Па добар е резултатот за реванш...реваншот на наш стадион и плус Пепе игра можеше да биде и подобро ама тоа е тоа! HALA MADRID!
Да го стави Виља?, сериозни сте, иако даде голче на минатиот натпревар тој е далеку од совршена физичка подготвеност, а Тељо добро игра и се труди и во форма е секако, па оправдана е измената треба и тој искуство да стекне, а и да се покаже сезонава ако сака пак да го продолжи договорот. Инаку добар натпревар, се исплатеше досадното прво полувреме, понервозна не сум била на ниедно класико досега... Како ме изнервира Коентрао кога го крена Алексис ми идаше да одам на Камп ноу и да го кренам на клоци, Каљехон како го замавна меѓу нозе,овај пак го крена, да испадне работава дај не глуми, сељак невиден. Криво ми е шо Алексис не им заби гол ... А со тоа пенал,Меси веќе видено, сериозни сте?! мислам објективни, она врз Ињеста ако не пенал незнам шо е, и дај не кенкајте ! Голот на Ди Марија ми беше претерано глуп,само заради Валдез, а она пудличено Роналдо се скапа од радвење ко кузнајт шо да постигна со голот Се надевам дека нема да испадне сериозна повредата на Педро на раката ... А Чави,мастерпис, шлагот на тортата...
Na krajot najmnogu me izraduvaa pregratkite na rivalcite..Iniesta i Ramos, kako i Kasiljas i Valdez... Pardon za latinicava.
Леле тој Валдез човече ви е , потапа голман здравје. Значи не покажавме којзнае каква игра а сепак дадовме два гола, со оглед на невидливоста на нападот на Реал сметам дека тоа е премија, па и на Камп Ноу . Ама аман веќе со тоа сценарио, даваме гол па после Барса два . И дај некој нека го извади овој Бусќец од терен, не можам веќе истите театри да ги гледам секој божји пат од него. Пеналот според мене не беше баш чист пенал ама ајде, да речеме дека донекаде е оправдан. Едноставно Рамос не треба да си ги дозволува тие стартови повеќе. Од одбраната сум задоволна воглавно освен кога заспа при голот на Педро, Албиол сосема солиден а Арбелоа и Коентрао едни од најдобрите на мечот. И не знам зошто Мурињо нон-стоп стартува со Бензема на Ел Класико кога се докажа милион пати дека не е за тој меч. Само не знам вие каталонците што толку се радувате, добро победа е ама се играт два меча а на вашиот Камп можеше и подобар резултат да извадете. А Алексиз е лигло и глумец невиден, би сакала да му удрам една клоца во Тери стил . Ништо, на Бернабеу се гледаме. Само очекувам далеку подобра игра од Реал и да се надеваме на трофеј, мада сешто може да биде таму.
Валдез бре чоече,каков фејл направи ни самиот не си свесен Треба,треба уште многу да учи особено од Касиљас и Буфон.
Јас да бев на местото на каталноциве,можеби за победава би се радувала, ама никако не би била сигурна во нешто повеќе. Имате две победи по ред бидејки такви беа околностите. Првиот пат игравте против Реал Сосиедад,што би било и многу нормално да ги утепате,гледајки какви профили на играчи имате..(ма да не би било прв пат,ете свежо во сеќавање ми е поразот од Осасуна ) А вториот беше на ваш терен,со досуден пенал и без нашиот Пепе. Реал прв натревар играше против Валенсија,кои секогаш се борат за 3-то место и не се воопшто за потценување. Натпреваров не го гледав и се изедов,ама бев на роденден и неможев...Ќе гледам реприза утре на СпортКлуб. Ќе згазиме се пред себе,само да се уиграме малце Се гледаме на Бернабе Hala Madrid!
Со самото тоа што е прв голман на Барселона,се гледа каков квалитет и потенцијал има, а еден икс не го прави тапа голман,да се разбериме. Дај просветлиме каква филмска акција виде на Класиково од Серхи? Донекаде оправдан пенал? А шо е тоа донекаде оправдан? Јас несваќам како може пенал да е донекаде оправдан. Или има пенал или нема пенал,трета опција не постои. Повеќе од јасно е дека стартот беше пенал. Да не се радуваме на победа против Реал, зар е тоа можно? Не сте вие Бетис или Сосиедад... Реал да победеше ќе се посе*евте од радвење (да ми извините на зборот), и да има уште 90 минути игра во кои се е можно. Не е Алексис глумец, вашите се врколаци безчуствителни,да нема забуни мислам, тој старт на Каљехон беше катастрофа,а постапката на Коентрао поголема катастрофа.... А ако вашиот Пепе беше во игра, магија ќе направеше и ќе победевте. Бидете сериозни, ќе имаше и тој некој јак неспортски испад ,како и секогаш, со неговото врколашко понашање, и ќе јадевте црвен можда после на тоа ќе се вадевте Не ми е јасно шо изводит Коентро овде, како и на цел натпревар ама ај... http://www.youtube.com/watch?v=JqKxaEgFNy4&feature=youtu.be И секако... За сите спорни моменти, ви предлагам да го видите видеово... https://www.youtube.com/watch?v=mBqi4D8X2L8 Спојлер Иако директно им се обратив на неколку феминки,не сакав никого да го нападнам лично, нити да почуствува дека им се обраќам со ароганција, едноставно не се согласуваме за неколку спорни моменти, и не би сакала да дојде до стварно карање, туку да си коментираме и да си искажуваме мислења(подкрепени со факти и стварни ситуации секако)... Се извинувам уште еднаш ако помисливте дека мојата реплика беше нешто повеќе од контра коментар.. Обожавам да ве читам и двете, иако на ова поле баш и не се слагаме Фала,чао!
Има разлика од пенал до пенал, кажав дека е оправдан (не го сфаќајте ептен буквално тоа донекаде ). Валдез е еден од потупавите голмани и тоа е факт. Ако ги пратиш Барса редовно сигурно си приметила дека тоа се повеќе киксови а не еден. Додуша кикс е мал збор за тоа што го направи вчера, ни во аматерски фудбал го нема тоа. Ајде нашите биле врколаци, од каде ова? Јас не видов којзнае какви стартови на натпреваров, можеби еден од најмирните Ел Класико мечеви. Или ова од навика. И не разбирам зошто мора баш на секој коментар да се реплицира. Кажав дека според мене Санчез е лигло, да не е забрането можда да се мисли лошо за него? Ах, Бусќец, одкога знам за него тој си е вечно на трева со раката на лице. Муабетот се сведува се на едно исто и стварно немам сила пак за исто да коментирам. Реал се животињи, Барса се глумци...бла бла бла. Ај да не ја уништуваме темата со тоа кога не беше воопшто напнат натпреварот. Ќе молам повеќе без реплика на она што јасно го кажав и мислам дека се чита убаво. Радувајте се на победата ама во овој случај не значи ништо победа во еден меч ако не направиш ништо во другиот .
Kaжав јас во предходниот пост, дека контра коментар не ми е карање и расправање, сакав да каажам дека секогаш за вас нашите ќе се глумци вакви и такви, а Реал за мене се врколаци ... А ако немаше некакви опасни стартови и ништо посебно,зошто раката на Педро беше во завој, или ради мода? Ама океј немат врска Едит: Викате дека бил неправеден пеналот врз Ињеста, а шо ќе кажите за недосуден пенал над Алексис? Како само падна после ова И на Мурињо,на кој секогаш судиите му се криви ќе му порачам да престане да кенка по медиумите за голот на Педро, и да ја види сликава, а ако пак неможе да види,нека си земе двоглед, ќорец!
Добро дее само ли ние ги удиравме нив секогаш е така секогаш ние излегуваме лошите заради вашето глумење!
Таман дојдов загреана целата вчера да напишам жустро аналитичко (провоцирачко) мислење тука, снемав нет а го спремав! Ама не, не... не провоцирам сега, мислам за купче се работи и ќе кажам само тоа вчера дефинитивно не беше некоја којзнае колку добра игра од двете страни, па човече безвезе ми беше утакмицава, не дека искршија нозе за нешто вредно али сепак не е за фрлање. 3-2 супер победа е, ама можеше и повеќе со оглед на тоа како ја почна Реал новава сезона...ај добро тоа. Тие лига, ние купов и кралскиот куп. Па добро, уште купов да го земеа сосве лигата и да се откажев од се. А вака таман си е, сезонава и обратно да биде нема којзнае колку да ми смета. Случајно ѕирнав статистики позади сте ставале, абе во посед на топка секоаш ги тепаме, дури и кога губиме! Тоа е, таков ни е стилот
Лелее де4ки ама го пропуштииииииииииииииииииив не е можно арно рекле заљубена изгубена ама остаај.. само да прашам играше МАРИ4ЕТО (ДИ МАРИА) мое??
Ова е една од причините зошто не сум толку загреана по Ел Класико или Примера Дивизион иако ги подржувам Реал Мадрид. Значи јас иако вчера погледнував од време на време можам само да кажам СРАМОТА за Барселона. И да постои и да не постои пенал за Фарсава ке се суди.Да се живи и здрави судиите кои им досудиле пенали на Фарса,треба на сите да им изградат по еден споменик пред Камп Ноу нејке да е лошо. Во Англија приказната е друга,и да ги има сите елементи не се суди секогаш пенал. Јас да сум на место на играчите на Реал ке го напуштам теренот на сред игра зошто ова не се случува само еднаш. Епа ајде секое Ел Класико ке гледаме пенали за Барса. За глумци,ги имало и ке ги има. Друго нешто...Кој велеше дека Роналдо се губи против Барселона?Еве ви го хејтерчиња,секогаш е овде тој. Трето...Валдез уште еднаш покажа дека е еден од најголемите киксери во светот и дека нема никогаш да биде број 1 голман во Шпанската репрезентација.Па еден Де Геа кој е 21-22 години прави крш за разлика од Валдез.За срека,тој им остави уште поголема надеж на Реал дека ке дојдат до триумфот следниот меч.
Последен пат коментирам во темава,пред пред почетокот на следното Ел Класико. Жал ми е,што имате толку глуп играч како Рамос што не може да се снајде против еден Иниеста.Иниеста многу итро го предизвика Рамос на прекршок,а овој место да ја шутне топката го шутна Иниеста.Можеби не си го гледала цел меч,но 98% од прекршоците беа навистина прекршоци.Да,признавам изглуми Серхио 2-3 пати,но зарем вашите играчи не се превртуваа на теренот?За потсетување,минатата сезона Реал Мадрид имаше многу повеќе досудени од пенали од Барса. За судиите на двата меча,Мурињо ги има многу фалено како демек цело сезона би сакал они само да му судат. Xavi: "Surprised by Mourinho complaining about referee again? No, that doesn't surprise me, he is like that." #fcblive #elclasico Спојлер Sudački komitet španjolske nogometne federacije objavio je imena sudaca koji će dijeliti pravdu u nadolazećim utakmicama Superkupa Španije između Barcelone i Real Madrida. Carlos Clos Gomez i Manuel Antonio Lahoz imenovani su sucima za dvije utakmice Superkupa između Barcelone i Real Madrida. Susreti su na rasporedu 23. i 29. kolovoza 2012. godine, oba s početkom u 22sata i 30 minuta. U prvoj utakmici, koja će se odigrati 23. kolovoza na Nou Campu, glavni djeljitelj pravde bit će aragonski sudac Clos Gomez, dok će mu pomoćnici biti Guadamuro Calvo i Marco Martinez, a 4. pomoćnik bit će sudac iz treće španjolske lige Uson Rosell. Clos Gomez je, inače, sudac koji je jedno vrijeme imao napet odnos s bivšim trenerom Barcelone Josepom Guardiolom. U sezoni 2009/10 na utakmici između Almerije i Barcelone aragonski sudac je isključio Pepa Guardiolu, ali razlozi koje je predočio u zapisniku nisu bili uvjerljivi. Šest dana kasnije, na Santiago Bernabeu, Mateu Lahoz dijelit će pravdu na uzvratnom susretu Superkupa. Pomoćnici će mu biti Cebrián Devís i Núñez Fernández. 4. pomoćnik bit će sudac iz Valencije Gil Coscollá. Ovog suca nekoć je hvalio upravo trener Real Madrida, Jose Mourinho. "Fantastičan je, želim da nam sudi svakog vikenda, ne dopušta da bude ponesen umjetnicima na terenu, drag mi je Mateu Lahoz." SMateuom kao glavnim sucem, Mourinhov Real je pobijedio u svim ligaškim utakmicama, sedam od sedam. И за на крај,football is not war.