Го гледав натпреварот вчера и Барса чинам смрзна. Не покажаа никаква игра, тој префален Меси јас не го видов никаде. Инаку, не навивам за никој посебно. Само дефинитивно не сум за Реал. Сепак, честитки, си заслужија. Арогантноста на Кристијано Роналдо е правопропорционална со неговото селско руменило, кога ќе се запоти. Ама затоа сум за тренерите на Реал и Барса. Ауф! Me like them! Ептен ми се јебозовни, двајцата!
Мене пак Гвардиола ми е како мутло во фацата. Стварно, не го кажувам ова оти сум фан на Реал. Некако ми стана одвратно човечето, не знам зошто. Има нешто антипатично во него. А Мурињо добар е , како и сите во Реал уствари. Од играчите само Ди Мариа, Озил и Бензема не ми се физички убави, ама затоа ми се сладки. Другите се .
Aa да да, а ти заборавии 5-0 ?! И ајде несакам овде поради еден фудбал караници, како и да е секој има право на мислење и кој за кого сака за тој ќе навива, своја постапка
А ти заборави 11-1? Ти кажав, не е работа за минатото да зборуваме. Затоа што Реал е во убедлива предност кога се работи за тоа. Ама нема тоа никаква врска, нас ни здосадија тие титули, сакаме нови . Не се карам јас, само ве пецкам по малку .
5-0 11-1 WTF?Барселона фанови,џабе е ја изгубивте титулата.Ако гледаме по таа логика и Јунајтед го газеше Сити пред неколку години ама сега се бори за титула.
Мислам дека сити пред неколку години воопшто немаше квалитетен состав за да им парира толку на јунајтед, ама со новиве газди си изнакупија фудбалери затоа сега цело време се бркаат за поени нели нормално, ама тешко дека ќе го стигнат јунајтед оваа сезона уште 3-4 кола има така? А иначе искрено се надевам дека Реал ќе го тепа Баерн и дека ние ќе ги победиме Челзи за да им се одмаздиме за она вчера ! едвај ги чекам натпреварите вторник и среда
Да да токму така,ама не значи дека ако купија добри и звучни имиња дека ке освојат веднаш,пример Реал.Ги има најдобрите играчи а се бореа неколку години да освојат титула. За Ел класикото,јас сум задоволна.Судијата си беше во ред,кажав веке.Мурињп ја најде тактиката против Барса,а се надевам дека и следните мегусебни дуели ке игра на ист начин.
Не планирав да се мешам во ова,ама не можам да се воздржам. Аман бе,толку ли ниско паднавте па се фалите со оваа 11-1? Да да,нешто што никој од нас не доживеа да го види.Нешто за што не можеме да зборуваме.. Настрана ова,незнам колку сте информирани за ова,ама ај јас да си кажам. Знаете каква победа било тоа?Мизерна! Диктаторот Франко(не сум сигурна дека бил тој,ама се неговото име ми се врти во главата) им се заканувал на играчите на Барса,со убиство.. Не можам да ставам потпис на инфромацијата,не сум живеела во тоа време и појма немам што како било.. Ама мислам дека овие информации ни се познати на сите.
Не реков дека ако имаат звучни имиња дека ќе освојат веднаш титули, само се трудат момците со текот на годините ќе освојат и тие нешто . А иначе Реал има добри играчи и да се бореа да освојат титула, ама јас пак се надевам дека Барса наредната сезона ќе се труди повеќе и никогаш повеќе да не се доведе до ситуација - 10. Некогаш се победува, некогаш се губи, така си е тоа неможе само еден да е прв. Сакам финале Лига Шампиони и секако со Реал да се сретнеме таму . И се надевам дека наредната сезона ќе сме подобри. Секој си го бодри својот тим, што е нормално
Абе Смајли, не ми беше поентата да се фалам стриктно со тој резултат. Не сфаќајте се буквално, малку во иронија беше кажано. Туку сакав да кажам дека не е работа да се фалиме со минатото, затоа што Реал има освојувано и победувано далеку повеќе. А упорно се спомнуваат оние 5-0 на Камп Ноу, уште пред две години. Нормално дека не сум живеела во тоа време, ниту знам што се случувало. Но не си живеела ни ти. Глупо е што некој вели дека се што освоил Реал порано било поради Франко и поради тоа што бил кралски клуб. Еднаш се пречкав во врска со тоа, не планирам пак. Па сите тие титули, и во Примера, и во ЛШ не се така дадени, поради политичка причина. Исто така Реал растураше се живо и во ерата на Роберто Кралос, Луис Фиго, Зидан итн. А тогаш ниту имало диктатура, ниту ништо. Реал отсекогаш имал КВАЛИТЕТ како клуб. А Барселона се истакна само последниве години. Тоа е факт.
Барса изгуби две титули и одма сите почнаа да плукаат по нив.А кога си земаа лани ЛШ кај бевте да плукате?Па секако дека тркалото се врти,еднаш ќе победуваат,еднаш ќе губат-никој не е совршен,сите го знаеме тоа.
Душо ние дур ги гледавме Барса како се китат со титули во ЛШ, Реал ни во финале не го гледаа. Оваа година ни Барса не влезе, ама Реал веќе редно беше бар финале да одигра ако ништо друго, ни тоа.Ама богами со Баерн нема играчки, шала на страна и среќа е во прашање, и нијанси во јачина.
Кога Реал освојуваше се живо, никој не ни знаеше за Барселона . Ама вие навијачите на Барса од пред три години почнавте да навивате за нив, некој и пред една година така да разбирливо е зошто не сте запознаени со тоа.
Сега сите знаат за Барселона Иначе јас за Барселона не сум од вчера, од пред 1 год или 3 год, како шо ти е тебе зборот јас веќе 10 години навивам за Барса и утакмица немам пропуштено, а ако не сум ја гледала тогаш или снимки или на нет сум барала накратко сумирано за натпреварот, и многу добро сум запознаена како стојат работите а тој што незнае не верувам дека би се впуштал во подетална дискусија
Епа тогаш сигурно знаеш дека во последната деценија Реал има најмногу титули во Примера. 2000–01, 2002–03, 2006–07, 2007–08 ... и сега оваа 2011-12. А за претходно ич муабет да не правиме . Како и да е, мислам дека веќе се досадни овие муабети. И мислам дека е доста пишување во оваа тема. Мина Ел Класико, Реал победи, Реал освојува титула во Ла Лига. Фалачаопријатно .
Уште само некоолку часа не делат од најгледаното светско дерби,а во темата последното мислење испратено на 2 мај?! Кај сте бе цурки? Арни? Нервоза? "Barça - Real, mnogo više od duela Messija i Ronalda" Спојлер Јас се извинувам што постот ми е неповрзан,ама ептен ме мава еуфроија...I'm fu*king nervous!! Кај сега се вратија пеколните температури,ел класико + 42 степени =