1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Dust+cream козметика

Дискусија во 'Лице' започната од koritsaki, 28 јуни 2017.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.873
    Допаѓања:
    102.864
    Пол:
    Женски
    Dust and cream е ланец на продавници во Грција , со многу поволни цени на декоративната и препаративната козметика. Освен производи од овој бренд може да се сретнат и производи на Голден Роуз

    Јас лично имам пробано мириси на точење - копии на поскапите брендови и сум презадоволна. Би сакала да ги пробам и пигментите за очи и нивните лакови за нокти. Мои пријатели се презадоволни од кремите за тело. Нивните продавници ги има скоро во секој град.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Дали имате пробано нешто од овој бренд?
     
    На Yowannty, teteks, Oxymoron и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.980
    Допаѓања:
    166.544
    Пол:
    Женски
    Ова е тоа што ми се наоѓа во Македонија. Бар она што ми беше при рака. :lol: Во Грција имам доста повеќе.
    IMG_4381.JPG

    За лаковите имам коментирано и претходно, мене ми се погодиле дури и повеќе од ОПИ. Ми се допаѓа тоа што се густи и само еден слој е доволен за да се добие нијансата. Брзо се сушат и се долготрајни. Едвај чекам да соберам нови летни нијанси за една недела. :lol: Избор има доста.

    Другите продукти се исто таму купени, но се Полско производство. Пудрата е темна, конкретно ја земав без многу промислување, за да ја мешам со мојата и ја користев кога бев исончана. На големо изненадување се покажа ептен во ред, па ќе си набавам и нијанса според мојот тен.

    Кремите се исто добри, имаат фина лесна структура и опција да си купиш колку милилитри сакаш, што е плус.

    Наредно сакам да пробам од козметиката што е баш од Dust+Cream за да можам да споредам.

    Со повеќе купени производи, даваат гратис парфемче.
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.