1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Eл Класико

Дискусија во 'Спорт' започната од Pelikuna, 20 април 2012.

  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Да не се пренатрупува темата со Фудбалски натпревари само за Ел Класико нека стои оваа за време на натпреварот па ако решиле да ја заклучат темава нека ја заклучат.

    Дуел на титаните, дуел со многу провокации и контроверзии. Меси vs Роналдо, Гвардиола vs Мурињо, Чави vs Озил, Пујол vs Пепе......and so on.
    Не ви треба којзнае колку претставување, не гледате фудбал од вчера, знаете што значи Ел Класико и за едните и за другите.
    Табелата во Примера вика дека ако сака Барселона да остане во игра за титула, во сабота мора да победи. 4 бодови предност на 5 кола до крајот е достижна предност, но само ако Барселона победи во сабота. Нерешено или победа на Реал значи селење на трофејот во Мадрид.

    Ајде народе што типувате.
     
    На SunFlower94, Smilly, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Па искрено, не знам што да мислам. Факт е дека Реал последниве години има многу пати губено од Барса ама не смееме да заборавиме дека една добра половина од тие пати беше со судиска помош. Исто така нормално дека ме загрижува и фактот што се игра на Камп Ноу и тоа ја отежнува работата. Ама од друга страна во реваншот од купот Реал покажа дека може да се носи и со атмосферата на Камп Ноу. Само се надевам дека нема да се користи џокерот Повикај судија. А инаку, секако дка ќе го бодрам Реал и ќе се надевам на победа, задоволство ќе ми биде да ја видам Барселона поразена конечно. И да плачат, како што плачеа лани кога изгубија во финалето од купот.

    Инаку се сеќавам на дуелот што беше во декември на Сантијаго Бернабеу. Без разлика што загубивме, и тоа поштено тој пат ама никогаш нема да ја заборавам радоста што ја чувствував кога во првата минутка Бензема ја стресе мрежата на Валдез. Тоа со зборови не се опишува :) .
     
    На Pelikuna и BoaVista им се допаѓа ова.
  3. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Луѓенца јас нема да можам да го гледам Ел Класикото ;( Ќе одам за Охрид службено и најверојатно ќе бидам на пат за накај дома кога ќе се игра. Ама да извесувате на темава, ќе дежурам на мобилниот и ќе го чекам голот на Реал :)

    Инаку за типување, како и секогаш си типувам на победа на Реал Мадрид или у краен случај нерешено :P А и да изгубиме, пак титулата ќе си ја земеме со + 1 бод, така да релаксирана сум :)

    Шала на страна, ќе биде неизвесно, предноста е на страна на Барса, пред се поради тоа што игра на домашен терен а и поради тоа што во последниве неколку години е убедлива во меѓусебните дуели.
    Но мислам дека Реал нема да се предаде така лесно и дека може да изигра како на последното Ел Класико.
    Што и како ќе биде останува да видиме, само се надевам дека кој тим и да победи победата ќе биде чиста, без непостоечки пенали и црвени картони, без глума и карате потези и така :)
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Читам сега нешто по други форуми и многу велат дека во сабота треба да се игра офанзивно, како што тоа го направија Челзи. И да се даде гол од контра, евентуално.
    Само проблемот е што Реал не е Челзи. И мислам дека ако излезе со таква тактика Мурињо ќе го изгубиме натпреварот. Како прво Реал Барса едино може да ја победи со напад и само со напад. А и треба да се потсети дека Валдез и многу од одбраната на Барселона се уствари најслабата алка на тимот. Нека биде нешто слично како купот лани и првиот натпревар од суперкупот.

    Во напад Роналдо и Игуаин обавезно. Е сега поназад може да играат некоја комбинација од Ди Мариа, Озил, Кака. Ама важно стартери да бидат Роналдо, Игуаин, Озил и Кака. Бензема не мора да игра во стартниот состав. Е сега некој вели во средина да играат Алонсо, Кедира, Лас и Сахин заедно. Според мене тоа не би функционирало. Нека играт само Алонсо и Кедира, ама нешто и Кедира не е во форма последните утакмици. Така да не знам дали Лас или Сахин би биле подобри за таа позиција :?: .
    Во одбрана Пепе и Рамос мора да бидат. Ама џабе е зборење, што одлучи Мурињо тоа ќе биде. Се надевам дека ќе смисли добра тактика.

    Инаку Боа не се секирај, ќе има пренос во живо на Фемина. Само се надевам дека ќе пишуваат повеќе реаловци, а каталонците ќе се кријат некаде поради головите на Роналдо :) .
     
    На SunFlower94 и BoaVista им се допаѓа ова.
  5. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.648
    Пол:
    Женски
    Ја мислам дека ако Реал игра дефанзивно(одбранбена тактика) ќе изгуби, затоа што Реал нема многу добра одбрана годинава која може да издржи 90 минутен пресинг и плус тоа стадионот на Барса е поголем од оној на Челзи така да таа бункер тактика нема да успее на тој стадион и напаѓачите на Барса ќе имаат повеќе простор отколку на Стемфорд Бриџ.
    Според мене главната битка треба да се игра на средината од теренот, зошто таму Барса е најјака.
    Ја кога би била Мурињо :lol: би играла со овој состав
    Касиљас, Коентрао, Рамос, Пепе, Арбелоа, Чаби, Ласана Диара(Гранеро), Кака, Озил, Игуаин(Бензема) и Роналдо.
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Е за Коентрао не знам, нешто слабо ми игра во последно време :?: . Ама уствари кој друг и би играл на таа позиција. Дефанзивците се тие, Карваљо и Албиол се дури и во послаба форма.

    Туку за средината ми беше зборот, нормално дека треба да биде во одлична форма и да се води главната борба таму. Затоа што стигнат ли овие до половина на Реал, толку е таа. Туку зборам оти некој спомнуваше дека Чаби, Кедира, Сахин и Лас треба да играт заедно. Што според мене е глупост, не знам дали некад и се е играло така.

    Ама ќе видиме, за жал се зависи од Мурињо. Само кажав, дефанзива НЕ. Ако почнат да се бранат, рачунај пораз уште одма.

    Едит: Де, де ги смешав поимите. Грешка во пишување, сигурно не би рекла дефанзивците за Карваљо и Албиол ако мислам дека дефанзива е напад. Мислам хелоу :D .
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Традиционално, Барса ќе тепа ја мислам. Исто мислам и дека ќе паѓаат голови, Роналдо или Бензема би требало да дадат, Меси и Алексис Санчез истотака се очекува. Баш да видиме, + домашен терен=привилегија :) Како и да е, за јак меч станува збор, а и двата тима се спремаат + за натпреварите во ЛШ па може да биде хаосно.

    Инаку Блексвон, сигурно мислиш на дефанзива-не во последната реченица од постот :)
     
    На Smilly и Avril.09 им се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Офзанзивна игра на Челзи ? WTF? , или јас сум грешка или нешто погрешно терминиве .. ама со 10 играчи у одбрана мислам не се вика офанзивна игра ... што знам не ги знам добро терминиве што ги користат...



    Иначе не типувам ништо , се чувам за во 10 саат у сабота .... тогаш ќе типувам многу работи
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки

    Пеци ма!!!
    не можеш во ист пост да споменеш титани, а потоа Пепе и Пујол...
    Едноставно не иде тоа така. xD :rofl:
     
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    А што па на Пепе му фали. Мене лично ми игра можеби најдобро од сите во одбрана последните утакмици. Ама нем пак да гази се живо пред себе, тоа не му го бендисувам. А освен тоа знаеме дека доволно е да го допреш Бускетс и Меси и автоматски имаш црвен. Така да, не му требат такви испади
     
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    На Пепе му фали само контрола...да не прави стартови зошто лесно може да добие црвен картон знаејки го каков е.
    И да,се надевам дека нема да има глума,судење на непостоечки пенали...и главна улога да биде судијата.
    Незнам зошто мислам ама се ме води дека на мечот ке има многу контроверзии.
     
  12. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Јас на ливче ќе ставам дека ќе паднат 6 жолти и 1 црвен картон
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    ^
    Поверојатно е 6 црвени и еден жут. xD
     
    На Hiii и JuLleE им се допаѓа ова.
  14. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    се надевам дека ќе е фер натпреварот од двете страни и дека ќе најдат асолен судија што ќе суди праведно и нема да има после од тие коментарите дека судии му помагале некому.. ама знам дека колку и да се фер судиите секогаш некому ќе му се криви...
    мислам дека ќе паднат 3+ гола и дека ќе има многу жолти картони...
    Чуствувам дека Барса ќе победи :inlove:
    мислам дека Алексис беше изваден во дуелот со Челзи во 65мин. за да има енергија да го игра цел натпревар со Реал, и се надевам дека ќе го игра цел натпревар, фантастичен е.
    Се надевам дека нема да има некој друг од младичине во првата постава на кои Гвардиола сака да им даде шанса, само искуството му е мајката, нека оди на сигурно :) .
    Очекувам добар натпревар и секако победа на Барса :l:
     
    На Plavusa.17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    El Classico?A da to je onaj derbi što Barca uvijek dobije.
    - :wasntme:
     
    На Hiii, Melany.Macedonia, Plavusa.17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    Санчез нема да игра.
     
  17. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ќе игра, бил на тренинг со останатите, се шпекулираше само дека е можно дека немало да игра, ама таков чоек не пропушта Ел Класико и можда да биде баш тој што ќе го постигне 100тиот гол против Реал на ваквите мечови :)
     
    На Smilly и Melany.Macedonia им се допаѓа ова.
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не е ништо уште сигурно дали ке игра,ке се знае неколку часа пред почеток на натпревар :) ја би да игра,да не се жалат после фановите на Барса ако изгубат е овој не играше оној не играше :P
     
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Мислам дека ќе биде нерешено сутра, или 1:1 или 0:0 не знам, ама мислам дека нема да гледаме некој посебен фудбал, уморот си го прави своето, а и ги чека следна недела Лига на шампиони, мораат и таму да бркаат резултат, така да ил глума ил набачанки ќе гледаме, според мене. И некој маестрален гол на Роналдо од пола терен можда. :D
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Е ај не си вади работи од ракав, никој не се е пожалил кога имало фер судење :^) . Се надевам дека нема Фарселона пак да ја помагаат судии, доста и беше за оваа сезона.

    Ај утре после натпревар ќе пишам. Ако победиме ќе има реметење, ако поштено изгубиме ќе ви честитам ама ако изгубиме од судии, е тогаш знајте дека ме нема оти сум отишла да го рушам Камп Ноу ;) :) .