Интересна серија, драматична, малце комична. Модернизирањето на рестартирањето на 80-тите години на минатиот век следи по две од најбогатите семејства во Америка, Карингтонс и Колбис, додека се мачат за контрола врз нивното богатство и нивните деца. Првенствено е кажано преку перспективите на две жени во расправија - Фалон Карингтон, ќерка на милијардерот Блејк Карингтон; Кристал, шпанска жена која е омажена во семејството WASP - "Династија" не само што го прикажува сјајот на екстремното богатство, туку исто така го открива мрачниот недостиг на еден корумпиран свет изграден на зделките во задниот дел.
Ова е хит, крајот на сезоната бомбастичен, ќе биде многу интересно 2 сезона, едва чекам Препорака за сите!
Оваа серија ми е една од омилените ја обожавам и им ја препорачувам на сите. Едвај ја чекам втората сезона
Ана Бренда Контрерас ќе ја игра вистинската Кристал. Натали изјави дека не е во Атланта, но можеби ќе се појави подоцна во сезоната и баш би било интересно да игра негативец, ќе и одговара. Добра актерка е, голема штета ако го убијат нејзиниот лик.
Серијава е страшно добра, особено сега откако се појави Адам Едвај чекам петок, да се вратат од пауза
Јас ја гледам. Од декември немам изгледано ниедна епизода. Ептен касно искачаат.Чекам да се потсоберат повеќе и да ги гледам една по друга. Интересна ми е многу, ме потсеќа на The Royals некако. Живи комедии ми се, Фелон ми е ѕверка, ради нејзе ја загледав уствари серијата.
Серијата е навистина многу интересна поготово 2 сезона иако старата Кристал ми беше појака.. Фелон дефинитивно омилен лик иако и Сем ми е многу интересен
Спојлер Според мене втората сезона е катастрофа, особено сега кога Алексис ќе ја игра нова актерка. Подобро ќе беше да го убијат ликот и Доминик Девора да ја направат главниот негативец. Воопшто не сакам кога ги менуваат актерите. Затоа и не ја сакам новата Кристал, иако е нов лик, не истиот што го играше Нат. Таа многу повеќе одговараше за Кристал, многу е елегантна, софистицирана, classy. Единствено Фелон засега е стабилен и добар лик, но самата не може да ја "носи" серијата. И не знам зошто не ги отпуштат тие сценаристи, разбирам дека е сапунуца, ама овие глупости и за таква серија се претерани. На пр, Адам кога ја турна Алексис во огнот, нејзиното лице целосно би било изгорено, како може устата и очите да и се целосно неповредени. И зошто рацете и беа преврзани кога и беа надвор, повеќе би имало смисла раката на Адам да беше повредена. Плус се зборува дека е можно Лиз да ја игра и Алексис, оти Адам кажа дека многу си личат. Ако ја направат и таа глупост се откажувам од серијата.
Спојлер Значи успеаја скроз да ја уништат серијата. Лиз е новата Алексис. Предобра актерка е, особено гласот, ама сепак уништија одлична можност да најдат нова одлична актерка за таков iconic лик.
Серијава ми беше интересна, ама со последните неколку епизоди ужасно лоша ја направија. Се согласувам со мислењето погоре. Спојлер И Стивен ми беше интересен лик, го тргнаа, мада се надевам дека ќе се врати. Ова со Алексис беше скроз непотребно и крајно глупаво. Новата Кристал ме нервира, многу лошо ми глуми. Само Сем и Фалон ми се сега интересни. Не ми изгледа како да ќе ја продолжат серијава, ама сега баш прочитав дека веќе била продолжена за трета сезона Дали ќе се гледа, yet to be decided.
Кристал 1 и Кристал 2, само зошто двете се викат Кристал, не значи дека е истиот лик само со сменат актер. Наприв, Селија го зеде идентитетот на Кристал 2, умре. Сега дојде Кристал 2. Двете се скроз различен лик, со различен карактер и ми се допаѓаат боите на ликовите. Кристал 1 беше силна, остроумна, настроена за да преживее. Додека Кристал 2 е посуеверна, порасната со богат и влијателен татко и има страво- почит кон такви луѓе, ама и знај да им ја игра „играта“. Фалон беше лик и пол прва сезона. А, Лиз Гилис е причината зошто ја почнав серијава, уште кога бев тин и ја гледав на Victorious ја сакав актерката, и ради неа почнав серијата. Сега искрено, не ми се допаѓа. Додуша ако оди со Лиам, мене гајле ми е дека остатокот од серијата е чисто срање. #teamLiam Серијата е тоа што е, далеку од добра. Затоа и велам дека ми е dirty little pleasure, а да бидам искрена дури и guilty pleasure. Издуван вентил од серија, барем колку и да ја тупат ќе ја гледам, не секогаш сакам да мислам дур гледам нешто.
Серијата е обновена само благодарение на договорот со Нетфликс за интернационално емитување. Иако рејтинзите се катастрофални на премиерното прикажување на епизодите, доста гледана е надвор од Америка. Приказната со Стивен нема смисла, значи никој од семејството не се интересира за него. Ајде ако тој не сака да го посетуваат овие барем можат да се јават и да прашаат за него и да го прикажат тоа, да знаеме што се случува со него. Јас сакам драми и серии со такви сплетки и пресврти, ама вторава сезона уште од почеток ја упропастија и никако да ја оправат. Нека си ангажираат нови сценаристи за третата, ова изгледа како да е пишувано од пет годишни деца со бујна фантазија, воопшто не е реално. И што е најтрагично, од креаторите на Озборувачка е серијава.
Многу добро го воведоа Адам Ова со Алексис мораше да се деси нешто, Николет решила да ја напушти серијата и мислам дека ова е најдобриот начин за тоа Ама згрешиле со изборот на новата Алексис, како можеа Фалон да ја стават и за Алексис не ми е јасно
Тоа го зборувам и јас, Николет никој не ја обвинува ниту за тоа што не го долови ликот ниту за тоа што ја напушти серијата. Писателите се виновни што не знаат да им напишат добро сценарио. И да, разбирам дека серијата не може без Алексис, ама зошто направија ваква глупост со изборот на актерка не ми е јасно. Можеа да ја остават Алексис изгорена во завои и во третата да најдат актерка што по ќе одговара на ликот. Колку и да е добра Лиз како актерка џабе, не може ниту еден шминкер да направи да изгледа доволно старо. Ставија 20 годишна актерка да игра 50 годишен лик. Поарно ќе беше онаа Ејми што беше стенд ин да ја игра. Глупости.
Да малку претераа последниве епизоди, ама фановите сеуште се загреани за серијава и како што гледам на нет една од причините е и парот Лиам и Фелон и мислам дека и самите сценаристи се свесни и токму заради тоа и ги зближуваат во последниве епизоди.. #teamLiam
Го изгледа некој финалето? Лиам и Фелон конечно ги споија, и направија добар клифхенгер на крајот со Лиам. Ми се допаѓа што на Кирби и даваат позначајна улога со тоа што и се спротистави на Фелон за Фемпириал. Ликот на Сем е крајно непотребен откако Силиа умре и се разведоа со Стивен. Во првата сезона искено ми се допаѓаше ликот на Блејк, но вторава премногу го замразив. Исто и новата Кристал, нејзиниот лик треба да е олицетворение на добрина и емпатија, а не ладнокрвна жена која е соучесник во убиство. Не ми се допадна клифхенгерот со Трикси, на крај сите ликови испаднаа убијци во серијата, еден нема без крв на рацете. Ми се допаѓа ликот на Доминик Девора, таква требаше да ја направат Алексис од самиот почеток, да ги предаде и сопствените деца за пари. Многу ме интересира и која актерка ќе ја игра Алексис. Ќе треба да најдат некоја која личи и на Николет и на Лиз, плус ќе треба да ги извежба манирите и гласот на Николет со оглед на тоа дека Лиз неверојатно добро си ја сврши таа работа. И покрај тоа што многумина го мразат, мене ми се допаѓа Адам. Ги прави тие сплетки кои се потребни да го привлече вниманието серија од ваков жанр. Се на се, лоша втора сезона, недобро разработено финале. Серијата има и нов шоуранер, па да се надеваме на подобра трета сезона.
Јас го изгледав финалето и некако многу работи ми беа натрупани само колку да имаат „спектакуларно финале„ со сплетки и убиства... Одеднаш најдоа две тела, животот на Лиам виси на конец,иако не верувам дека ќе го убијат затоа што Фелон и Лиам имаат армија фанови кои се причина што серијата сеуште ја снимаат.. Мислам дека на нет негде прочитав спојлер за 3 сезона како ќе биде фокусирана за нивната врска и ќе имаат проблеми.. Историјата на Фелон околу Трикси исто така беше многу избрзана требаше барем неколку епизоди порано да ја прикажат.. Старата Кристал ми фали некако подобра ми беше за оваа улога, а ликот на новата скроз го расипаа.. Мене искрено финалната епизода не ми беше толку лоша освен што беше малку избрзана, но имаат доста теми се надевам дека во 3 сезона подобро ќе ги разработат