Нешто ги снема каталонците . Епа ај со среќа поразот. На мадридистите нека ни е честита првата титула сезонава. Сега точно суперкуп како суперкуп не некој многу битен трофеј ама не е ни за потценување. Уште повеќе кога ќе се порази најголемиот ривал. Во првото полувреме торпедо на Реал, си помислив дали со Сарагоса играме или со Барселона . Едино ми е жал што и повеќе голови не им дадовме, имавме многу шанси за тоа. Можеше комотно да биде 5-0 во прво. Игуаин точно дека доста промаши, можда и чисти шанси ама јас сепак би го ставила секогаш пред Бензема. За Роналдо немам зборови, што и да кажам ќе биде премалку. Си имаат трауми од него каталонците и ќе си имаат. Пепе - МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА. Озил, Марсело, Кедира . И го доживеав и тоа чудо да ги видам Барса со црвен картон, не знаев со која рака да се крстам . Општо земено ептен слаба игра од Барселона особено на почетокот, одбрана за никаде. Сосема заслужена титула за Мадрид, доминацијата почнува .
Бев разочарана, и не се укл на фемина ни вчера ни цел ден денес, па еве ме и мене да пишам... Сите предходно што викаа демек што сте вакви или такви ко кузнае шо да беше супер купот, сеедно ви е дека Реал го освои, т.е не вие сеедно ама така си викате, да победеше Барса истото ќе го викавте, демек кузнајт шо е, ве молам поштедетеме од глупости ТРОФЕЈ Е! на крај од сезонава и со него ќе се фалите... Така да не е сеедно. Адријано,љута му сум безкрајно, тоа не му требаше бе, шо мислеше јас незнам, стварно, додека не се оддолжи на тимот, и не помогне некогаш кога ќе треба, до тогаш ќе му сум лута. Отсуството на еден играч премногу фалеше,напаѓавме, еден ебан гол не делеше од победа на Бернабе, при тие напади здивот ми застануваше,многу сакав да дадеме гол, се молев,ама неќеше... Барса нема да застане тука, ќе се бори и за ЛШ и за Ла Лига, и за Куп, за се останато, една изгубена утакмица, еден изгубен трофеј нема да не сопре, ние правите навивачи секогаш ќе сме со неа, без разлика на идните случување... Ајде и да им ја честитам победата на мадридистите
Еве ме пак низ фудбалските теми Тазе вратена од одмор, со наполнети батерии за полемики А и сезонава како почна ФАНТАСТИЧНО. Последново Ел Класико - МЕРАЦИ. Барса изгубена, понижена, пикната во шише. Едно додавање неможеа да сврзат во прво полувреме, една шанса за гол немаа. Да не дадеа гол од прекин, никад и немаше да дадат, ќе кружеа ко муви без глави на средина на терен. Едино ми е криво за неискористените шанси на Пипита. Минимум 4 зицери не погоди, чисти, еден на еден со Валдез, па затоа Каталонците можат да му заблагодарат што не доживеаа дебакл од 5-0 уште во 30 минута Одамна пишував дека Барса ја има најочајната одбрана од сите големи екипи. Пиќе, Маскерано и Адриано смешки живи. Пиќе којзнае уште колку време ќе ја сонува петата на Кикица Валдез пак е прича за себе А оној Санчез незнам што не го продадат веќе. Реал доминантен, со страшен пресинг, штета што не ги реализираа барем половина од шансите кои ги створија. Кикица Пепе Озил Ѕверови!!! Трофејот заслужено оди кај најдобрата екипа во Шпанија - РЕАЛ МАДРИД.
Туку фанови на Барса што ке кажете за вашето малецко човече што не се поздрави со Роналдо? нели бил на карактер наивно и добро човечето со големи манири?
Роналдо ( со прекрасниот раздеЉАК) има една цел ! Да ги тепа Барса . Меси има цел да дава голови и да биде добар во тоа што го прави а Иниеста си се докажа и тоа е тоа . Еднаш ќе му се потрефи на Реал и готово најдобри се .
Јас никогаш не сум ги видела да се поздрават,па и на последната утакмица баш го имаше тој кадар кога се разминаа,незнам воопшто дали и зборат
Заслужено поразени, послабо прво полувреме од ова на Барса не знам кога последен пат имам видено. На крај сепак добро се снајдоа против одличниот Реал со играч помалку. Не ги обвинувам толку киксовите на Маскерано и Шакира, грешки имало и ќе има и кај врвните играчи. Пике е апсолутно незаменлив во Барселона! Најголемата грешка ја направи Тито што воопшто ги пушти да играат со таква слаба одбрана. Меси како и секогаш најдобар, да не беше тој да го врати мечот ептен ќе потклекневме пред Реал. Недостасуваше Виља, а за играта на Педро имам само пофални зборови! Овој трофеј и не беше многу значаен за Барселона, ни послужи само како добра лекција. VISCA EL BARCA!
И да е така зборот, немој вакви работи да пишуваш молим те. Не е Реал тим класа Ш. Се знае, Реал е Реал, моментално најдобрите во Шпанија. Боле нели?
Hе очекувајте да се поздрави, не се многу пријателски настроени еден према друг, така да потполно сеедно ми е, не ни очекувам па и Kики да отиде да му честита ако фарса победи, во последните години знаеме каков ривалитет постои и то је то. Aма еве чичко гугл ми извади едни ретки раритетни слики чие место е во музеј, зошто може само историја да бидат. (освен ако некои не се фотошопирани, којзнае) A ферски е да се честита. Спојлер
Некој пишеше и се смееше на фаците на Роналдо кога го избраа Иниеста?!? Кикица бар има доблест да честита, за разлика од џуџето кое и не било така наивно и добродушно ко што сите го правевте ЕДИТ - еве како гласале новинарите http://www.uefa.com/uefa/uefa-best-play ... index.html За кого гласал новинарот од Р. Македонија м м??? Па за Кикица нормално, паметен народ сме ние Ме изненади шпанскиот новинар што гласал за Кики, а не за Иниеста
Смииирии топката . БоЛе или не боЛе не знам . Но едно знам како што Барса играат Реал Мадрид не можат НИКОГАШ да научат . Не им се замарам ни на едните ни на другите Јуве си е Јуве
Никој не оспорува дека Реал е класа тим, еден од најдобрите,а единствен најдобар не би рекла Ако сега ја победивте Барса, не треба да си правите филмови дека само вие сте најдобри... И нас нема шо да не боли, и ние сме фанови на еден од најдобрите тимови во светот,така да * А иначе шо сте се нафрлиле бе на Месси, испадна работава демек Роналдо отишол да се поздрави а овој го мавнал на игнор. И Роналдо вешто го избегна,така да немојте ви се молам .... они одавна не си се мирисаат, а кога зборуваме за поштени,непоштени, играчите на Барса останаа долу на теренот, ги гледаа Реал го подигнуваа пехарот, а не избегаа педерски,како Реал ланска година,на ова Касиљас јавно им се заблагодари,и кажа дека се чуствувал устрамен што ланска година сите се „разбегале“......
Јас ве предлагам вас како врвни фудбалски експерти следниот пат да бидете во жирито на Златната топка и Нагрдата за најдобар играч во Европа,бива?Бре,бре само да се плукало.Еве де,вашиот најомразен Меси не ја освои Иниеста ја освои-пак не бидува. Златната топка се добива за лични рекорди и достигнувања.Наградата за најдобар играч во Европа најмногу се добива за тимски успеси.Не дека сум навивач на Барса,ама Иниеста праведно ја заслужи.Всушност и Касиљас да ја добиеше ќе беше подеднакво заслужено можеби и повеќе.Тимски играчи се и двајцата,вистински пример за помладите нивни соиграчи и во клубовите и во Шпанската репрезентација.Ќе речете па и Роналдо е тимски играч,освои Ла Лига,Супер Куп,добро се претстави на Европско првенство ама не е така.Тоа што отсекогаш недостасувало кај него е тимскиот и спортски дух и што секогаш она ривалството со Меси го сваќа како нешто wow,војна,битка ептен се притресува кутриот.Па едвај и му честита на Иниеста,а да не зборам на Меси колку пати му честитал.Минатиот Супер Куп одма како пи*ка(извинете за изразов) се сокри во соблекувална и не можеше ни да се поздрави со играчите од Барселона,а не па да го гледа доделувањето на трофејот.А пак,него му мина ерата.Сега на ред се играчи од типот на Меси и Нејмар.За Златната топка очекувам да ја освои ЧАВИ прво бидејќи на Европското првенство стана првиот фудбалер со најмногу точни пасови и всушност најтрофејниот фудбалер во историјата,но и Меси да ја освои нема да биде за џабе.Сепак постигна рекорд и стана првиот фудбалер во историјата кој во една сезона успеал да постигне 73 погодоци. А порзаот од Реал,веќе помина и кај навивачите и кај играчите.Ако толку многу се мисли и анализира ќе се изгубат поважни други натпревари од типот на оној со Валенсија во понеделник и оние во групната фаза во ЛШ.Ајт поздрав до следното Ел Класико Спојлер
^^А јас пак се чудам што вие толку се припотресувате околу нашите коментари?!? Според мене(а и според многумина други) Иниеста годинава НЕ ЗАСЛУЖИ да ја добие наградата, ја заслужи минатата година, не ја доби. Оваа година не ја заслужи ,а ја доби. Нон сенс. И смешни сте веќе со тоа демек Роналдо не бил тимски играч и немал спортски дух(смајлиштосекрсти), а Меси и Иниеста биле. Што е Меси потимски играч од Роналдо ако може некој да ми објасни? И што подразбирате вие под тимски играч? По се изгледа пишувате колку да напишете нешто. Роналдо освои Ла Лига, постигна над 50 погодоци, имаше над 20 асистенции, освои супер куп, ја однесе Португалија во 4 најдобри фудбалски репрезентации во Европа. Касиљас освои Европско, освои Ла Лига, освои Супер куп. И наградата ја освои Иниеста со освоено европско и кралски куп и со 10 гола во сезона. Нон сенс. После Боатенг, се огласи и Дрогба It's not fair to compare Cristiano & Iniesta. CR should've win the award!" - Drogba
Освен тоа што пишуваат ради реда, туку и ги испревртуваат нашите зборови така како нив им одговара. Марбела каде прочита ти дека сум пишала дека Реал е единствен најдобар тим. Кога си прочитала? Сум кажала нешто такво? И те молам не ме цитирај ако ги испревртуваш моите зборови.
Ајде јас сум женско,плус 13 години бе мала сум за вакви анализи да правам,па еве ви признати спортски новинари кои си одлучиле на кого ќе му го дадат својот глас,а вие ако сакате да ви поднесат извештај зошто гласале за тој и тој исконтактирајте ги,што да ви кажам друго http://www.uefa.com/uefa/uefa-best-play ... index.html
Го има истиот линк постиран од Боа во друга тема. Патем нашиот гласал за Роналдо. Си знае човекот за кој да гласа. А како што гледам и Меси има исто толку гласови колку и Роналдо, што значи дека не е ништо подобар од него.