Dust and cream е ланец на продавници во Грција , со многу поволни цени на декоративната и препаративната козметика. Освен производи од овој бренд може да се сретнат и производи на Голден Роуз Јас лично имам пробано мириси на точење - копии на поскапите брендови и сум презадоволна. Би сакала да ги пробам и пигментите за очи и нивните лакови за нокти. Мои пријатели се презадоволни од кремите за тело. Нивните продавници ги има скоро во секој град. Дали имате пробано нешто од овој бренд?
Ова е тоа што ми се наоѓа во Македонија. Бар она што ми беше при рака. Во Грција имам доста повеќе. За лаковите имам коментирано и претходно, мене ми се погодиле дури и повеќе од ОПИ. Ми се допаѓа тоа што се густи и само еден слој е доволен за да се добие нијансата. Брзо се сушат и се долготрајни. Едвај чекам да соберам нови летни нијанси за една недела. Избор има доста. Другите продукти се исто таму купени, но се Полско производство. Пудрата е темна, конкретно ја земав без многу промислување, за да ја мешам со мојата и ја користев кога бев исончана. На големо изненадување се покажа ептен во ред, па ќе си набавам и нијанса според мојот тен. Кремите се исто добри, имаат фина лесна структура и опција да си купиш колку милилитри сакаш, што е плус. Наредно сакам да пробам од козметиката што е баш од Dust+Cream за да можам да споредам. Со повеќе купени производи, даваат гратис парфемче.
@koritsaki и кај нас отворија продавница и сакам да ги пробам парфемите, дали се трајни и има ли некаде листа кои парфеми се? од кој си била задоволна, и општо кои производи вреди да се пробаат?
Од парфемите , имaм еднаш пробано на Lancome La vie en belle , ок ми беше. Баш пред некој месец купив кармин еден, моливче за веѓи, моливчиња за усни , задоволна сум од нив
Јас го обожавам брендов. Парфемите ги купувам кога и да одам и сега имам сјајче, lip plumb кој што стварно многу пецка и моливи за уста од кои сум презадоволна! Чиста 10ка. Исто и спрејовите за тело им се топ. Трајни што е најважно. Многу поубави се од Victoria's Secret. За нормални цени, квалитетни производи!
Јас прв пат го приметив сега кај нас во Дајмонд. Неколку дена по отварање имаше балони и влегов. Купив еден кармин и еден путер за тело. Презадоволна сум од двете. Карминот го купив да е траен и навистина супер трае. Јадам со него и нема проблем, а потоа лесно се вади со мицеларна вода или маслен чистач. Путерот лесно се размачкува и впива и супер мириса.
Имаат ли онлајн продажба? Изгледа кај нас не... Штета. Баш сакам да ѕирнам што имаат и да си земам нешо.
Одамна ја меркав продавницава и планирав да ја посетам, да видам што имаат. Уз пат ми е. Видов кај оние SkopjeNaPopust дека спрејчињата за тело им се намалени на 50% и влегов денес. Продавницата им е многу убава. Девојката ми кажа дека парфемите и спрејовите им се копии на дизајнерските парфеми и дека се исти како тие од Boutique de la Parfumerie во Ист Гејт, истата газдарица била. Ја земав копијата на Прада Парадокс Интенс, вака мирисот е солидно доловен. Земав и спрејче Mad Lilly од ванила. Тоа не знам чива копија е, вака мирисот ме потсеќа на некој од Викторија Сикрет спрејовите. Ќе тестирам деновиве и ќе пишам впечатоци. Само што, пред да купам ми рече дека за сметка над 500 денари ми следува поклон шминка или нешто да изберам од понудени опции. Направив сметка над 500 и не ми понудија ништо. Не ѝ реков ништо, зашто секако не ми требаат шминки ама па кога веќе понуди..
Утре ќе одам. Другарка сеа ми кажа, била и над 500 ден давале како ливче, и на тоа ќе ти се падне или ваучер или производ подарок. Мора да се посети продавницава.
Баш кажи ми дали ќе ти дадат поклон. Јас имав сметка над 500 и не ми дадоа, иако претходно ми кажа дека следува. Влечеш и ти се паѓа или бесплатна шминка, или ваучер или друг производ. Ама ништо, само едно тестерче од СПФ крема за лице ми ставила во кесичката, без извлекување како што кажа. Чудно.
Ме тераш сеа одма да одам и да видам што е работава. @Panda00 ај во порака ќе ти пишам претпоставка за "сестрата" зошто не ти дала ништо.
Те разбирам, ама подобро ич нека не спомнува ако не планира да даде. Работава опростите, шалили смо се. Мене ова ми се деси во Дајмонд. Ќе видам во Ист Гејт како ќе биде и баш ќе пишам мислење. Абдејт: Сепак до вторник трае попустот. Сега прашав.
Утре ќе им одам. И ако ми се допаднат повеќе ствари ќе влезам повеќе пати по 500 ден сметка ќе правам. Ќе ги оштетам со поклоните
Овој пат беа пофини девојчињата. Да не биде дека само се жалам. Веќе не им важи тоа со извлекувањето поклон за сметка над 500, ама си добив 30% попуст за третиот производ.
Ќе кажев, ама викам да не сум многу директна. Да сме ги прателе на инста за попусти. Можно било пак да имале слична акција. Ајде да видиме.