Значи Реал не ја победи барса само овој пат,или заборавивте дека и претходната година ве исплескаа убаво? Да,Реал претходната сезона беше најдобар тим (не го зборувам јас тоа како нивни навивач)туку фактот е дека Барса имаше многу киксови...и затоа ја изгуби титулата а Реал го искористи тоа.Сега е старт на новата сезона и иако Реал е -5 поени пак ке се вратат во борба. Да кажам дека некои од фановите на Барса (не велам конкретно вие)многу се дигнаа по таа победа о 6-1 мислам дека беше.Почнаа да го праваат Меси вонземјанин,како Роналдо може да му носи вода,како пред време се фалаат дека сите ке ги победат а никогаш ама баш никогаш не го ценат противникот. Протоколот е секогаш да се поздравуваш со судиите без разлика дали си отишол прв или последен ама мене колку што ме учеа помладиот во тој случај вашиот наивко Меси треба да го поздрави постариот во тој случај Роналдо. Како можеше претходно да се поздравуваат како што беа ставени сликите претходно на темава а вчера не можеше да се поздрави?М?
Не можат да преболат што ја изгубија титулата, па велат дека не им била важна. А, до неќна се фалеа со сите титули. Абре каталонци и вие не знаете што пишувате.
ВИДЕО - Меси го одмина Кристиано Роналдо на ракувањата со судиите Неспортски потег од Меси, а не од Роналдо, така беше. Протоколот всушност е прво да се поздрават играчите, а ракувањето со судиите е на крај, па од кај сте сигурни дека не се поздравиле? Башка глејте му осмех на Кикица, ниту едниот ниту другиот не сака да се поздрави со најлутиот ривал. Не знаеле да прифаќаат порази? Па и вашиот капитен Касиљас се заблагодари што Барса останале на терен додека Реал го земаше трофејот, а не како Мурињо (кхм кхм д спешл уан) кога ги испрати сите во соблекувална.
Викаат не им била важна титулава а кога победија на Камп Ноу леле леле радости готово титулата мислиш ја освоиле.
Никој не ти ги испреврти зборовите, ти сама погоре напиша дека Реал биле најдобрите во Шпанија, а јас ти напишав се што мислам за тоа,дека не се согласувам со тебе, неможам јас да ти превртам збор кој ти си го напишала, и те цитирав баш заради тоа, ти рече дека моментално биле најдобри, а јас ти кажав дека ако ја победивте Барса во таа утакмица не ве прави моментално најдобри... Тоа беше тоа, и незнам кој збор сум ти го превртила,ама нема врска...
Аман па, ќе го казнеле Кака зошто нејќел да се слика, глупаци, јас го сваќам подполно, тој сака да игра, колку долго време не е во плановите на Мурињо, уствари шо му е нему, си експериментира со младинците а на клупа му седи квалитетен играч, штета... Еве го текстот кој го прочитав: Спојлер Раководството на Реал Мадрид сериозно размислува да го казни Рикардо Кака за своето однесување по натпреварот од Супер-купот на Шпанија против Барселона, кога бразилскиот интернационалец одбил да се фотографира со победничкиот пехар. Весникот „Ас“ информира дека веќе е стартувана интерна истрага, која што треба да утврди дали „кралевите“ имаат правна основа за да го казнат Кака. Некогаш најдобриот светски фудбалер не е дел од плановите на Жозе Мурињо за новата сезона, па не се најде ниту на клупата за резерви на дуелот со Барса на „Сантијаго Бернабеу“. Разочаран од ваквиот статус, Кака одбил да се појави на теренот заедно со останатите фудбалери, кои се подготвиле за заедничка фотографија. „За ова што го правам јас, не заслужувам да се сликам“ - им порачал Кака на членовите на клубот кои што го поканиле на фотографирање. Токму тие се почувствувале навредени од ваквиот однос на Кака и го пријавиле Бразилецот кај раководството. „Кралевите“ бараат начин да се ослободат од плејмејкерот, кој што се уште би можел да се врати во татковината, па размислуваат да го казнат, и со тоа уште повеќе да ги затегнат односите и уште повеќе да ја зголемат решеноста кај него да ги смени клупските бои. Ваквиот однос дефинитивно не му доликува на најтрофејниот европски клуб, но јасно е дека не се бираат средства за да се намали буџетот, а Кака е еден од најплатените играчи во тимот на Мурињо со плата од 9 милиони евра по сезона.
Еден краток коментар,головите на Кристијано и Меси,права уметност... Што да се каже,сите у кафиќ подзинаа и на двата извонредни погодоци.Уметници. Воопшто не е чудно што секојдневно се ''колиме'' по форуми докажувајќи кој е подобар.Моментално двајца најдобри играчи на планетава,no doubt. Ел Класико во права смисла на зборот...Се пред тебе да искршиш од нервоза Неизвесно,како што и треба да биде.Фудбал.
Па вака ... Ни сум за Реал ни за Барса ... Вака како неутрален гледач додека се игра Класико можам само едно да кажам ... ова е најгледано дерби во светот , но изгуби на квалитет со тоа што е толку честоо ... веќе ја нема онаа возбудаа , како да кажам , стана некако навика
Потполно си во право. Порано играа само 2 пати во првенство и едвај се чекаше да дојде денот за Ел Класико. Сега : првенство, куп, супер куп, ЛШ... ептен се губи секаква драж
Dobro jutro. Dan koji nije prigodan za srčane bolesnike je započeo. У право е Моу,за време не на Ел Класико светот застанува.Многу повеќе од фудбал... И еве јас како навивач на Барселона,рака на срце морам да признаам,иритираат коментари од типот:,,еj ќе ги здробиме''...Дај луѓе малце објективност,не играме со некој третолигашки тим,сепак Мадрид е еден од најдобрите во светот,а реално ние немаме одбрана.Пуји и Пике нема да играат се надевам Маскерано и Сонг ќе бидат прикладна замена.Топката е тркалезна,не се знае. Сепак секој со свои надежи. Eл Калсико,официјално прогласено за дерби од висок ризик. И не ми е јасно што се крена толкава галама за кореографијата со каталонсото знаме на трибините на Камп Ноу. Хм,не е прв пат...Ал од друга страна разбирам,ова ќе биде многу повеќе од фудбал.17 минута,ќе започнат овации за независност на Каталонија...Да се надеваме дека се ќе се заврши добро. Че пукнам до вечер.
Веќе ми се здосади од Ел Класико, се едно исто барса победува со помош на судиите!! И после 7575757757 дена се збори за тоа !!