Не е Рамос глуп играч туку како што и самата кажа Иниеста го фати на финта и не можеше да се извлече од тоа, мораше да стартува едноставно. Е сега пеналот можеби беше пенал ама како што кажа Пеликуна за Барса и да нема и да има ќе се суди. Ама не се бунам толку оти беше колку-толку оправдан. Голот не беше од офсајд според мене, не баш јасна ситуација ама чист офсајд не беше. Замерка имам само за некои недосудени прекршоци на средина на терен за Реал. А за она што го велите дека за лигавењето на Санчез требало да се суди пенал само ќе си премолчам и ќе ви препорачам подобро да се запознаете со поимот пенал . Во тој случај на скоро секое влегување во 16-ник треба да се суди пенал. Рамос повторно во стил get up bitch, доста глумеше . А каталонци не се каталонци ако не се фалат со статистика. Воопшто не сум задоволна од играта на Реал ама ни Барса не покажа нешто посебно освен еден пресинг во мал дел од натпреварот. И читам навивачи на Барса велат дека сме играле за никаде а на среќа сме извлекле два гола. Епа исто како и тие во првиот меч од Суперкупот минатата година. На Роналдо омилено место за голови му е Камп Ноу .
Ми се згади веќе од тие коментари дека судите ни помогнале, ако Рамос наседнал авал да му е на Ињеста,нема помош од никаква судија, прегледав 300 снимки од сите агли и голот на Пердо не беше од недозволена позиција, некој гледал од време на време а не цела утакмица и ќе кажува ќе се судело за нас не ќе сте судело, ми скисна од вакви глупости, ниту една статистика не вреди колку победата против Реал, вие секогаш ќе кенкате а Барса владееше на теренот,толку од мене!
Мадридистиве на секоја победа се трескааат од земја, а не секој пораз се жалат дека е наместено или на среќа. Може ли бре еднашка само да речете дека изгубивте, да честитате и крај. Резултатот беше 3-2 за Барселона, помирете се со тоа, а не наместено, судиите се на ваша страна, овој онака, оној така. Може на следното вие ќе тепате, може пак ние , Реал е далеку од потценување, башка и на Бернабе се игра. :geek:
Девојкиии ќе полудам неможам да дочекам... Еве неколку изјави на Мурињо ќе ги ставам во сполјер,бидејќи се на англиски... Спојлер Mourinho (coach Real Madrid): "The plan is simple from the start. When they have the ball, we defend. When we have have the ball, we attack" Mourinho: "The Super Cup isn't my priority. I want to see the attitude of the players, to know if Saturday's loss was an accident or not." Mourinho (coach Real Madrid): "What should we change compared to the first game? Nothing. You saw the game, and how they scored the 1-1..." Еве неколку изјави и на Тито Спојлер Vilanova: "Importance of 7 games without loss at Bernabeu? In a game against Madrid, history doesn't count. There's no favourite." Vilanova: "Winning trophy at Bernabeu special motivation? Of 14 trophies won, none has been more special than the other. Liked all of them." Vilanova: "Madrid will come out trying to score from the first minute. If we don't score, we won't win this cup." *1000 полицајци ќе го обезбедуваат Бернабе пред,за време, и по утакмицата *За Барса :Valdes-Alves,Mascherano,Pique,Adriano-Xavi,Busquets,Iniesta-Pedro,Messi,Alexis! *За Реал :Casillas-Arbeloa,Ramos,Pepe,Marcelo-Alonso,Khedira-DiMaria,Ozil,Ronaldo-Higuain!
Типувам 3-2 за Реал Мадрид и ке гледаме пенали И дека ке падне бар 1 црвен картон edit: PIPITAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA I 1-0 edit 2 : Kikica i 2- 0 za Real DDDDDDDDDDDDDD
Добро нели беа од 22:30 на спорт клуб? Кој пренесува? Пола сааат шалтам програми Почна? Што се случува?
Tешки животни се овие фарселонциве, не еден, 100 црвени картони заслужуваат, дивјаци. Hека ве наполнат бре со 10 гола, играте бетер од Pајо Bаљекано. Cпектакл на Cантјаго, 2:0 е досега, очекувајте повеќе од Pеал.
Тито сега најде да прави експерименти, немсто Фабрегас и Виља, Сонг и Тељо. Тељо како некој аметер се покажа вечерва Како и да Барселона добро се покажа и на Камп Ноу и сега, браво за Валдес многу шанси одбрани, а пред една недела сите го прогласија за глупак
Прво честито за победата,заслужена беше. Грешката на Валдес направи да стигнеме до ова дереџе.Многу од дефанзивците одат напред,наместо да останат позади кај што им е место и со тоа прават дупка во одбраната.Затоа многу пати ни даваат голови 1 на 1.Тито премногу ги форсира младинците,од типот на Тељо кој во моите очи никогаш нема да биде комплетен играч. И ова е и официјално првиот загубен трофеј НО НЕ И ЗАГУБЕНА СЕЗОНА.Ла лига,Лига на шампиони и Купот на кралевите не чекаат.
Леле вие па.. Па ова е тек почеток, ќе имаат и понатаму нерешени и изгубени утакмици, што се толку замарате.
Го освоивмееееееее супер купоооот заслужено беше многу напаѓавме а и се брневме па какви шансиии имавме леле леле можевме и повеќе голови да даваме ама како и да е важно наш е супер купот Модриќ добро што си го купивме,кога сите го дигаа трофејчето лелеле милина да гледаш!!!
Леле леле како кој знае колку добро да играле,кога ке направат акција било каква како на Барса или Роналдо да помине неколку играчи и да даде гол,а не да чека само контра нека се јават да се пофалат на Канал 5 евентуално на Сител.
Е ова е стариот Реал! Одлична игра,можеби не беа сите максимално ефикасни ама сите се трудеа,соработка на ниво.Браво момци,заслужена победа