брани Србите. Мислам знаеме сите за Вуковар и сл.
    И не измислувајте приказни со Алија и муџахедини, Босна со минимално оружје се бореше, им го одземаа со превара, а не па да бидат агресори.
    Србите биле и останале геноцидни, па сега нека трпат барем минимални последици.
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Нема врска, ја имам и гугл мапс симнато и ја дава Косово со појака боја така да мислам дека не игра улога.
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.083
    Допаѓања:
    11.228
    Не ги бранам, но и да не беше војната, се да беше мирно, Србите ќе држеа две третини од БиХ или пола БиХ како денес. Едноставно таму се родени, живеат. Тоа е нивна држава. Не отишле од Србија да населуваат територии и да купуваат имоти, да раѓаат по 10 деца. Таа е разликата.

    Јас сум чиста Македонка, и мојот татко во 90-те штом ќе слушнеше за Србите ги пцуеше, биле четници, убивале, малтретирале во Хрватска, и БиХ. Едноставно ги мразеше. Со текот на времето се промени, денес ги нарекува браќа.

    Не се светци Србите, но им се можеше. Никој не им застана на пат, како што денес мене Артан Груби ми бара Албанец премиер, и погазува волја на скоро 90 пратеници Македонци. Му се може, не го викнале од Калето, да се собере. Исто и со Србите. Да им дадоа воспитна странците, БиХ ќе поминеше со многу малку жртви.

    И 2001 да им дадеа воспитна Американците на нашите бунотвници, немаше да го има Непроштено, Вејце, Карпалак...
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  15. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.797
    Можеби Гугл има различен став и политика од Епл.
     
  16. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    13.758
    Пол:
    Машки
    Па тоа де си ја сака државата и ваква а и голема си кажа и сама.
    Клиповите се во контекст на муабетот дека Љипа не била никогаш во Косово и Албанија ама ете била, а ова со мапата и дојде како кец на десетка и причина плус да си каже и јавно дека си ја посакува голема Албанија, не дека и порано не провоцирала ама овој пат успеа во намерата.
    За другото се согласувам со тебе.
    Војна е убиваа сите, сите изгубија, закрвавија братски народ со посредство од странски фактор и договорена воена интервенција, тоа е тоа.
    Инаку се сите добри народи и Срби и Босанци и Хрвати, само лошо е кога психопати ќе имаш на власт и ќе го направат тоа што го направија.
    Кај нас на сличен начин со договор Дон Мијале и Аца Антич пробаа да го направат истото со Диво Насеље.
    И што е уште потрагично кај нас во влада ни се терористите толку години, истите оние кој ја нападнаа оваа држава, направија злосторство и уште им удоволуваме се на крај стигнавме до степен премиер шиптарски да ни наметнат истите тие пак дури и јазикот под принуда да мораме да им го учиме, и уште ќутиме дури еве некој ги подржуваат и оправдуваат.
     
    Последна измена: 22 јули 2020
    На Kitten, candy.cane и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    А ти Србите ги величаш, Албанците ги мразиш и постојано така. Овде викаш исти биле.
     
    На mssuniquee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Претпоставив дека апле е разликата. Кај мене ја означува со линија и си пишува Косово.
     
    Последна измена: 22 јули 2020
  19. темјанушка

    темјанушка Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2015
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    4.641
    Малце си контрадикторна.
    Ај одлучи се.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Кена Рис

    Кена Рис Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    4.814
    Пол:
    Женски
    Дуа Липа и останатите певаљки и старлети со косовско потекло можат да си промовираат што сакаат ако кариерата ја изградиле токму во Косово, Албанија и не знам ти каде. Сè дури си пеат по Англии и Америки и од таму земаат пари, нема потреба да се замараат со големи Албании и не знам ти што. Ела гради на Балканов кариера штом си толку голем патриот да те видам, пробиј се и заработи јаки паришта.
    А со оние нејзини постови, не ја оправдувам воопшто зашто таа промовираше ништо друго освен насилство. Ја репортнав и неа, а и постот и репортирам сè од онаков карактер.
    Јавни личности (како дотичната) кои имаат влијание врз широк адиториум треба да го користат истото во промоција на позитивни работи и да ја користат нивната моќ за да им помагаат на тие што им е потребно, а не да го потпалуваат народов да си копа очи меѓу себе, додека таа гнете баклави и ќебапчичи у Косовето. Not ok.
     
    На SURF, Tajnaotrovna, GirlRose и 9 други им се допаѓа ова.