Мене финалето ми се допадна, иако многу работи нафрлија Кристал старата беше супер, оваа новава не ја обичам
Серијава многу ми се допаѓа, секоја нова епизода ја чекам со нетрпение. Овој Адам што сака да направи, која му е целта? Сака единствен наследник да остане ? Го мразам Фалон омилена и нејзините комбинации
Кај ја гледавте втора сезона поточно 21 епизода дека сите онлајн страни ги свртев никаде не ми ја отвара,евентуално линк од торент
https://zamunda.net/banan?id=567479&hit=1&t=tv Можеш од замунда да ја спуштиш ако имаш акаунт, ако не, можеш и од тука: https://monova.to/D4D4E5E8D56CE30D589CF75E7410A2A669B5F592 Инаку многу ми се допаѓаше серијата, се додека не ја сменија Кристал. Не е лоша новата, ама старата многу повеќе ми одговараше за улогата. Не знам каде прочитав дека ќе ја прекинеле серијата, ама еве сега гледам дека се очекува нова сезона. Ме интересира што ќе се случи со Адам, многу конфузна улога ми има.
Да ќе има нова сеона, се додека го имаат договорот со Нетфликс за интернационално прикажување од кој прават многу пари ќе ја продолжуваат и серијата. Инаку за Кристал во третата сезона имаат повторно нова актерка, Ана Бренда ја напушти серијата. Само што овој пат не е нов лик, само промена на актерката е. Исто така сеуште немаат најдено актерка за Алексис, имаат снимено веќе 5 епизоди а ликот не се појавува во нив.
Тотално непотребен лик ми беше Алексис. Во старата верзија на серијата беше феноменална, а овде само како плаче по пари и ништо друго Си ја обожавам Фалон
Стварно, пак ја сменаа? Не знаев за ова ништо.. сега уште толку се разочарав... Значи и Алексис им замина? Хаос. Ја имав подзаборавено серијата па не сум во тек со ништо, ама планирам да гледам 3та сезона чисто да видам што ќе се случи со Адам. Фала за инфо, еве баш сега проверив на 11ти октомври излегува прва епизода од трета сезона.
Алексис е потребен лик како главен негативец, ама сценаристите скроз го утнаа ликот. Николет не беше виновна за тоа што Алексис не беше прифатена од публиката, едноставно сценаристите не знаеја да напишат добар сторилајн за неа. Да пак е сменета, испаѓа нова сезона, нова Кристал. Така само губат гледачи, не им требаше ни втората Кристал, Натали сосема одговараше на улогата. Алексис сигурно се враќа, само со друга актерка. Да на 11ти е на мрежата, 12ти излегува на Нетфликс.
Ви благодарам девојки за линковите погоре Ја изгледав цела серија и според мене морам да кажам дека првата сезона е далеку подобра од втората,единствено ми се допаѓа Адам како нов негативец и ме интересира како ќе го откријат.Првата Кристал беше каде каде подобра,втората не ми се допаѓа ќе беше боље да ја избришат скроз од серијата него трета глумица да доаѓа.Ако може со некој јак пилот твист да ја вратат Натали би било топ.Исто беше прелошо што Лиз ја глумеше Алексис дотолку не можат да најдат соодветна глумица.Исто така дали е точно дека и Стивен ја напуштил серијата,бидејќи е катастрофа како ја завршија неговата приказна.
Натали нема да се врати, и дадоа отказ и сега снима серија за ABC. За Алексис не можеле да најдат актерка бидејќи Николет замина неочекувано, но немаше потреба од Лиз да ја заменува, едноставно можеа да не го прикажуваат ликот и еве за третата сезона да си најдат нова актерка. И онака нрмаше некој значаен сторилајн Алексис кога ја играше Лиз. Да Стивен ја напушти серијата, но не по негова желба, беше отпуштен. Се зборува дека ќе се врати за новата сезона, но останува да видиме.
Нема кој не ја гледал старата верзија на серијава? Или.. Моја омилена серија..Многу ја сакам ,сте ја гледале ли? Што мислите за третата сезона Ја има на Попкорн.
Секоја нова сезона се покастрофална од претходната. Серијата веќе стана музичка драмедија, во секоја втора епизода Лиз има музички перформанс. Разбирливо е во една епизода да им ги истакнат и талентите за пеење, но ова не е мјузикл туку драма. Сезонава исто така има многу непотребни епизоди за само да се пополни цела сезона од 22 епизоди. На пример епизодата во која Лиам и ја раскажува книгата на Фелон, апсолутно непотребна епизода без никакво значење на целиот сторилајн. Исто така и последно емитуваната епизода во која секако, имавме и музичка точка. Друго, и покрај тоа што ова е трета актерка, ликот на Алексис не се поправи. Значи не е проблемот во актерките туку во писателите кои очигледно не знаат да напишат немилосрден негативец. Единствен лик кој прави сплетки и е користољубив, каква што треба да биде Алексис, е Доминик Девора. Третата Кристал е каде каде подобра од втората, но и нејзиниот лик не е добро напишан. Не можат да се одлучат дали да ја направат добра, дали лоша. Џеф можат да го убијат веќе за Алексис да го добие богатството според пророштвото во втората сезона, но не верувам дека ќе го отпуштат актерот иако игра сосема непотребен лик. Исто и Мајкл е непотребен лик, барем не како series regular. Можат да го остават ликот за сторилајнот со Ванеса, но не мора да се појавува во секоја епизода. Исто и Кирби и Сем, немаат никаква интересна приказна, и јас сеуште не можам да сфатам како Сем стана билијардер и како успеа без никаков проблем да го купи хотелот, но веројатно не сум обрнал доволно внимание на епизодата во која ср објаснува тоа, ако воопшто е објаснето. Се на се, многу непотребни ликови и епизоди, многу пеење, неодлучност во кој жанр ја тераат серијата, катастрофални сценарија. Единствено добро во серијава е Лиз, нејзиниот стил, нејзиниот талент за глума и пеење и нејзините врвни реплики. Се друго - катастрофа.
Приратирана ја гледам, не гледам на онлајн страни зашто квалитетот на сликата е низок. На 23ти мај ќе излезе на Нетфликс.
Серијава ми стана бетер од шпанска сапуница. Единствено продолжувам да ја гледам само заради Фалон, онака топ лик ми е. Исто, што е со постојано менување ликови? Слушав нешто имало многу недоразбирања меѓу продукцијата и актерите.